Не ни мора млеко да пие, јас ден ден не пијам млеко, ни малава моја не сака ништо освен цице, кога ќе ја одбијам нема да и нудам ако не сака. Јас и со несквик имам понудено ама не сака ни со тоа.
А не и излегуваат ноџињата? Мојава има слаба нога, ако не е точно се и излегува.. ии каде купувате патичиња?
Ако е убаво стегната лепенката нема кај да бега. До сега 2 пара најки, третиот што ке го заноси деновиве ке биде исто најк. И адидас се убави.
Нема кај да бега ама постабилна ми е со точни, не како патор, првите ни беа од Кеги на изглед одвратни демек такви требело, се досопка кутрото и ги фрлив .. Адидас имаме без лепенка, суперстар немаат тука бројче ама сакам убави патики хаха
Кеги се тешки и тврди, не би купила за синко. Поточно доби на подарок, сменив едни за око џиџе ама како камен се тешки и тврди. За сликање само. За да е удобно земи најк танјун. Батали мода, глеј да е удобно. Јас не трпам неудобни обувки а не дете.
Па до сега не. На почетокот малку се сопнуваше,ама сега више се научи.Скоро 3 години е. Истово важи и за второто
Kaj mene golemata ja primi na skoro 7 god. Nemase nikakva reakcija od dvete fozi fala na boga. Samo od prvata na peti den kaci malko temp 38, a fali e od vakcinata ne znam. Bebevo trebase sega na godinkata ama ne dadov da ja bocnat. Duri ko kje treba da odi na gradinka zdravi i zivi eden den.
Денес сме на 2ра доза. Првата ја прими на 9 мес,сега 2ра на 12+. Немаше реакција од првата. @Bubish26 прими ли Нина 2ра,како поминавте? Патики има мојава суперстар со лепенки,многу се убави.Нека ти нарачаат од Заландо твоите. Не купувајте поголеми обувки.Важно е да се точни,лежиштето на стапало во развој треба да е во правилна положба.Адидас инаат внатре обележано како треба,се вади влошката да измерите. Кога газат на тврдо се постабилни децата,ова во фаза на проодување мислам.За трчкање,помеки.
Требаше она на пред 13 месеца да се вакцинира, ама 2 пати одложив дека настината беше. Сега ми стаса за во Мај картонче. Ќе биде 15 месеца. Првото на 9 медеца и една недела ја прими, оти имаше епидемија во 2018 година, па мораше порано. Да се надоврзам за патиките. Кумата е во Шведска, па таму препорачуваат еден цм поголеми. Е да се чуди човек више како е правилно
Знам, има и на страната на Адидас ама со бројче појма немам кое, читав баш по цм како им одат и се ептен различни од другиве ама крај краева ако се големи ќе го носи понатака, сум чула дека им се удобни и на деца, јас втор пар за мене си купив. Иначе за удобни имаме од Elefanten, леснотија ама сакав нешто за убави комбинации да има ем лични ем удобни. Иначе втора доза ја прими точно на годината, без никаква реакција.
Обувка за да е точна треба да е 1 цм поголема кога ке ги облече прв пат. Децата треба да проодуваат боси на тврд под, тоа е точно. Ама обувка не смее да е тврда. Мека напред како палачинка, кај петата цврста и целосно рамна внатре. Кога проодува детето не можеш да го фатиш за рака и да го шеташ, така да тогаш не требаат обувки.
Еден сантим, или прст луфта е точна патика за бебе/тодлер. Она што е точна патика за нас, не е исто што и точна патика за нив. Лигаментите им се оформуваат до 3 години, мускулите и коските на стапалото се меки и можат лесно да се деформираат прстите. Затоа треба да се лесни, флексибилни долж стапало, со цврста пета поради фактот што тоа дава стабилност и прст луфта. Има на најк 2 модела такви, не се последна мода, ама се супер за нив, на Адидас не сум имала.
Немаме ист вкус за обувки, мене ми се супер на око најките. Памтам и за едни чизми кажа дека се грди а мене ми беа океј.
Хахахаха да. Чизмите стварно ич не ми се свиѓаа, а најк ми се ок. Не ми се нешто посебно, ама као за секој ден скроз ок се.
Од кога почнав да им купувам патики, или што и да е, гледам да има еден прст луфта. Штом стасаат со палецот блиску крајот на патиката, веднаш менувам нови. Така ми кажаа, така терам, ама секаде има различно мислење. Да можам, би им облекла опинци кожени, да можам надвор и боси би ги пуштила, ама..тоа моментално само во природа. Овде низ град каде што има ѓубре и стакло искршено секаде нема шанси..
Кеги со сигурност знам дека нема, а за Цицибан мислам само со препорака од ортопед ако има потреба од такви. Она што е битно за обувката е да е лесна и флексибилна. Можеш да ги приметиш засечоците кои дополнително го помагаат процесот. Кај петата е цврста за да дава баланс. Внатре не е мека за да пропадне стапалчето кога ќе нагази, напротив цврста е, но истовремено прилагодлива на движењето на стапалото, што дополнително придонесува за удобност. Прст луфта да има, оти стапалото при движење природно се излизгува малку напред и за да се избегне искривување на прстите, поради притисокот што се создава на прстот при допир со патиката внатрешно при одење и трчање. @Dikinzi секоја земја различни препораки има навистина, ама општите препораки од светскиве организации се усогласени околу тоа.
Секој ортопед препорачува 1 цм поголеми за да има каде да расте ноџето не ке купуваш на 2 недели патики Обично на некои производители (за Geox знам со сигурност) на влошката имаат каде треба да биде ноџето кога ке ја купиш патиката и до каде максимум може да се носи тоа е размак од 1 цм до 1.5