@Amore.Mio тешко ни иде и на нас откажувањето , колку пати сум се жалела само овде моево вика цици , цици (цицки ) и цела ноќ цица денес 19м сме
Првава и кога ја одбив не спиеше. Тек после 3 кога наполна почна да спие без многу будење. Затоа уште дојам,мислам пак ќе се буди и другава.
Искрено, и мене ми беше вака безнадежно пред неколку месеци. Ја тагнав срекиче зашто со неа си пишував пораки и и плачев колку само моето дете е зависно од цице. Но не е така. Истото и таа го помина, можеш да ја читаш погоре. Ако си за постепено одбивање, треба да се погоди моментот и да се наоружаш со трпение. Веќе неколку месеци пополека вежбаме да не цицаме. Тешко е н почеток и изгледа дека се е џабе. И јас 100 пати почнав па прекинав, те заби,те настинка, те скок и тн. Но погодив момент кога е посмирен и полека почнавме. Прво научивме да заспива е без цицање, после го укинавме тоа н средина во ноќта,кога е најпоспан, за останатите одеше полесно. Овој процес нас ни трае со месеци, тој сеуште цица денски, но н добар пат сме и тоа да го намалиме. Среќно да ви е н вас. Со постариот син имав одбивање со плачки и трауми наредните два месеци што следеа, а со ова дете тргнав постепено. Нема подобар начин од овој.
Не е верувај за дечињава понекогаш ние сме поголема кочни а за нови работи Јас од себе тргам за пример толку време се жалев дека со цицање заспива преку ден и дека сакам да ја одвикнам од тоа а не се осмелував Првиот пат кога пробав беше со бунење ама успешно секој ден побуната беше помала а сега си џнае цица па си легнува си збори нешто и заспива (исто како и навечер) е сега треба уште да се осмелам ноќта што се буди и мора цице за да заспие да пробам да ја галам а не да цица (тоа со пиење вода ми е незамисливо) ама ја чекам да и изникнат скроз 3ките и 4ките па и тоа И да и кај нас среќа што сум дома
Мајки гледам сте пишувале за патики, имаме вакви па дали се добри за проодување?( Ги носиме само надвор, дома сме по чорапчиња)
Ние имаме слични сега на 20 месеци, а за штотуку проодено се тешки. Штом веќе сте ги купиле, земи ги во рака и виткај ги да омекнат колку толку.
Ќерка ми (19м) носи вакви од кога прооде на 15 месеци , на почетокот се мислев да не и се тешки , но супер се , нема проблем при одење.
Како го направивте преминот за заспивање без цице? Колку месеци е? Ние одиме во спална и тој одма се стрви за цице, ако не му дадам ми се качува и сам си зема Не сум ни пробувала нешто многу, некако чекам да почне повеќе да разбира и со приказни да заспие...така планирам. Сега му читам сликовница, пред спиење, во дневна, ама драматизирање, тој покажува, само уште не е мирен да седи и да слуша (без да го анимирам јас).
Да се пофалиме и ние, си купивме денес први патичиња. Оди дечкото веќе некое време, ама само дома, исклучиво босо...сега дојде време и за прошетки надвор. Си купивме Најк стар ранер. Лесни се како пердув и меки. Многу се мислев за едни други, ама само преку интернет можеше да се порачаат. Ептен меки изгледаат, ама за второ обувки мош тие ќе бидат. Ставам линк да ги видитеhttps://magicalshoes24.com/produkt/...yczne-buty-dzieciece-gaga-monkey-beige-vegan/
Јас би сакала само ноќните да ги исфрлиме, ако заспива со цице. Ќе пробам вечерва да му подметнам цуцла, може ќе прифати . Инаку забите му идат мн бавно некако, само 6 има и не гледам дека за брзо ќе испаднат нови така да не можам да чекам нови
Не ме праша мене конкретно ама еве ке ти го кажам нашиот Заспиваше цицајки и за дневни дремки и за навечер ама стана веќе мачно затоа што ке се изнацица и тегне на празно а не е заспана па висеше по 20 мин па и повеќе додека да зацврсти да можам да се тргнам па ајде ако се тргнам порано вриштење па јово на ново И се охрабрив еднаш си ја земав во раце ја нацицав па ја легнав се бунеше ама заспа и секое наредно заспивање бунењето беше помало Сега цица и сама ке си легне си муабети и заспива