Јас пишав дека и за тоа перниче има објаснување зошто не треба да го има. Секој родител што се интересира ке ги прочита и моите и твоите објаснуваења и ке купи какви обувки сака. Не знам зошто е проблем што објаснив зошто не треба перничиња.
За такво дотерување мислам дека нема чевли да задоволуваат квалитет а да се модерни. Јас немам видено такви, дури и се се патики, нема чевли балетанки.
Имате на Geox кондурчиња и сандалчиња многу избор и се пре пре пре слатки. Имав на Geox чизми, беа малку потешки од патиките, ама супер одеше, многу сум задоволна. Овие сеа што ми излегоа, а избор има многу и за девојчиња и за момчиња. Јас се мислам да нарачам меѓу последниве и едни тегетни.
Еве јас што си најдов за мојата девојка патики само Ск ги нема па ке си чекам од надвор да ми донесат
Јас од адидас сум најздоволна, не сум сигурна како се вика моделот ама гледам да се виткаат кога ќе ја фатам во една рака така што делот кај прстињата можам да го свиткам со моите прсти, на петата да има поддршка и да се без перниче (ова општо и за есенски кондурчиња). Килажата на твоето, на таа возраст е некој просек за женско дете, провери сепак, ама мислам немаш причина да се замараш со тоа ако си расте во висина нормално. Мене барем често ме предупредуваат да не надминат моиве во килажа, преврнтивен совет. Затоа што се повеќе дечиња влегуваат во категорија гојазни, а и со модерниов начин на живот и достапноста на изобилство од храна тоа е поголем ризик од тоа дека ќе биде потхрането детето. За пелени ама ич не се замарам, кога ќе почне да соработува тогаш пробувам. Летно време мислам е идеално, дома по гаќички и спремен џогер. За зборувањето, баш ми е драго да прочитам дека таму повеќето зборуваат доста на 2 години, кај нас го немам тој впечаток (генерално гледано). Причина за задоцнет говор највеќе гледам во користење екрани, тв, таблети, кај вас не е тоа, ама доколку сеуште сте во Австрија, слушањето на два јазика исто може да е предизвик за детето, сепак исходот е дека ќе знае ги знае и двата јазика. На крај прочитав дека ни мама не вика, колку месеци има Нина, нека е жива и здрава
Кај некои деца не влијаат ни телефоните. Мислам дека генетика е во прашање. Знам деца кои се зборлести и покрај екрани. Јас сум прозборела подоцна а сум од генерација кога тв се гледало минимално.
@Yowannty те читав у некоја тема дека веќе сте отвориле сезона на плажа. Абеее пре нај љубоморна сум. На 14ти мај има прва да се нацртам на граница. И со два пцр ако треба Ми фали витамин - море Да ти го дадам синко домазет? Сосе мене секако Ветувам најбоље свекрва ќе бидам, нема сметам, едно шаторче на плажа и топ сум
А каде може овие на Геокс да се најдат? Во Скопје ги има ли ? Не е глупаво, и јас секогаш зимам повеќе пара. Патики, чевли, сандали Да има за да и одговара со алиштенцата. А за тиролче, сега можеш полу отворени сандалки, како на сликите погоре.
За развој на говорот потребно е постојано зборување и тоа не пасивно туку да те гледа кога му зборуваш, исто и читање книги, раскажување
Еве, ги обувките на моја беба. Од елефант се бр.20 многу се удобни и лесно оди со нив и по трева и по асвалт. Не се сеќавам точно за цената или 35€ или 38€ беа. И големата ќеркичка кога прооде исто обувки од елефантен и најк исто така, адидасот имат тврд ѓон.
И јас така знам, 1 цм поголеми. Се мери стапалото на хартија, се црта, се додава секаде по пола цантим и со тоа се оди и се одбира. Лесни, еластични, и да дише ногата
Давај го и доаѓај. Не стасав да пливам. Само шлапкам нозе и се сончам. Еден викенд е топ, следниот врне, па минатиот пак беше преубаво, еве сега пак врне. Додуша денеска тест ќе праам, па нек врне да не ми е криво ако сум закачила коронче. Одиме на камена плажа, не е нешто посебно, ама по моја логика дека полесно ќе извадам камче од уста на дете, неголи ако ја напуни устата со песок. Лани уште не одеа, па беше полесно, годинава среќно на сите по одмори.
Гледав на официјалниот сајт на Geox знам дека ги има во Полска пошто од таму треба да ми ги донесат а за Ск не знам ич
@Dikinzi кај нас ги носат фешн груп и знам пред неколку месеци имаше мали бројчиња, а баш вчера проверив немаше ништо . Штета. Предобри се
Добар ден. Дојдов да се пофалам ноќе стануваме еднаш за цицање,најчесто станувањето е рано наутро. Има надеж и за мене за цицето. @srekice ти си мотив за мене, ве гушкаме сите.
А за мене не знам дали има надеж По сто пати станува ноќе и веднаш вика цице, цица. Не знам што да правам, дали да почнам да го одбивам, 14м има, сакам да цица ама ова ноќново ме убива, немам сврзано 3 часа веќе месец време.