Едноставно ја стави во креветчето будна? И кенкаше и заспа? Кај нас креветчето е од една страна отворено и залепено до спалната. Јас мн сакам барем дневните без цице да бидат. И го оставам така буден, се фрла низ кревет, главата му паѓа а не заспива. И со саати така може.
Сега има година и осум месеци, почнавме пред два и пол месеци. Кога е уморен и спремен за спиење го носам во спална и го легнувам до мене. Гасиме светло и тивко раскажувам за кучето надвор, бебето во комшиите и слични ситуации з него познати. На почетокот немаше трпение ни минута да ме слуша и се местеше за цицање. Ке му давам да цица и толку, пак приказна. Упорно го повторуваме ритуалот секој ден. Се бунтуваше но после некое време прифати. Не го оставав да плаче многу, затоа и толку време трае процесот.
Одлично, копирам за некое време. А кога се будеше вечерата нормално цице? И малку по малку ќе се кратат ноќните подои нели?
Да, кога почна да заспива без цице преминавме на подојот околу 1-2, тогаш беше најпоспан. Некогаш нишкање, некогаш само го оставав да покенка и да продолжи сам. Пред него и после него давав да цица. Постепено одеа и останатите. Со среќа и на вас. Само многу е важно да е детето смирено,да не е во период на раст на заби и со.
Исто, 14 месеци е. Ај што се буди по сто пати. Не само шо цица туку ќе си чучне па ќе дреме седејки, па врз мене, па на сите страни. Ако имам среќа 3-4 саата ќе сврзи сон, што и не се сеќавам дали се случило тоа. И плус веќе неколку месеци ноќното заспивање ни е проблематично. Не се сеќавам која мајка пиша, ќе се изнацица и после ќе тегне на празно а уште не заспала, и ќе почне по кревет да се шета да ми зборува да прета, и многу гризе додека цица, леле ми накапува. И по два саата се заспиваме. Еве баш у моментов сме у таква сотуација, ги исцица двете гради почна да дрема па се размрда и сега игра со перници. И многу тепа, мава со тие рачињата, ќе те шлапне некој шамар, од памет ќе те извади. Сега два часа ќе се бориме додека заспие. Јас не сум баш уште за одбивање, дур не прифати некој вид на друго млеко.
Одбивајте си ги со време додека не почнале повеќе да разбираат. После уште потешко е. Јас сум во таква ситуација, 18м има моето. Разбира и зборува ќе му текнеше уз игра цицај,цицај и ме граба. Ќе ме пипне без прслук,одма дига маица цице! Некогаш беше цицање и заминување, некогаш беше џвакање до трнење на цицката. Ова за дење. За ноќе е друга приказна ,јас на шала кога некој ќе спомне ајде второ, викам прво едно 3год да се наспијам од првото. Ова моево се роди си аларм во 3 по полноќ вусшност тогаш и се породив од прилика, 20 до 3 Секоја вечер се будеше, дури првите 4,5месеци помирно спиеше и на 3,4 часа се будеше. Се случи еднаш да поврзе 5 часа а јас се исплашив го проверував дали е ок Е од тогаш навака, имавме разновидни вечери,особено кога почнаа да растат заби,горните единици ,околу 8-9 месец кога поврзуваше 40мин сон и се будеше по 200 пати во текот на ноќта. Тогаш бев на раб на нервен слом,и фала му на Господ што ми даде сила да продолжам да дојам. Се силев,ај уште е мал ќе го одбијам на 10месеци, ај не на 10 на годинка, помина и годинка наполни 18м уште е цицач. Разговарав и со педијатарот околу годината рече ако тебе веќе ти претставува повеќе измачување отколку задоволство слободно одбиј го,веќе јаде цврста храна, а млеко ќе внесува преку млечни производи. Дури не треба ни кравјо млеко да пие. Таман ќе се засилев дека ќе го одбивам,тргна во градинка,па 2 пати месечно