За не јадењето го носев пошо сум очај поради неговите 10 и пол кила. Скакулче. Сирупот во сите подобро снабдени аптеки го има. Има витамински и витамински плус со активно железо. Јас вториот го користев. Тој без железо најверојатно е по вкусен. Секако и во двата ги има сите б витамини. Дај боже да ти го пие.
На последна крвна слика хемоглобинот му беше во ред, од се понудено, ручек со мелено месо јаде најмногу, затоа не би давала железо плус. Синко имаше 12 кг на 87 цм пред 2 месеци.
Мојот има 11кг од роденденот па навака. 18 месеци има сега и јас се нервирам за килажава. Висина не дозволува да измерам ама мислам дека е околу 85. Имаше еден период на преживување со неколку залки и цицање кога растеа четворките,сега два дена јаде,еден ден забушава и така во круг. Барем хгб му е добар на последната слика. Инаку и јас го земав Флорадикс по препорака од матичен ,но само што го почнавме се разболе малиов,а тогаш нели не се дава и бидејќи стои само 4 недели отворен си го фрлив...
И ние почнавме да одбиваме храна дали е период или што е не знам. Не давај често благо; ни чај ни сок јас да сум дома не би му давала ич. И ние многу сакаме млечни производи; риба не јади не знам како да подметнам; пржен компир уште не му давам; овошје си јади најмногу банана сака ; исто домашно цеден сок од портокал многу сака. Иначе мојов прооде на точно 14 ипол месеци;конечно сам се пушти малку ко пијаница е ама супер си е. Сега по цел ден сака да оди ; не запира и дури кога гледа нешто не седнува цел ден си стој; неуморен е. Многу сме бесни се фрла растура алишта; збира трошки од земја;обожава дајлинско ; по цел ден вози кола;уште лази а скоро 15 месеци е . Многу ретко вика мама; тато си кажува нешто по негово.. Многу е нежен сака да се гали на мајка е цел. Последно на контрола ние бевме 11 kg ама активен е цел ден и често кака . Дали може да се пие сируп за имунитет и апетит или мора само еден ? Ние пиеме Мултивитамол од Др Тајс за имунитет ама ако продолжи да не јади ќе земам и јас некој сируп. Единствено палента или леб со кисело млеко обожава; тоа се ранат цело време со баба му; јас да сум дома не би му давала нон стоп ама тоа е... Муки.
Нас ни го препорача Сајковски кога малата беше 8м така да сигурно е безбеден. Овој е баш за тоа витамински сируп, а има на истата фирма и со б комплекс.Како што кажа членката природен е и ако не се чува соодветно скиснува. Пробајте го.
Го немам купено ама сакам. До кај 2000 денари, другите скапи ми се За скитање сакаме ептен, барем нашиов регион малку пошироко да го шетаме, а тоа вклучува планини. Мора некакво решение за детево.
Вчера пред спиење му го приметив едното окце на синко дека е црвено, односно белката на окото. Нема ни оток. И пишав и на матичната, ама додека чекам... Некоја мама со слично искуство?
Му се десило на синко мој, му редев физиолошки раствор . Прочистена солена вода. И му помина ,др ден бело му беше.
Фала ви мајки. Сега сум на мисла од кој да земам. И другите имаат добри вкусови, па синко не сака да ги види. Сите што ги купив се благи, како сок. Ама ете.
Пробај прво од овој мултивитамин. Вкусот е тропски стварно е убав. Стави во ракиина чашка и земи и ти сок нешто демек заедно пиете, па живели
Бабите одат по линија на помал отпор нека јаде детето што сака.... Среќа што сеуште не одам на работа па нема удел нашата баба Инаку тој сируп на др Тајс е и за апетит и за имунитет (бар според рекламата)
И на мојата и се деси еднаш ама она се чешаше и се изгреба со ноктите. Ништо не и ставав. Помина за 2 дена скроз, само по себе.
Мајки и бебчиња како сте? Еве јас да си кажам дека повторно добив. Оспаление на забот и повроено отечена и гнојји кеси на жлебината и побторно доза Антибиотик, и повторно деуг заболњкар у клиниката ми речњ да не дојам. Абе да пукне човек. Ама ај се испојавував секаде по гинеколози , педијатери и сл рекоа да дојам само за зспивање и у случај на пролив да одам на пеијатњр. Сега за сега е ок па да видиме. Туку мака мачеме со млеко не сака да прифати кравјо, и дадов на хипп готово заправено за да не купувам кутиии треба да ги фрлам и шишиња нови, не сака да проба, фрла. Освен упорна да бидам и да нудам додека не прифати, друг начин не ми текнува. У кравјо млеко да ставам засладувачи, несквик шеќер и мед нема шанси. Со бисквити јаде по малку. значи зависна од цицка
Дај бе да ви поделам од апетитов? Слободно може и по пола килце на сите, па ќе ми биде таман дете. Се радувам само што нема простор и потреба да давам грицки и чоколади. Два, три месеци откако е прооден, сите стагнираат он цело кило качил. А не запира, надвор сме по два три саати дневно, нон стоп е во движење, не ми е јасно... Туку имам две убави работи да споделам, овие два дена вика мама и ме погледнува онака шмекерски, или покажува накај мене. Па на скоро 16 месеци мислам редно беше, има надеж за прозборување. И друго, пропи вода дете мое!! До пред буквално три дена, немаше испиено повеќе од 10мл на ден, а сега си пие убаво. И уште поубаво, не цица ко новороденче! Првиот ден од сериозното пиење, какаше 4 пати. Туку сакав да ве прашам, обувките до кога треба по околу 1цм да им се големи? Значи кога веќе му се скоро точни треба нови така? @ddevojce Леле со лесно. Пред недела отприлика опасно ме болеше забот и ми текна на твојот случај, цело време си мантрав те молам помини брзо те молам помини брзо. Многу ми е жал што толку ти се искомплицирало за да мора да се размислува за одбивање. Ама штом ти рекле дека е безбедно, сѐ ќе биде ок.
Синко пие кравјо по 20 30 50 мл додека ние пиеме кафе. Ама нема шанси да замени цицка со друго млеко. Ако јаде други млечни работи не се секирај воопшто. Да, 1 цм плус да има на влошката.