Хаха да До 100 еу иначе @Sofi.ja го меркам истиов она што ме интересира е дали го имаш основниот модел на Riti qplay овој што е сега 4998 или некој од поскапите??? Пошто сакам да и е удобно а и мене вожњата да не ми е тешка се навикнав количкава е песма лета за возење па не сакаѓ некој пластикањац само да соберам (верувам не е)
На синко не знам каков е, ни колку пари, мислам околу 3000, подарок му е. Лесен е за возење, удобен не е нешто баш. Овој од 100 евра е поголем, поудобен, а сигурно е лесно се вози.
Живи глупости. Ние добивме за роденден лани трицикл, оној што сите го имаат. Мали се на се, десет пати е возена во него. Станува, пушта нозе на земја. Ќе ја повредам. Уште си ја возам во количката. Ќе полни две сега. Баба и дедо се љутат. Ич не ми чуе. Одвај чекам да го заџитарам. Повеке сакам класика трицикл, барем да го вози. Во овој ни кеси можам да товарам ни ништо. Маж ми го тргна во подрум. За водата не прашувај. Бидејќи не збори малата уште. Свеки пред извесно време се избаци со шише вода. Да сум ја замивала, за да зборела. Стамота било. Комшиите гледале дека не збори. Си ја измарширав. Прво јас па мм.
На Уртекрам кога барав ми даваше во бела амбалажа all over wash, no perfume. А не сакам календула оти и на Веледа е календула и сакам да сменам. @KuklickaSk а со што зачинуваш? Што оди со цвекло? Или и тоа по вкус можда.. Ние многу сакаме варено со малку маслиново, имав и денеска се натепавме. Валда и печено ќе го бендисаме.
@MilaSs12 Не заборавај да пишеш за сирупот. Дали ќе пројаде лепотанот. Кере денес забушава. Само овесни јаде и бисквити. Неможам веќе.
Леле Гуливерчиња Колку е висок? Понекогаш кога му менувам пелена или нешто дури ми е чудно зашто ми личи на големо дете а ја као пелени уште му мењам. Иначе да, сега носи 25, до 18 месеци претпоставувам мала ќе му е, исто За Веледа од бел слез, ќе поминам преку мирисот ако стварно е добра, дали е таа во лила тубичка? На тие некои места кај што му се појавува егзема, и кога не е ептен воспален му е многу посува кожата, стелатопија не ни врши работа. Шампон и јас сакам да сменам. Овие што ги користам - маслената на биодерма и една на Авино, па некако како да му ја сушат косата. Или може треба регенератор да почнам да му ставам. Трицикл има мали од тетка му ама не нѐ бива со него. Не знае да ги стави нозете каде што треба, имам пробано да го буткам ама нозете ги влече по земја, ќе направиме беља. И го баталивме, го оставивме кај свеки.
Само така немој лабаво Оваа мојава сега додека прооде на глава се качи кој одел кој се шетал за ркичката фанат дрн дрн Јас само и викав среќно нек им е кај и да одат... Е сега од кога прооде нелк стапалки е демек чекај убаво да одела да не се сопкала па веке месец ипол оди детево упте било рано за стапалки Мене баш и ми е гајле пошто тоа не ми е баш некоја есенцијална работа ама изгледа треба на школо да тргне за да не се сопкала.... Дрн дрн јариња
Денеска е втор ден како пие, денеска добро јадеше. Не верувам дека е одма од сирупот, ако за една недела продолжи трендот ке ви пишам.
Чекај вака. Твојот јадеше малце количински? Мојата количински јаде многу стварно, ама три работи само
Мајка Бекутан б комплекс ви го даде педијатар? Јас го купив ама читам на упатството пишува неколку под точки и се е за нервниот систем и страв ме фати инаку ние со овошје сме скарани, месо јадеме, млечни и леб ама се на сила и по многу малку количински.
95cm со 17.5 кила е последно мерен . И мене ми е чудно, а тек на сите од околу... само добивам прашања со фацки 'леле нема 3 години?', 'зошто не зборува?', 'ауу машала дете'... Онака, колку и да е добронамерно, малку смачено ми е од прашања на кого е толку голем, па како го кревам, итн.. Нека се живи и здрави само. Инаку и мојот буци ги влече нозете по земја кога е на трицикл зошто е многу голем, и го паркирав у гаража.
И јас на своја рака го зедов од очај за не јадење, ми го препорача апотекарката. Но не го давав, така ми седеше. Отидов на педијатар и и кажав што ни се случува со јадењево и без да и спомнам ми рече да му давам бекутан Б комплекс наводно развивал апетит. Инаку да на под точките пишува за нервниот систем но освем позитивно дејство витамините од групата Б неможат да имаат негативно влијание. Слободно давај го. Патем сите сирупи за "апетит" се врз база на Б комплекс витамини, можеш и да провериш. Ние имаме напредок после 2 недели.Дали е од сирупот или период незнам
Не сум баш во тек во оваа тема, па би сакала да прашам за возраста на вашите деца. Син ми е 13 месеци па овој период е навистина слаб со јадење.
Па малечок е најверојатно и го доиш/пие ад .А има и периодично така денови јадат денови не. Мојот е 19+.
Ај и тука да прашам, дали имате користено Биваплекс гранули, какви се по состав и дали содржат шеќер? Друго што ме интересира, сакам од 12-13 месеци да ја адаптирам нашата исхрана спрема неговата за да не готвам дупли оброци, стварно е предизвик со активно бебе. Нели треба да се почне со малку сол. Колку е тоа малку, дали можат да се воведат полека сите зачини (претпоставувам вегета не треба, досега му имам дадено магдонос, босилек и оригано), дали може да јаде се што јадеме ние зготвено после година? Свежи салати од кога се даваат? Ако може некоја мајка да ми објасни како оди ова со исхраната и како правите вие? Фала
Ако ти јаде без сол и не мораш да брзаш, не е исто кога ќе се зготви со сол ама јас и така сум правела, па за нас ќе си додадеме сол. Секако и малку сол нема да штети ама јас добив таков совет од педијатар, дека ако си јаде бе, сол до 2 години може така да јаде, натриум внесуваат доволно пд зеленчукот па штета нема да има. Јас куркума и бибер додавам, сушен лук некогаш. За мене тоа е одлична возраст да се готви еден ручек, веќе и разбира дека јадете исто јадење. Салати од годинка се даваат, колку е ова точно не сум сигурна ама исто совет од педијатар