@elenaklasik , @Bubish26 , @NewMama Еј женски имате фора. Каква кичма на 23 односно пред 40 . Јас 39 ќе полнам и не се давам. Озбилно. Ништо не ме боли. По цел ден сум на нога, понекогаш вежбам ( до скоро редовно, сега детево ми е многу напорно и активно), може до тоа да е. Породена природно без епидурална. Видете од што може да биде. Душек, перница, некоја положба, тежина...Не е убаво млади со болни кичми. За тоа ќе зборуваме онаму на 60-70 год. Со внуците И моето сеуште става во уста што ќе најде. Денес во парк бевме И за секунда стави камења во уста. Многу непредвидлива е. И треба 360 подвижна камера и веднаш да реагираш
Ако е и нервозно, може да се заби. Замрзни му од тие глодалките со гел што се, убаво ќе му дојде. Или ако немаш, некое чисто крпче исто можеш да го замрзнеш малку и да му да гриза. Ќе се надополнам и јас, и моево уште сѐ бута во уста и гриза. Ми глода пакети, тие штитниците за рабови што се, влечки, количката нова прв пат ја седна и ја изгриза, надвор ливчиња гранчиња сѐ тоа става во уста... Ќе си почекаме. Деновиве храбро влегуваме во десетти скок. Никогаш не бил покенкав. Сабајлево во рок од 4-5 саати што беше буден, побара да цица едно седум пати. Ако не му дадеш што побара има тука плачки и трескање од земја. Синоќа плачеше да се тушира, додека спремам пешкир пелена итн, он веќе кризира пред вратата од купатилото, солзи, мрсули... Па вечеравме, горе доле истото јадење само нашето беше луто, ама не он мораше од нашите тањири да јаде, па и се излуте мислам ама пак бараше... Ако некој суши коса, мора сите да сме таму, и он да диригира, покажува накај татко му, накај мене, накај себе, и ако во секудна не почнам да ја сушам косата на тој кон кој што покажал - следи врескање. Па и дека не зборува, додека сфатам што сакал да каже, се нервира. И добро, има некое друго дете на скоро година и пол што не пие вода? Таа некапечката чаша служи за гризање, силиконот го тегне со заби и го вади, дури и буквално одгризал мали делчиња, и лом се прави. Не знам ни десетина мл дали yспева да испие. Чаша со клунче пластична ја мафта низ соба и прска насекаде... Ме загижува малку што не имитира звуци. Дејства да, ама звуци не. Веќе со месеци по цел ден мукам и лаам ама ништо работа....
Мојов извади 2 четворки, уште 2 и да чекаме 3ки . На работа и во кола транспортирајќи го мали по баби поминувам цел ден, ефективно сме 2 саати заедно, ми фали бејби мој. Само се радувам што е со бабите зошто нив им јаде, мене ме зеза. Влегол во некој филм сам да јаде, во хранилка му оставам (ограничен избор), прасе се прави. Нешто кашесто не сака со очи да види. За зборување, пробува да имитира кога ќе му кажеш нешто, ама кутриот само неколку исти слогови може да спои и сѐ му е бабаба, мамама и слично. Многу "зборчиња" кажува, ама само првиот слог повторен. А го погодува него точно . Азбуката на Биби многу ја сака и ги има научено пола поими, ги кажува нивните звуци само што ја слушне буквата. Научил дека рерната жеже и кога ќе се доближи до нејзе прави такви гримаси демек ќе се изгори. Сте збореле за моторика, тоа му е јака страна од почеток. Трча, се симнува од кревети и многу е снаодлив, среќа не е на мене, јас сум трапавица жива. А за зборување исто мислам дека е малку поспор, па се радувам на секое ново научено нешто. А да, баба му ја имитира како ждригнала . Траскање од земја и одење од беља во беља веќе ни е секојдневие, се навикнав. Денес цел ден дома се гушка со мене, гален мајкин
Неколку вечери со ред на кај 4 сатот се буди и неможе никако да се намести дури мислам мака некоја да не има ? Ама не плачи туку се мачи да се намести...па ќе игра со јорганот демек се крие и прави ѕе, ќе ме клоца, ќе си се смее со мечето а се гледа дека му се спие ,и во моментот после сат и пол кога јас ќе се разбудам скроз, тој заспива.. жива не наспана сум. Има нешто некој скок,регресија на 19 месеци ? Знам дека многу имате правено муабет во врска со ова но искрено не забележував кај него ништо имав прифатено дека долго време нема да сум наспана најадена и слично. Ама сега баш ме интересира. Еден период подолг мн убаво си спиеше ,како легнат така разбуден. А деновиве ужас
Синко така ми правеше ама околу 10 до 12 1. Ке заспие во 9 и или за 1 час буден и свеж. Ако не му обрнувам внимание се дере. Затоа и почнав да го ставам до мене да спие, ако се подразбуди го нишкам и со титем заспива.
