Не сака ни тоа ни тоа. Пие ама по неколку голтки. За да не го осети треба поголема количина, а некој ден ке испие 100, некој ден ич. Јас со обичен шприц давам сирупи. Подобар во смисла на квалитет? Имаш многу, пиковит мислам дека е супер, ама 5 мл се дава. Јас и малтофер давав 5 мл, детето трауми си има од сирупи.
@MilaSs12 да на квалитет мислев. Кој е најдобар ? Мене овој ми го препорача педијатарката. Ако треба сите ќе ги пробам само да јади Од овошје банана и јаболко само јади. Од зеленчук ништо. Од житни ориз јади. Леб јади и се лебесто. (Проја,комат,кифли) Млечни јади. Кашкавал,сирење,јогурт и кисело млеко. Сок и боза пие ако му дадам, само гледам да не е мн. По 250мл дневно ,повеќе чај му давам,планински само пие со лимон. Манџички,месо, јајце, зеленчук не сака компир само пржен ,прелошо. Благо до утре да му давам ќе јади. Значи не е до забите или слично. Инает води или едноставно неќе да јади јас нз стварно што да правам и крвната слика му е ослабена. 83-84 цм сме со 10 кила Едит : не ми е јасно како дете неќи да јади чоколино, житни каши, бисквити со млеко... значи ништо такво,невозможна мисија
Колкаво е ? И мојата не јадеше ич, сега едвај пројаде пред годината, на 12 месеци и нашиот ручек го сака, што јадеме ние и таа јаде, не блендирано, така и давам, подобро нешто отколку ништо. Кај неа па крвната слика е добра и со тоа се тешам бар
19+ сме. До 15 месеци сум пишувала и претходно. Јадеше се. Апсолутно. Исто така од нашето јадење. И наеднаш стана не јадач
Аааа, јасно. Има периоди, знам, со големиот така бев, не јадеше ништо од бебе, после што бараше сам тоа му давав, макарони секој ден? макарони му правев, тост? Тост, после смени, почна пак да јаде со молење де, ама јадеше, после пак ќе однејќе ништо и се така, еве го 8 години е, ист е со јадењето.
Еве денес баш кај што спомна макарони.. тоа му дадов. Направив макарони со павлака песто и лосос и за чудо колку толку касна. Сабајлето тост со кашкавал па пола кантичка кисело млеко . Вечер се ќе ми одбие па пак ќе сум принудена да дадам кашкавал и леб Ама не е количински. И исклучливо со цртани и молење иначе нема шанса. Изгледа ќе морам и јас со малтофер да почнам. 120 му беше хгб, сега на 109 му е.. а до кај ќе оди еве не знам.
Те разбирам скроз. Давај тоа што сака, ништо не е, ќе и здосади еден ден и ќе почне пак да си јаде. Периоди се, доаѓаат па си одат. На мојата и е 125 хгб, а исто не јаде се и кига јаде јаде како пиленце
Не давај благо воопшто, не давај грицки воопшто, не давај ни пржен компир редовно. Јас ако не јаде тргам, после пак исто и нудам, вие имате избор на јадење, ние не, ама тоа што го јаде, гледам да го изеде. Во зеленчукови си пробала батат да ставиш? Пошо Нина јаде само со батат.
Ни мене не ми е јасно. И моево не сака да јаде. Монте давам со лажење. Сака да јаде мелено месо - мусака лазањи сарми полнета пиперка итн. давам ама не јаде. Во очај давам чоколади ама ако не сака да јаде ни нив не ги јаде.
Го користев тој со железо и додека го пиеше хгб 120 му беше. Но почна да ми го одбива. А проблемот е што мора нагладно да се пие. Неможам да му го мешам со сок или нешто за да го замамам сега чекам да помине некој период и ќе купам пак со надеж дека ќе го сака
Јас го користев за ме е Флорадикс сирупот во бременост тој со железо што е Ти го препорачав затоа што вкусот му е фин и е дост квалитетен а верувам дека и апетит отвара Кај моето зајче засега не е потребен сируп за апетит (за среќа) па немам излуство дал пали кај бебите
И јас имам добро мислење за Флорадикс со железо, за поголемото дете го купував, баш ќе пробам и со малово, се сомневам колку е железото со ова темпо на цицање
Еве ние сме промер дека е мн добар сирупот. Битно е само да го пие,затоа што мора сабајле на гладно за да има ефект. Не се камуфлира со ништо.
Овој за која возраст е? Има некој што е баш за апетит? Давав бекутан мултивитамин, сега се мислам б комплекс да земам.
Јас го носев на второ мислење на приватно, и докторката ми рече дека од витамини најмн ги признава витамините од б групата,посебно за апетит. И ми кажа бекутан има и мултивитамин но ми го препорачува тој б комплекс што е. И патем сирупот флорадикс е за сите возрасти со тоа што се дава во одредена доза соодветно со возраста. Органски е без ниедна хемикалија се пие наутро пред појадок. Има капаче мерач. Околу 700 денари е така нешто
Зошто си го носела на второ мислењез не разбрав. Не ми е битна цената, фрижидерот ми е полн со сирупи испиени по 2 3 дози. Сега не знам кој да го земам. Флорадикс каде можам да го најдам?