Ти благодарам за поопширново објаснување! Само првата реченица не ти ја разбирам. Што нема Кеги, а што за Цицибан треба од ортопед препорака, бидејќи се ортопедски?
Да, Кеги нема убави обувки за бебиња и деца. На Цицибан се ортопедски. Но, ортопедите (очигледно не кај нас) се едногласни околу златното ортопедско правило за детски обувки, дека апсолутно секоја обувка е погодна за здраво дете, доколку се запазат следните карактеристики: чевлите треба да се квалитетни, правилно зашиени и правилно одбрани. Значи ако ги има карактеристиките што ги опишав во горните постови и притоа се ортопедски, нема штета.
Моето оди по дома ама надвор му е страв да се пушти, јас секако му купив патики бидејќи тој сака да оди и надвор, не сака во количка цело време.
Всушност има. Тоа перниче ја олабавува мускулатурата. Кога ке ги купиш 1 цм поголеми нема ни да биде позиционитано каде што треба, така да такви чевли само по препорака на ортопед. Ке се опушти со тек на време. Синко кога почна да оди беше стани седни лази и надвор не го пуштав да оди.
Де сликајте какви патики носат малите, ова научна фантастика стана во бунило сум. Колку месеци е твоето? Постои детенце што на 15 месеци има едвај 9.300 и тоа со си алишта и полн памперс? Ја се си мислам дела моево е најслабото чоече По колку пати какаат вашите? Кога планирате или ако имате повеќе дечиња, кога според вас е време за учење на без пелени? Педијатаров ми рече да сум почнела пополека, до 2 години да е одкажана скроз. Во Австрија сум бидена во 3 градинки, во сите 3 на 2 години беа без памперс ама брмблаат многу повеќе него нашиве.. што е всушност причината за не зборување? Познавам мајки кои имаат деца 2+ годинки, посветени максимално и не кажуваат ни збор, Нина е препаметна, од надвор одма ме тега во тоалет да миеме раце, во маркет покажува на дезинфекција, па на корпата демек тоа мамо следи да направиш, ги знае животните и предветите/храната низ дома ама ни мама не вика. Телефон јас не давам никогаш. Тебе ти пишувам, а уствари за сите се прашањава хаха
Најдобар избор се nike tanjun, ама немаше избор. Синко имаше револушн 5 број 22, сега овие 23,5 што ги носи не знам какви се да ги најдам модел а во кола се кај маж ми, а сега ке му облечам 25 од стар ранер 2
@Bubish26 еве ти женски модели што ми изгледаат дека се добри ама мора да ги пипнеш да видиш напред меки ли се. И многу е битно да се лесни. Имам едни reebook тешки камен. И кеги исто.
Кака 3 до 4 пати неделно. За памперс мислам дека е рано. Кога го бањам и му кажам ајде мочкај, се напнува и моча ако му се моча ама вака нема сенс кога треба. Со какање има мака, има запек, па често давам прашок, јасно му е дека кака, ама не би сакала да го пресечам кога и онака има мака. Да почнам да го учам мислам дека брзо ке укапира, ама ке почекам уште малку.
Не знам Мила, не измислив јас. Од ортопеди е пишано правилото. Плус има разлика од перниче до перниче. Едни се поиспакнати и тврди, има и такви што се меки и многу малку испакнати. Затоа постојат карактеристиките.
@Bubish26 nike revolution и downshifter не. Не се флексибилни. Tanjun и star runner се топ. Ти патуваш, во странство ќе најдеш супер дезени од истите. Светло виолетовите од првата слика и беа први патики на Ирис. Откако ги одрасна ги ставив во пластична проѕирна кутија, закачив машна и и ги чувам на полица.
Мојата е 15 оди и дома и надвор Прооде пред месец дена Надвор не е дека шетаме без количка така во двор само си оди иначе за шетња секако во количка За зборење мама баба тата деде тете цице ајде и уште по некој така збор..... Мислам дека за да збори дете рано треба цел ден да му верглаш и без тв и телефони Кака обично 2 до 3 пати дневно Инаку е околу 11 кг голичка така да тука не сме ти репер А за патики еве ти во прилог
Јас се водам според она што ми го кажа ортопедот на кој му верувам. Читав и општите препораки се тие. Ни јас не измислив, пренесувам што ми е кажано.