И мојов пие од некапечката, во последно време по 20-30мл пие, а пиеше по 180 мл дневно. Не знам што му стана, дали дека уште цица или зависи од јадењето што го јадел дента,ама ми ја бутка и вика нее кога ќе понудам. И намерно му ја оставам пред очи за помини-замини да се напие. Ноќеска на второ будење имав обид место цице да понудам вода,кога ја осети чашата, кога рече едно одбивно не! и тргна да се расонува...брзо цице во уста
Иста приказна Решив ќе форсирам малку вода, веќе станува топло нема смисла на цицка да ми виси цело време кога е жеден. Се помирив дека ќе мора да му менувам по 10 маици дневно ама подобро нека пие копку толку отколку ич. Или да му купам онаква со цевка, што не се вади цевката, да може да си ја шета низ соби без да истура. Не знам више, сто чаши купени. А он пивнува голтка, ја подотвора устата и остава водата да му се цеди надвор. И демек многу е интересно
Така и мојот прави со шише од јана, пие се дуе и чека да свртам поглед па како фонтана си го пушта земав подолго време веќе користам чаша со некапечка цевка, дека интересно му е и на земја со шишето да прска вода, па вака го зезнав сега
Моката девојка сабајлечки тресна на муцето и и течеше крв сега и поду и такво е какп шатче мало со грешно аплициран хијалурон :/ Да си се пожалам само (прв пат ни е) Инаку на тие што ви заспиваат сами дечињата ( без цице или шише во уста) како тоа изгледа? Мојата се нацицува после ја легнувам и лежам до неа ако е мирна си збори нешто по нејзино и задпива.... Ако не е мирна пеам да се смири па да заспие
Хахаха таа некапечката ни е само скапа играчка нам Клунчето врши работа ама слабп сака да пие вода со 100 мл дневно сум пресрекна а незз ни колку треба.... А тие 100 мл се реткост
Ќе и помине како на кутренце Јас незнам како изгледа од чиста мира да ти заспие дете така легнато се надевам ќе дојде момент кога ќе му се соспие да легне и да заспие. Порано со нишкање и цице го заспивав. А сега во летната количка му ставив големо мече и кога ќе му се спие (9 и пол најдоцна 10) оди во неа и чека да го возам... и кружам ли кружам низ дневна соба и морам да пеам ако не, се лути почнува да мрда да се дрецка
Ептен се смешни значи Имавме една таква со цевка порано, исто 360 степени некапечка, ама имаше доле на цевката едно ко тегче да ѝ прави тежина, не знам дали за иста збориме. Толку многу делчиња имаше чашкава, плус мали тогаш ич ама ич не пиеше вода, и само се нервирав и ја фрлив некаде. Може треба да пробам пак да му давам во неа. @*malenavolena*87 Ехеее 100мл за моево се премија. Никад не се десило. 90мл на маица, 10 во уста.
Не е мојата со тегче, обична е скроз лесна и за одржавање. Маж ми ја купи незнам чива е мислам на нук ама не сум сигурна утре ќе ти кажам. @crazylady мислам дека не се учи тоа. Или јади или не. Мојот јадеше порано сега не. Ама нудам постојано. Кога тогаш ќе се фати. Знае да грицне малце краставица,морков.. ама не е тоа тоа. Ако има некоја мајка финта нека ја сподели
Па не знам мојов не сака ни да проба нудам краставица ситно исецкана со сол со све не сака ни да проба одма ја врти главата.Не се навикнати јас мислам ...
повеќе сака да шлака да меша и доколку да јаде. И не јаде веќе се. Пребира. леле... Исто. За една недела 20 месеци и еве последниве 3-4 дена исто. Се отскрива се врти ќе се премести со нозете на перница главата доле... Хаос. Среќа па што не одам на работа. Со ваков "режим" како би издржала
Дали има полоша комбинација од регресија во спиење (18 месеци) и вадење на три тројки во исто време ? Значи заспива во 10 се буди мин 10 пати од кои еднаш ќе се разбуди и ќе си седиме 2 саати да се играме. Порано за 5 минути заспиваше легнати на спална а сега ми треба мин 30 мин да заспие и тоа во раце никако не сака да лежи. А за болки во кичмата да не правам муабет млада сум 29 годиниИ колку време траеше регресијата кај ваа?
Здравоо како сте? Дали имате користено носач за дете на грб се става при планинарање? Во мисла ми е да набавам за малово, зашто кога шетаме по места недостапни за количка, маж ми го носи во раце. Дали вака е поприфатливо за детето? Знам дека сега можат веќе од годината, бидејќи и вратот и главата им се цврсти, па ќе се држи добро, ама за тој што го носи на грб, тежината ќе биде поголема. И уште ова. Што мислите, преспивање на други места на 1година им пореметува ред на спиење или нема врска? Или од дете до дете зависи?
За второто прашање можам да ти одговорам. Можеби е од дете до дете. Синко спие апсолутно секаде .Еднаш само ми се деси чудесија, бевме во маврово зимава и кога влеговме во хотелската соба плачеше сат и пол без никаков престан а му беше и време за спиење. Никогаш не ми се десило такво нешто. После се смири па не плачеше веќе. Незнам дали беше тоа поради тотално непозната средината,најверојатно зависи и од тоа.