Здраво мајки, син ми несака да јаде буквално кога го ставам во хранилка плаче, пробувам со неколку вида и начини и џабе..слабокрвен е и ме фаќа паника..
Пробај вскут кај тебе.. Кај нас то помага и цело време му двм нес враце д држи д игра.. Во ппозадина песничка и обвезно пеам и јади така
Ние имаме кенгур па маж ми го носи на грб кога одиме на планина, вика дека не му е тешко. Ова е поубаво бидејќи не се допира до грбот на тој што го носи во случај да се поти.
Ти благодарам на одговоров! Ќе ми ја пишеш марката на кенгурот? Значи всушност е кенгур тоа за ставање на детето, зашто јас мислев дека е нешто поинакво за ставање на грбот, ама кога разгледав на интернет, видов дека во категорија кенгури се сместени.
Се пушти малишанот денес, потпрен на тросед јас застаната кај вратата го викав да дојде и кога оооп тргна едно 5 метри ги изоде ко да не му е прв пат, не очекував воопшто, леле колку беше среќен и возбуден, маж ми почна да плачи
Бравоооо, ајде ќе правиш постапалчиња И мојата гледам од ден на ден се повеќе се пушта, со една рака оди па може да стои без да се држи, уште не се пушта, страв и е гледам, ја викам да дојде до мене ама се плаши и седнува лазејќи да дојде. 12 и пол е мојата, твоето колкаво беше? Тука негде сме мислам и двете...
Да, така ќе му дојде. Овие на DEUTER се едни од поубавите. Инаку не ја пишува на мојот марката, оддамна ми е купен па не се ни сеќавам, ама речиси секој кенгур може да се носи и од напред и на грб кога е поголемко значи после 10месеци, бидејќи така е полесно, па ако имаш пробајте со него.
Здраво мајки како стее? Ние почнавме со јадење од како коридтиме сирупче, јупииии имаме еден цел оброк на ден. Вчера бевме на контрола, денес полни 15месеци и е тешка 9.300. Мислам дека спајдермен имам дома не детенце.. глава ми чади женски, само очекувам да се качи на телевизор и да праи циха џиха коњче му се сопнала на маж ми надвор, се вратија со крв на устето, потечено е и сино од внатре ама докторката ни даде маст и рече не е страшно така растеле . Најголемата грешка што ја направив е што не и кладов обетки одма кога се роди, после веќе затворија лани ова време нели карантини и и ставивме на 8 месеци, арно ама тој што и го стави не мери каде треба, а ние со мажми под стрес како ќе поминеме и чекавме само да заврши, па испадна едното да е подолу ставено, dдругото погоре, ужас беше ама ајдеее. Арно ама поминаа деновите и дојде ред да се стават убавите обетки, без да размислиме дека Нина ќе прета и нема да можеме да и ги ставиме, баталивме и секако де затворија дупчињата, сега ми е фуфка, не ради плачењето туку дали може да се изведи сето тоа на 15 месеци, на едно најнемирно девојче кое не остава да се избришат ужите камоли да се дупнат. Некој искуство? Ако не е сега, никогаш.. сама сакам без маж ми, тој трауми имал. Ии кај кого во Скопје? Дали некој дупнува на двете ушиња наеднаш или ќе мора едно сега, друго за 5 месеци?
Го купи ова? Јас го меркам ама ме предомислуваат дека многу тежок ќе ми биде и џабе ќе фрлам пари. Тој што го гледав е 10.000ден, не е малку, па не сакам да избрзам. Ние скитаме за викенди и никогаш немал проблем со спиењето. Обично гледам да одиме некаде кога е во скок и многу полесно поминуваме. Само треба да не отстапуваш од редот.
Мора да носи обетки? Мислам немој да ме разбереш погрешно ваша одлука е сепак али еве моето е 17м и нема обетки а нема ни да има додека сама не изрази желба кога ке порасне ако воопшто сака. Сметам дека е личен избор.
Инаку за шетање нема да е проблем ако го имате истиот распоред како и дома. Ако спие од 12 1 до 2 3, тогаш треба тоа време да спие. Ако е дете кое тешко заспива, ако сака тишина, не може да очекувате да заспие во кола.
Прво пробавме со Бекутан, па сега го имаме Апетито. И ги ставам во сокче и ги пие без да сети, недела дена немаше напредок, па после секој ден лажиче плус. Е сега млечни производи не ми сака никакви ама не ја брзам за ништо, пресреќна сум што воопшто нешто јаде.
Мило ми е ептен, знам која мака е. Синко јаде, не дека е без ич ама може и повеќе. Појадокот е најголем проблем. Ама еве денес јадеше попара без проблем. Се мислам дали да давам сируп, кога давав имаше драми викање солзи. Се мислам б комплекс од бекутан да земам, тие два ми се пробани и не сака да ги пие а 5 мл треба.
И јас сум против обетки. Кога ке порасне сама нека стави, кога сака и ако сака. Јас не носам и ме нервираат дупчињата.
Од бекутан пишува 2.5ml. Јас почнав таков да давам со шприцот од далерон. Прво ми се контраше а сега се помири чека да му шприцнам. Дали има подобар сируп од бекутан ?