Кај мене синко се мачка. Па кај мајка начекал една крема со невен, свети во лицето. Нозе раце се со ред фаќа. Проблем е што сака и да ја мези, инаку нека иде фира помадата.
Мајка, моево е исто ко твоето мало. 22 за проодување, сега на 18 месеци, 25ка веќе му е мала. Исто е буци
Ја пак со цвеклово. Се пече свежо или претходно варено? @dunika фала ти многу на идеи женска. Нешто праам, нешто дефинитивно ќе пробам. Таман ми се идеиве и за нас, не само за малава. Абе како сезона на шпаргли е сега, 12 евра кило се. Колку се кога не е сезона? Маж ми обично пазарува, или старите ни земаат од пазар, ама ова ептен ми се виде скапо. Да ја пофалам кремата од Веледа од бел слез. Кожата ја прави пре пре пре убава. Ама! Ама! Мириса ко свежо пржена мекица. Од Веледа гелот и шампонот веќе и се мрси и косата. Обично ја бањам навечер, ама следниот ден веќе е полумрсна. Ги исцрпив сите понудени опции на форумов за природна козметика, овде ретко наоѓам нешто...добро, и ја цепидлачам по малку, сакам да е и природно и да е погодено за кожата, и плус да мириса убаво. Е нема се во едно!!!!
@Yowannty пржена мекица бе И јас ја имам за лице таа,од бел слез,ужасно мириса,престанав да ја ставам.Ја купив лани дека жолтата беше ептен мрсна и тешка некако. Шпарглите се скапи,и овде се толку 12-15 евра за кило.Имаш помали снопчиња,по 300-500 гр,кило и онака е многу.Кратка им е сезоната,затоа се скапи. Attitude козметика си пробала ли? Читав добри рецензии за неа,и дека добро мирисала.
Овде се 4.5€ - 500гр. тоа е доволно за ручек за 3ца. Инаку мајки што немате од каде да купите домашно пилешко дали би дале копанче од тие пакуваните? Рок им е два три дена ваљда не се повеќе стари!?
Прв па ја слушам, ама изгуглав одма и ја нема овде. Ја хип би ја пробала ама и неа ја нема овде. Овде фризи форсираат, а таа ај што не е природна, туку и многу агресивна е.
Ме насмеа А не ми е до смеење, синко болен, два три дена со температура, па денес на доктор ќе оди. Туку приметив дека образите му се црвени и како малку испукани капиларчиња. Од што може да е ова? Што можам да му ставам?
За образите, ако имаш куче..... хаха се шалам. Најверојатно му се вцрвенети од температурата. На синко му се црвенат така од топло и му редам само крем. Побрзо да оздравите Едит: последно синко кога беше болен најверојатно од вирус (мокрачата и крвната слика му беа добри значи не беше бактериско), му давав витамин Ц по 7 капки. Чаеви . И го прскав во носето со беби спреј со оригано. Не држеше околу 4-5 дена, па како нов.
ќе најдам и куче ако треба )) Скоро недела - две му се така образите. Црвени со капилари. Дали што вади заби? Фала ти, се надевам брзо ќе помине, иако се сомневам на бронхит, ќе видиме денес.
Еј ова за влакнава и јас го слушнав и тука познаничка идела и оваа што мк прераскажуваше дури ми вика "Не лафи да не ти дојде ке бркаш и ти спас, момичката после и спала 3 саати од кога и ги искарале влакната" Си преќутев понекогаш глупоќата нема крај.... Свашта пи..а раѓа
Да кремот од бел слез е ептен добар јас да се придружам на фалбите јас дури почнав на беба малку да и крадам И пак да се надоврзам ТРИЦИКЛ ДОБАР НЕКОЈ ДА МИ ПРЕПОРАЧА
@koritsaki ме советуваше за Lawera таа ја има и кај вас и е природна Е сега ние зборевме за спф ама штом има со спф ги има и обичните сигурно
Ги ѕирнав и нив, ама ми треба некој да ми потврди дали мрсат коса и како мирисаат. Пошто генерално детскиве производи се на база календула, а ем не мириса нешто убаво ем веќе ми здосади. За спф фактор ќе земам на Апивита, грчки бренд е, органска козметика. Мене не ми смета што остава бели траги, дури и слатко ми е, лани го имав преубаво мириса на праска и годинава ќе го земам пак. Ако некој наминува во Грција летово, го има во секоја поголема аптека, го препорачувам. За трицикл не ти треба. Тоа ти е исто ко и количка, само неудобно. Рано е сама да врти педали, ти ќе треба пак да ја буткаш. Во количка бар може да дремне, па ќе симнеш наслон да и е удобно, а овде ќе остане да виси. По мене трицикл ти е скроз непотребна работа. Ако почекаш уште малку, таман ќе стаса за баланс бајк. Ако веќе баш сакаш трицикл, мислам @Sofi.ja се фалеше од нејзиниот дека е цврст и со убави тркала. Извини Софи ако те имам помешано со некоја друга.
Јас како мојот не ти препорачувам. Општо трицикал не би купила, количката уште ја користам. Добар трицикал е 6000, мене ми се многу пари за нешто што сњ користи кратко. Плус се мора да седи, не може да прилегне.
@MilaSs12 и @Yowannty фала ви и го знам ова многу добро дека ниту ке може да приспие ниту ке е удобно ама да ви ја дадам бабаи да и објасните пошто уште за роденден ни даде пари трицикл да и купиме и еве 3 месеца одлагам на глава ми се качи.... А секако јас ја перам а не она на крја ке го купам па нека се вози она во него... Пошто " количката од 400 еу не била веке за неа" болести на умот ама не ја можам ке земам еден па до таму нека е.... Ако не го сака беба ке си се вози свеки во него А моето мислење е дека трицикли е непотребно срање али тука сите од 9 м па нагоре со трицикл се и демек јас го уназадувам детето што ке каже селото.... Абе незз вие да не сте ја немам как да се изјадам од селски глупости
Јас и татко ми сме пораснати со двојазичност и знам дека не е проблем само што јас кога тргнав во градинка сум зборувала веќе македонски со сврзани речени ( на годината имам снимка кај што пеам боли глава),а пак на мајка ми двојазичноста и одела тешко, па зорувала само германски, на баба ми и дедо ми се обраќала само на германски иако тие и зборувале македонски,во нашиов случај Нина ќе ја пратам уште малце во градинка, не зборува наши, а оддеднаш се среќава со скроз различен јазик. Не дека нема брзо да ги совлада и двата ама ете педијатарот ми рече дека додека не зазборе најдобро е само еден јазик, доколку не е од старт со два.
Да јас го пофалив моделот Рито од Енци менци. Ние го убивме од возење,некогаш излегувам со количка,некогаш со точакот. На мали му е интересно поубаво си разгледува, си врти со рачките мисли дека он вози. Испробан е по секаков терен и земја и песок, а и планина. Може да се трансформира да го вози сам кога ќе порасне ,а се спушта и рачката за полесен трансфер во кола. Моево му се радува и секогаш го бира пред количката, само кога знам дека ќе заспие тргнуваме со количка. Го користиме 6м,после година почнавме. @*malenavolena*87