Можно е. Кај синко 4ки и 3ки за месец и пол. Имаш уште 2 недели. Исто ми прави синко, ке поспие во креветче и ке се разбуди за неколку часа и бара до мене. Не ми е јасно, кога бешр бебе спиеше во креветче, на 22 месеци прави вака. Јас планирав кога ке наполни синко 4 или 5, да почнеме со правење на второ. 10 години. Во стан ке имам услови, т.е. само така ке е изводливо, креветче да е залепено до спална. На мисла ме ставивте дали да ја извадиме страната и да сме споени? Од утре почнувам со флорадикс. Пишува 2 пати по 5 мл. Така давате вие?
Епа 4-ки извади пред месец. Две тројки доле до задутре ќе избијат. Горните не ги гледам. Се надевам ќе заврши брзо
Женски нели ви се пентерат по креветче,мислам на тие што спијат на споено.Мене ми е страв да не се препрчи надоле,па со нас е. Поздрав @Yowannty Партал не прави,ние на рабови спиеме,а спалната е 2х2 метри. Што убаво си спиеше сама до 7 мес,не знам што ѝ стана @Panovic мене ме спасија само pants пелени,го благословувам изумителот. 12+ е иначе ќерка ми. Не оди уште,полна е заби,сега вади долни 3ки и 4ки,цица ко новороденче,спие со цицка во уста,ме исуши.Почна да ми станува напорно доењето а немам срце да прекинам.Богами ни муда И јас почнувам да си го сакам креветот и телото само за мене.
Ти бар имаш голем кревет. Мојот е мал и пак со маж сме на рабови. Не чини креветот, горе нема преграда, па само треска со глава во ѕид. Се си мислам во креветче почна помирно да спие, со нас и е топло, не смееме да се покриеме вреска во сон и турка чаршав надолу. Туку ти пишувам најмногу, тебе те имам читано дека нудиш повеќе зеленчук, имаш некоја идеја како да го комбинирам? Варен не ми јаде. Печен морков сака многу, што можам од зеленчук друго да печам? Тиквичка валда, ама сакам да има поише избор.. Што можам да понудам? Ќе ме пукне колку е прибирлива. Ако за око не и е фино нема ни да проба.
Јас млеко само што мора да ставам во некои каши инаку не ни планирам да му давам во шише. Ито толку сме.
Воопшто не сака да пие благо млеко. Му ставам само во чоколино, несака да ми пие. А премногу сака јогурт и к.млеко.. па да му квасев дома мислев...
Ааа јас за пресно те разбрав само Инаку само кисело млеко му давам воведов уште на годината, јогурт одбегнувам ама кога пеме ние се тегне сака и он и тогаш му давам
@KuklickaSk другарката со 11 заби го дочека роденденот ке му пораснат и на другарчето не се секирај може и подобро барем нема да се мачи многу, малата ја побудалеа. Ве читам за креветчиња кај мене спие од прв ден во креветче ја земам со нас само кога има тт полесно ми е да контролирам. А како шо кажав колку јак спијач е можите да замислите висам околу креветче цела ноќ Креветчето не ми е до спална ниту пак се пушта страница, тоа ми беше услов кога купував оти ако е долепено до спална ке иде сама. Окапана сум скрос ама не попуштам, креветот е мој и на мм Имаше период кога беше 8м исто така беше не сакаше да го види креветчето, ама по совет на @KuklickaSk да не попуштам и да не менувам рутина успеав А не дека не беше тешко, пеколно беше ми се повраќаше од шо ми се спиеше. Е и сега е тешко ама барем немам нога во уста
15 сега наполна, вели она ајде, ам ам дека сака да јаде, диди диди (џиди џиди), татат кога и велам дека иде тата, мамам само кога плаче по мене, деде вели ама не е тоа ептен нас да ни се обраќа постојано така туку кога ќе и текне. @elimkd многу е потешко читање прилазни и зборување на дете да те гледа ако истото е преактивно и нема застој ни секунда. Земам книга, каде се животните ги покажува на брзнина одѓа врти, нема шанда да држам нешто во рака повеќе од 5 секунди, некој работи се многу потешки во пракса. Јас и го раскажувам булвално секој чекој што го правам, каде одиме, што гледаме, малечка е ќе зазбори. Тукуу, еве јас пак околу патиките ама сега не кои се добри и каде има туку број. Свекрва ми за Велигден да и купела она патики, ми се јавува ми вели Бубе 13цм се огромнии, не и викам така тербело 1цм полемки, добро ми вика ама ептен се големи. Лелњ луѓе шо да видам дома.. 1 нога што се вели поголеми и тоа најмалите биле тие, овие што ги има дома 19 број и се кнап,значи од таа фирма 20 би и виле сега супер, Reebok 11цм пишува, мерам влошката 14цм, 21 број, Адидас 20 број 12цм, Нике 13цм пишува на патиката иствари 15 е.. хаос. Планирам да нарачам преку интернет, да не биде големи/мали, да не биде Австрија Македоника-Австрија- Германија, колку цм им се ноџињата на малите, кој број Најк и Адидас носат? @dunika ти знаам кажа имаш суперстар, баш за нив ми треба точно
Моето дете со патики 1цм поголеми се утепува. Имам Нике такви, и неможе да оди. Дури и сега тие што ги земавме и се само пола цм поголема влошка, и се совршени. Напред има бааѓи простор, а она се движи супер. Баш и жената што работи во дуќанот ми покажа од адидас шаблон, ноџето треба да е во обележаниот простор, а не кај што почнува.