Кака по 3/4 пати на ден, јаде се три оброка и една до две ужинки. 17м е кога кака се крие и клечи од коа ке се искака ја тегни пелената ако ја прашам дали има кака кажува, ама не кажува пред какање. Планирам летото да почнам да ја седнувам на нокширче ако сака, не форсирам. Читам многу мајки уште на годинката ги седнуваат, не гледам поента да трчам со нокшир по дете секој пат коа ке дади знак, значи оно не кажува јас знам. Малтретирање за сите. За говор пишав пред некое време дека секој ден има напредок. Почнува да станува како папагалче Телефон не давам, гледа цртани со ограничено време ама и не е дете шо седи мирно. Музика да има доволно и е
Општите препораки се тие. Обувката да е соодветно избрана. Изборот сепак останува на родителот. Не знам што се затепуваш за нешто што само е пренесено.
Еве ги на мојата патиките. Не знам што модел се точно, од сестра и’ се, ама сега она ги носи. Овие се инаку првите патики и на двете. Меки се и флексибилни, мада малава моја уште не е проодена (13 месеци е, скоро 14), само по некое чекорче пушта. За кг не се секирај, ќе пројаде. Ако не одма, кога ќе тргне во градинка би требало. Битно е да е здрава, со добра крвна слика. Среќно и здраво дете се гледа, било слабо или полничко, така да не се секирај. Јас и за двете не можам да се пожалам од аспект на јадење. Малава јаде дури и повеќе од големата на нејзина возраст, немам примедби. И ужинка си има, супер задоволна сум. Не знам колку е долга, а има 11 кг. За пелените, со големата почнав да и’ зборувам поинтензивно кога почна да разбира, некаде близу 2 години. На 2 ипол точно ги остави за нецела недела, значи одма. Кога ќе е спремна, сама ќе ти каже/покаже. Мојава рано почна да кажува дека мочка и кака, рано прозборе, ама иако кажуваше, одбиваше да седне на нокшир додека сама не реши. Седеше на нокшир само првата недела, одма потоа си премина на адаптер на шолја. Ноќе и’ ставав пелена со месеци додека се охрабрам да ја тргнам и таа. Од оваа гледна точка, требаше побрзо, ама пусти страв, бидна. Така да мислам дека после 2 години е според мене најдобро време да се почне со припрема за одвикнување, сметам дека се’ што е прерано и е форсирање, може контраефект да даде.
Мене ортопедот кога беше за Јана проодена, ми кажа дека не е битно каква марка ќе биде патиката, се додека се витка како полжав. Ја зема тогашната патика што ја носеше, и ја свитка како полжав. Рече дека исто треба да бидат без дебела гума, за да може детето да има осет кога оди. А за тоа колку прста треба да има размах, кумата ми го кажа.
Секако дека не е важно каква марка ги посочив пошто имаме дома и баш има таква разбирлива влошка и да да се витка како палачинка да е рамна влошката и задниот дел да е цврст а напред да им 1 цм (1 прст) Еве зошто спомнав за Геокс а за други незз тие ни беа првите со нив нема одено и омалеа само за шетање беа
Фала ви девојки на сите за примерите и искуствата. Нина оди веќе 3 месеци т.е сега и трча. За патики за во парк имаме, ете не сум ги згрешила се виткаат, прелесни се, за тие што се Австрија, Германија и Швајцарија (за овие земји знам сигурно) напишав веќе дека од Елефант фитмата се прелесни и удобни за дете, не знаев дека мора да има 1цм простор, пошо првите што и ги купив и беа така ама ги сменав брзо пошо беше како патче и се сопињаше, а со точните беше попрецизна, сепак пошо веќе знае супер да оди, наредни ќе бидат со цм простор. Имаме проблем со бројчиња ама ќе се снајдеме, за во парк ќе и најдам, прашањето ми беше за кондурчиња лични, а удобни, сепак со вакви не ми личи фустанче или тиролка да и ставам ама доколку нема, никому ништо. Можеби глупаво ама за секоја облека сакам да има нешто што ќе и одговара.