болен,таман оздравел се разболел ,па имавме корона,и реков ќе чекам уште 3ки и 5ки. Но,завчера вечерта ги помина сите граници, заспа во 7ипол (обично 9,9ипол заспива) се разбуди во 2 цицаше. Се разбуди во 3 цицаше до трнење на пупка. Едвај се извлеков и му пикнав цуцла. Уште пола саат не можев да заспијам (сабајлето во 7 треба да станам),ќе мрднам со рака -отвара очи,не смеам да го покријам,не смеам да се покријам,не смеам да се свртам,не смеам да станам да мочам,и јаготка на шлагот тато си нана поубаво од бебе тука ми се споија жичките и си реков почнувам со одбивање. Се разбуди во 10 до 4 наспан и бара да цица. Уште јас свртена со грб накај него ми вика сврти се,цице! Му дадов уште една цуцлс во рака го гушнав и мижев. Си дремеше цел саат во кревет отвори затвори со очите и на крај заспа ,а јас успеав да се свртам. Вчера беше умен дури 2 пати стана Ама затоа денес свртев нов лист,решив дење не давам цицка. Бидејќи не можам на поинаков начин да му свртам внимание,земав молив за уста и се ишкртав околу градите. Прво барање цице за заспивање во 12. Го земав на фотеља клацкалка му дадов цуцла ,го нишам и му читам бајка. Цице, дига маица. Му викам цицето е расипано. Неее почнува да плаче. Еве сакаш да видиш? Дигам маица гледа се чуди, другото!еве и другото. Пак плаче. Го легнав продолжив да читам. По некое време пак му текна гледа накај нив и плаче. Но овој пат беше послабо плачењето. Отидовме и земавме уште една цуца во рака да држи. Продолжив да читам и нишкам. Трет пат гледа накај нив и уште пократко плачење. На крај заспа. Најискрено душата ме болеше од постапката и си реков ако викне повеќе одма се мијам и ќе му дадам. Но за среќа издржав. И цел ден ме мава некоја емоција може зошто ми удри корпа и не ми побара За заспивање се измив и ќутев додека сам не побара. Малку се понишкавме,приказна,песничка и му текна,ова цице и дига маица. Го лапна како дијазепамче,па го побара и другото. Планот ми е една недела барем да издржи дење да не бара,па да бараме чаре за ноќните. Вода сум понудила ноќе,не сака. Инаку во последниов период еднаш преспива дење (пон-пет во градинка). И кога ќе дојдеше од градинка одма бараше цице. Приквечерта уште еднаш ќе му текнеше. Ќе видиме како ќе поминеме утре дење со иста финта. Инаку 100 пати се покајав што не го одбив пред да прозбори, иако имав неколку неуспешни обиди.
Зарем е можно до волку да не спие од тројки?? Ова е хорор веќе. Ги премина сите граници. Три фскинг недели, влегува во четврта. Се буди милион пати. Колку време им треба да искочат
Големата ја одбив на две години и 4 месеци. Страствен цицач шо да ти кажам. Со неа немав проблем со одбивањето. Бидејќи голема јадеше веќе манџи, разноврсна храна и полесно ми беше, намалување подои и поретко и навечер за спиење цицаше. Се намачкав црвен кармин на градите и и велев расипано е кака, не го бива веќе цицето и ќе ме гледа мене ќе го гледа цицето ќе зборуваме какано е веќе и ќе си легнеше на гради и нема цицање. Тагуваше малку ама немаше плачење. Мене ми беше многу потешко од неа, психички потешко. Ама се одби без проблем и јадеше и пиеше плус кравјо и млечни производи. Сега маленково ни м од млечни. Ако си апне неколку залчиња лебче и павлака и тоа е. Друго несака. И тоа ме граби соблечува, ама навечер и давам водичка по малку и пие без проблем. Ама често се буди па бара цицка. Не броев колку пати ама повеќе од 4 пати стануваше. и кај изгледа ќе излеват тројките, ги бути рачињата у уста стално и гледам непцето бело.