separation anxiety им е. До 7 месеци не им е битно со кого се печено цвекло (многу е убаво), печен компир, тиквичка , тиква, пиперка, кромид. Се можеш печено. Инаку пробај и свежи краставички, марула, патлиџан, со маслиново и малку сол. Мене во друга соба ми спие. Некои ноќи, е вака сум Инаку, имам правило, ако е после 5, доаѓа на спална
Јас воведов млечни со домашно поткиселено млеко и урда, на 7-8 месеци. Инаку update од мене, денес успешно цел ден одбегнавме цице, еднаш само погледна и се насмеа кажа цице,а јас се претопив од емоции ми идеше да му ја извадам За дневна дремка повторно иста шема,цуца,приказна,фотеља клацкалка. Не го запратив точно времето на успивање ама мислам дека беше пократко од вчера. И батко си отспа 2 часа ,а јас си ги завршив работните обврски. Вчера бевме во потрага по патики, ми се допаднаа едни од Рибок ,но имаа само 24, а мали моментално носи Адидас 22, и тие му беа преголеми ,за во прво одделение Многу тешко беше за бројче,никаде не можевме да најдеме 23, или 23.5, па на крај сосем безнадежно влеговме во Адидас и најдовме 23ка од ова моделче: Баравме вака летно моделче плетено, и многу ми е криво што не му стојат добро Nike star run некако многу широки му се кај прстите. Овие не се виткаат многу кај прстите но веќе 6 месеци како е прооден,многу постабилен е во последно време. Не сум скроз задоволна со изборот,мм пресече,следен пат јас бирам
Печен компир и морков праам често. Морковот го јаде, компирче некое само. Е цвекло јадеме често варено, не знаев дека може да се пече, колку време ќе му треба? Морковот подолго го печам, па да знам како да го усогласам. Брокула и карфиол како комбинирате? Само така варени не ми проаѓаат. Заглавив и кај вечерата, како престана да јаде само кратев на понуда, па сеа се едно исто вртам, дајте некоја идеја, нешто полесно за варење во стомак.
Среќа добар е со спиење, ја земам некогаш насабајле и јас ретко е ама се случува е ако попуштев тогаш сега ке спиеше со нас. @Yowannty печам и јас скоро секаков зеленчук, иначе многу јади патлиџанче и краставичка со маслиново и сол. Посебно оти и сечкам на коцкички и мерак и е да буцка
Мајки дали има некој случај за касно вадење заби кај детето? 14ипол месеци сме не гледам ни почеток ..
За купување патики се бара совет од ортопед не од продавачка тоа е мое мислење @Bubish26 јас среќа ја земав малата кога купувавме инаку ке џавршев преку нет со некоја патика како за догодина Едно пишува а друго ке имаш во рака кога ке го добиешво однос на должината на влошката
Цвеклото исто како морковот се пече подолго и стави и за вас, превкусно е печено цвекло. Мене колешка ми кажа, сега само така го правам. Брокула исто можеш печена така цела да ја гризе, интересна им е структурата. Карфиол не давам многу, некогаш како крем супа. За вечера вафли ни се полн погодок веќе некое време со проста смеса од јајце, јогурт и брашно. Мафини, проја, леб до абц, тарана, палента, кисело млеко со жолчка.. ама да, ич неам идеи веќе.
@dunika Извади ја страната од креветчето и залепи до спална полесно ќе ти е за доење и дигање на бебето. Мене така ми беше споено со големата без проблем,веднаш до мене. Ние бевме тогаш у голема соба и таму беше спалната, па ги сменивме собите фолемата е детска а ние у по алата и не ми го собира тоа креветче таму. Сами тие малите шо се до 5-6 месеци. Може да се пентерат веќе кога ќе проодат сами да слегнат од спалната. Моите и двете научија сами да слевинат од кревет уште пред да проодат. Да ви кажам и јас си го сакам. Иу последно време телото за себе.