Кога почнав да му давам од нашите јадења ставав помалку сол при готвење ,ние си додававме уз јадење. Вегета користев уште пред да почнам сол да ставам. Друите зачини исто со нас си јаде преку нашите јадења. Салата околу година ни рече дека може педијатарот, со маслиново и лимон,ама мојов не ми јаде. Па некогаш грицка свеж зеленчук. Повеќе е по овошјето. А јас имам прашање, детево си џвака храна со парчиња, но проблем ми е месото. Кога е мелено си го јаде (но мелено имам само свинско со телешко мешано) , ама кога е во парчиња многу брзо се откажува џвакајќи. Ситно го цепкам и му давам ама ќе го врти низ јазик ,се случува и да го плукне. И многу помалце ќе изеде од манџата кога е со месо. Кога е без месо ќе си ја изеде цела. Така да што е подобро : цел оброк без месо или малку оброк со многу малку месо?
Јас дојдов само да напишам: Вратете се скокови, се ви е простено. Ова со тантрумиве е опасно по живот.
Да му го давам од сабајле после оброк. Веќе не мерам од прилика редам на мала лажичка , да не е ни цела да не е ни празна. Иначе и самиот сируп си има мера на лажичката пластична.
@Jana06 и покрај тоа шо ми јаде се готвам посебно оти јас и мм не јадиме ништо, бетер од децата сме не знам на кој е јадач Сол почнав мислам на 13/14м по малце а други зачини ставав и пред тоа. @Sofi.ja јас кога послужувам оброк не отчекувам да изеде се и не форсирам, доволно ми е да касни од се по малце, не се откажувај ке се научи да џвака.
Да се самоцитирам оти знам дека многу читаат. Ја подобриле формулата оваа година на детските производи на Апивита. Па така детскиот 50ка фактор сега има прилично понежна текстура, убаво впива и убаво се размачкува, не остава бели траги а и кожата ја прави мекана. Во аптека ми кажаа тоа е ново од спф и се друго што ќе најдам е од лани. Подарок уз него одеше шампон/гел за туширање, кој и лани го земав ама печеше очи и го фрлив, а сега пишува на него - нема веќе солзи, што многу ме радува, башка мириса свежо на мандарина. Иако претходно го земав Uriage синиот, оти имаше доста позитивни критики на форумов, мене пак мирисот ич не ме бендиса. Сега имам креми и гелови за туширање тезгиче да отворам. @*malenavolena*87 чим е таква работата земај трицикл и дај и го на неа, мож ќе и служи за до пазарче, да го товари. Јака ви душа со жениве.
@Jana06 и ние со маж ми не сме нешто посебно јадачи така да не знам што може од наша храна да јаде Му правам посебно ама има денови кога јаде и од нашето, кога има ориз, кромпир, месо, риба. Почнав после годинка сол ама малку, е колку малку од прилика ставам еднаш или два пати со соларникот, иако воопшто не е солен. Зачини како кари, лук во прав, оригано, еден црвен зачин од стокомак, му давам уште пред годинка. Моментално сме уште на пола блендирано, пола пасирано, пола парчиња, зависи од оброк Салата не сум дала така свежа уште, ама краставичка јаде како глувче, за 2 секунди ја изгрицкал. Морков кога како го зема да го грицка, брокула јаде исто така. А друго кога ќе му ставам на маса бира со рачињата, може и ништо да не земе. Кога почнаа да јадат вашите сами со лажица? Грешка правам што не му давам често лажица, ама цело време игра со неа и пола е во уста, пола фрла на земја. и кога и како дадовте мед?
Мајки дали некогаш ви се случило да се збуните колку месеци ви е детето??? Синко е 20 месеци, денеска 21.
Јас на Апивита земав пред да се породам купка-шампонче бејби на мирис на мед, крема за пеленска регија и само роа и ставав во орвите месеци. Шампонот до пред 1 месец ми траеше, мало пакување е, ама скроз малку ставав и пушта многу пена и затоа толку многу ми траеше. Сега и купив на Pharmasept шампон-купка екстра сензитив бејби, а за син ми од 1 кг исто на Pharmasept многу нежно мирисаат и двата, за сега сум засоволна. Лани, а до душа и до сега не сум и ставала крем со спф фактор. Е сега годинава здравје планираме да одиме почесто на плажа, дека пораснавме нелини педијатарот ми даде тестери на La Poshay и на Frezyderm 50 фактор за бебиња ама не сум го отворила, ќе ги пробаме деновиве ама ќе видам и на Апивита сепак мислам поприродна е козметиката. Јас и за мене си земав лани млеко за тело и лице 30 фактор и крем за после сонцето, преубаво мирисаат, уште имам и веќе си ставам кога излегуваме оти сонцето си пече.