Тебе кога те читам страв ме фаќа, знам јас за некое време исто ќе минувам. Ние додуша 5ки вадиме, да може цела дланка во уста ќе си ја стави. Се опраи со спиењето. Веќе некое време преспива ноќе, ама пак сум утепана. Ја заспивам и ја ставам во креветче, се буди по 2-3 часа и бара да ја земам. Нејќе презаспивање во рака, туку да ја легнам меѓу нас и сама си тера. Арно ама со глава кај мене во бубрези со нозе клоца кај маж во бубрези. Спиејќи ќе не ѕвекне со рака-нога по лице, врат. Па клоца ли клоца, мава ли мава и иако е испружена цела се буни оти нема место. Цела ноќ офкаме од неа. Ако ја вратам во креветче инстант се буди. Не знам зошто, од прв ден во креветче без проблем спие. Фаза ли е или ја нема да се наспијам во овој живот?
Читав една студија дека родителите спијат добро после навршени 6 години од децата. Па останува да почекаме
Не знам дали сакам нешто да прашам, ама сигурно сакам да се пожалам. Тодлер и пелени, некако многу страшно ми се гледа, дури кога ќе дојде време за менување ми се плачи, како борба со крокодил да водам, а самото менување е попратено со некој пискав глас. Во фаза на пиштење и плачење сме, а да и да не заборавам ако сум јас тука готово лепенка е, вчера ме чекаше пред тоалетот хахахаха Она што ме мачи е можда будењето во период од 4:30 до 5 наутро и тоа со плачење и чека да го кренам дур се смири па продолжува со спиење до кај 6 сатот Уште не се пуштил да оди, ама од оваа страна гледано мислам дека и подбро, ако вака со лазење се лом прави и сите тенџериња се извадени од кујната што останува кога ќе оди
 Сигурно @Yowannty Имаше мојата еден период од 19-21 месец. Исто како твоето сега, се будеше еднаш и сама презаспиваше. Јас се израдував таман. Тоа е тоа си реков. Ама јок. Фати четворки, сега тројки. Плус во раце само презаспива, и тоа со шетање по ходник. На секои 1.5-2 се буди.Се тешев за Лаки, изгледа исто ме чека. Последно ново и е, несака да се бања. Една недела не е бањата. Да не види вода
Добро има ли дете шо спие? Биваше ли сите неспијачи да бидат, моето не цица ама и не спие @srekice брзо ги извади сите четири тројки, сознам може месец ипол максимум да беше, хорор е знам. Кај мене почна да не пие млеко пред заспивање еве една недела, ама два пати бара во текот на ноќта а пиеше еднаш, си надокнадува. Доле двете петки побелени, аман ми е од забиве Кај мене нема врска дали е во скок, регресија или не е дали излеваат заби или не, не спие дете. И коа спие се врти, ржи, кенка, станува, седнува Единствена утеха ми е шо заспива и презаспива сама, и да цуцлата од уста вадење никако.
Да ја ставив во креветче и нас ни е споена со спалната и нема ограда (иста песна) јас лежам на спална дур заспие. Прво беше кенкање шетање низ кревет и сл. Успеав пеејки и и раскажувајки и мпи верзии на приказни првично траеше тоа по 30 мин со тек на време се намалува бунењето и кенкањето ама мораш да погодиш точно кога е поспано бебе а не да е ептен преморено па да не знае што со себе. Пошто јас напати пробав подоцна демек да спие и само се зезнувам така
Мојов се буди може неколку пати, ама спие до мене па го гушкам, цуцла ќе му ставам и си презаспива. Заспива во раце, ама ако порано нишкањето беше бескрајно, сега фати ред со 1 дремка, 8 ипол најкасно е заспан. Го држам во раце и го шетам некоја минута и спие. 4ките ги извади, и една двојка доле успат неосетно, сега тројки ме фаќа страв. Многу е по цуцлата, гледам да не му ја давам преку ден, мислев и да го одделам со спиење од мене, ама све ова ќе почека да ги извади сите заби.. Со спиењево до мене јас се спасив и почнав да спијам. Сѐ пребродивме полесно некако. Тато секако е преселен во дневна, па ќе поспие таму уште некој период
Да, кога големата почна да спие цела ноќ и да не се буди ни за во вц беше околу 5 год. До тогаш станување 1-2 пати. Па си поспијав една година и останав трудна со второто, па почнав јас да се шетам ноќно време, што за у вц, што да јадам. И ко ќе видиш од 7 год, само една спиење како што треба еднаш ме праша мм ми дали спие бебево навечер?! Ела викам легни до нас ќе видиш дали спие. Без цуцла може преку ден, ама кога треба са заспа и ја бутам или ако се размрда у сон и продолжува. Исто и навечер кога се буди ако ни успее со цуцлата. На Големата и ја тргнав цуцлата на 18 месеци, таман дур ги извади сите заби и тоа без проблем, не ја ни побара. Здравје планирам и со ова така па да видиме.
И син ми спиеше од прв ден во креветче и до 10м како да немав бебе ноќеска, се буди, цица и пак заспива а сега . Кога го ставам неѓу нас нема проблем спие и по 5-6 саати, цица и продолжува али ако го вратам во креветче одма се буди. Не сакам да го учам со нас ама не знам до кога ќе издржам. Синојќа сакав да пробам да му подметнам цуцла , како боже му дадов кој зна што, кога си ја викна да плаче лелееее мамоооооо... ама не го земав да цица и седеше буден саат ипол станува и ми вика ѕеме а јас пак го враќав да леже и така на крај се откажа и заспа сам. Ај вечерва може помалку време ќе му треба .
А ако имаме по уште едно дете, 12 ќе се фатат. Мене преселбава ми се стори вечност иначе одамна ќе си беше во своја соба. Не сакам до мене да е. Прво неа исто и треба простор, мене уште повеќе. Во грч спијам да не ја смачкам уз вртење, па веќе не се ни вртам. Се будам, проверувам територија па ако е можно ќе се свртам ако не, така терам. Секое мускулче ме боли на утро. Си го сакам креветот за мене бре!! Добро, и за маж по малку.
@Yowannty ќе видиме. Јас еве чекам втора принова. Околу 8 години 9 би ми се фатиле ама мајка ми вели сега мали се до тебе се,кога нема да се враќаат дома до рани утрински часови како ти и брат ти што ми правевте, тогаш да видам како ќе спиеш. мали деца мали проблеми ,големи деца големи проблеми. Патем јас имав такви маки со синко,се будеше плачеше, нишкања чуда до кај 15 месец. Сега исто само се врти ,седнува, ми се качува на глава, си се смее,единствена утеха ми е што не плачи. Па не ни го регистрирам мн мн. И ќе му помине па ќе презаспие. Има вечери како што легнува така станува, ама мн се ретки за жал и плус биоритамот ми е научен така да,и кога спие јас се будам неколку пати
И да не цицаат, ќе стануваат, заради х причини.. Растат заби, растст они па буквално ги боли телото, учат да одат, учат да зборат, го осознаваат светот. До 5 години се развива над 90% од мозокот, што значи нон стоп им работи да процесира се што се случува. Само самостојно заспивање помага во подобро спиење на децата, иако еве, син ми заспива сам во негов кревет и генерално спие ок со едно/ниедно будење, има периоди и он кога се буди на 2 часа. Јас гледам да не променам рутина колку и да сум преморена, па среќа не траат тие периоди повеќе од 2/3 недели. Јас го одбив пред прв роденден, не бев нешто фан на тој дел од мајчинството и едвај чекав да престанам, така што, браво за сите вас кои доите долго. Имаме исти, ама ги носи откако добро прооде. Не се виткаат многу напред, па прво се сопнуваше со нив. Не менувај цице за цуцла. После цуцлата нема да може да ја фрлиш. Има многу голем milestone пред детето, проодување. Нормално е да се буди. Ќе спие пак кога ќе прооди убаво Аууу многу запчиња има другарката. Браво. Син ми стига до три четворки излезени, другите абер нема. А ја ссмо бројам уште колку му фалат...уште 11