Според мене и моето искуство, тотално непотребна работа. И обични гаќички вршат работа кога ќе дојде време за одвикнување, или па скроз голо дете Ова е исто што и пелена, освен тоа што се перат. И се доста дебели, некои се и со најлон, така да јас не би Од искуство ова инаку, имав купено за големата, џабе, не даде ни да и’ ги облечам, дебели биле викаше Кога и’ дојде време за одвикнување, сама си побара гаќички да носи обични памучни и толку беше, фрли пелена @Jana06 можеш да почнеш да готвиш исто и за вас и за него. И сол можеш да ставаш, за почеток би ти препорачала хималајска, зошто е демек поздрава варијанта и не соли толку како обичната сол. Манџички што јадете вие, тоа и за него, само иситнето/пасирано. Од други зачини, може магдонос, целер (сушен ставам јас, мојата го обожава), оригано, оној микс сушен зеленчук за супи и сл. Вегета не би на толку мало дете, има доста адитиви. Јас правам едно јадење за сите најчесто, со тоа што ставам помалку сол, а после за нас ако треба си додаваме. И без запршки секако. Салата толку мало дете тешко да јаде, барем јас не сум видела. Големава тек на 2 ипол пројаде “нормална” салата Јас на бебка и’ давам морков исчистен, некогаш варен, некогаш жив, краставичка, пиперка жива, брокула... Се’ што може да си грицка
@Yowannty супер што ја подобриле формулата на Апивита производите. Мене ми се најдобри тие на Апивита и на Натура сиберика. Штета што со истиот мирис мандарина немаат и лосион за тело.
Моја беба јаде како салата рендано цвекло на ситно (птедходно малку варено за да омекне) и само така ми јаде телешко месо и тој ручек со телешко мора да е блендиран инаку телешко нема јадење Толку ми е интересна што уште ракиичка да и дадам за да си мезне со салатката
Ооо епа стварно машала. Извини, се шалам. Синко твој уште повисок, моево нема 90. А има 17кг, па едно од почестите прашања е дали татко му е дебел.. Абе ај нека бркаат работа, стварно им е досадно на луѓево изгледа. Туку ми крена температура вчера. Без најава, одеднаш заплака во сон и гледам гори. Му се движеше 38-39 околу два саати, не можеше да заспие, па бладаше нешто без врска, и дадов Бруфен. Намали малку ама до денес попладнето го држеше околу 38. Веќе нема, ама затоа три пати се разбуди со плачење, не може да се смири по 15-20минути. Препишувам на заби. Мислам дека сите четворки одеднаш му растат, вака лошо со плачки не спиел од прво запче кога вадеше. И ништо ама баш ништо не јадеше денес. На рyчек две залчиња и ги поврати. Ми се спие
Мајки прават ли вашите бебушки “ коло напред” не знам велите вие така.се превртува преку глава. Од памет ме вади. Ќе се исправи на раце и нозе и се превртува.
Еве ме и мене на кратко. Ја заспав ќерка ми па да чкртнам нешто. Ме нема но тешко дека ќе ме има со оваа немирка. Илјадници бељи ми направи овие дена од кршење Блендер, буквално 2 кг брашно истурено врз неа, испиено масло за готвење, јадење од ѓубре. Кинење и фрлање цвеќе од тераса... Немам сила веќе. Легнувам во 2-3 станувам во 6. Вечерва сум мртва. Ако не легнам ќе ме нема. @Мариаа. Само ќе те гушнам. Лек немам. Ако најдеш кажувај. Завчера се фрлаше и плачеше дека и го зедов маслото што пола го испи, пола го истури врз себе и на под. Трет ден и мијам коса сеуште е мрсна. Денес прими петтовалентна ревакцина. Чекам реакција. Ве гушкам мајки