Мајки да не знаете која е цената за брис од очи, нос и грло во Пролет? Морам утре да ја носам, во градинка така фино си се здружиле со некоја бактерија и си ја подаваат еден на друг
Немој во Пролет. 80% од брисевите им се утнати резултатите. Повеќе не би можела да коментирам. Носи го детето во Авицена околу 450 се.
Не разбирам....Како разбра дека им се утнати? Сега ќе се јавам и во Авицена, зашто во две приватни каде што прашав фондот не ги покрива брисевиве и ќе ме кошта ѓа'ол и пол. @azelea има коњуктивит а разбравме дека уште едно детенце од групата од денес не оди и е на антибиотик поради некоја бактерија.
Ние денес бевме во Адриалаб за брис од нос и грло, 350 денари. Отприлика толку е и во Авицена. Минатиот пат правевме во Авицена, ама овојпат решив овде да видиме поради две причини. Сѐ повеќе слушам демек неточни им биле резултатите во Авицена (иако јас сум немала такво искуство досега) ; И поради непрофесионалниот однос од последниот пат кога правев крвна слика и скриен шеќер за мене.
Еве вака се цените: Адриалаб: Нос и грло-350 ден Око (едно)-900 ден Авицена: Нос и грло-450 ден Око (за двете)-1500 ден Превемед (тоа ми е во маало, во Автокоманда) Нос и грло-350 ден Око- 300ден Овие работат со фондот, затоа е помала цената за брис од очи, но ги праќаат брисевите на микробиологија. Во Пролет имам правено за мене комплет брисеви пред 3-4 години и платив 600ден се вкупно. Затоа прашав како е сега со цените и зошто да не им се точни резултатите. Голема разлика е да платам 2000 наместо 600ден.
Само во Тафталиџе, во Аеродром не работат со картони. Не знам дали сите испитувања се покриени од фондот или само одредени. Треба да се праша. Јас последниот пат кога ја носев малата за брисеви, барав за Авицена, ама матичната ми рече дека не може за таму да ми даде туку само за Пролет. Појма немам зошто. Крвна слика секогаш во Авицена правиме и за тоа ми дава упат без проблем.
А зaштo не гo oднесеш вo Прoлеќе (oдмa пoд мoстoт пoзaди Тутунски ) ? И тaмo зимaaт брисеви oд нoс , грлo , oкo и уши .
@joy1 да прашам нешто. Од кога се дава семе чиа и дали може да ги надомести протеините потребни за организмот доколку детето не обожува телешко /пилешко месо ?
Јас чиа не сум дала ама 12 + мислам дека беше. Содржи мн мн железо калциум и калиум но по протеинска вредност киноата е по близу до месото.
Превемед никако. Кога бев трудна така фино лепо два пати ме испотресоа што сега ни капка крв не би им дала. После 5 години само во делот за брисеви ја сменив авицена и се покажа дека сум во право. Накратко: секој месец правевме контролни брисеви зошто син ми знаеше да качи темп.така повисока и по дефолт ај крвна слика и брисеви зошто оди во градинка. И се нема ништо. На крај му се фати гласот до даска качи т и викам ај ќе одиме во адриа лаб и испадна дека има стрептокока пиогенис. Имам и др.ситуации а немам време да пишувам.
И јас мислам дека чиата нема протеини нешто особено,инаку многу дава енергија,а за протеини најмногу киноа,дури замена за месо е кај вегетаријанците.И јас не сум дала чиа уште,баш дека дава енергија,а мојата ја има и тоа многу,така да ми е страв од дополнителен стимул
И јас нешто околу овие работи сум чула,а и пак за адриалаб слушам обавезно на брисевите скоро кај сите децата им се со бактерии,па и од таму се жалат,човек да незнае кај е сигурен веќе
Мајки имаме 13 месеци. Втор пат во сон ми се случи да ми заплаче бебчето со липтање и два пати будна .Многу тешко се смирува липти и се заикнува дури. Во сон не можев да ја разбудам дури а будна еднаш нерасонета се уплаши од црна блуза а вториот пат и пеев една песничка која и ја пее баба и и се смее со неа...Малата Снежана седе и плаче...и дали сии мислеше дека јас ќе плачам и пак така се нажали и почна да липти... Не е плачливо бебе воопшто не плаче но е плашлива малку повеќе. Дали е нпрмално и што да направам освен што можам да ја гушнам и смирам да и дадам да цица.. Не сакам да има стравови па за секоја нова работа и објаснувам и зборам што е тоа ..одиме заедно да го пипнеме..
@Pcelka94 да не ја натρупуваме темата,затоа овде пишувам Те ρазбиρам,најтешκо за една мајκа е детето да одбива да јаде. Може е пеρиод,но имам пρимеρ,внуκ ми сега има 6год.и до 9месеци јадеше се што ќе му зготвеа. Од тогаш па до денес,тој е вечен нејадач. Цел ден да не му виκнат нема да јаде. Има неκолκу омилени јадења и κога одбива се,моρа да му дадат тоа што саκа. Тоа е до детето и не можат ништо да напρават.
A 13-month-old has a budding imagination, and things that never seemed to bother him before, such as the vacuum cleaner, bathtime, or a neighbor's pet, may suddenly be very scary.
Ете тoa е тoa исти кaкo синкo , истo и oн имa oнилени некoлку јaдењa oсвен тoa другo не сaкa дa чуе сигoрнo периoд е некoј се нaдевaм ќе им прoјде
Мајки, не сум зајадлива ниту иронична, ниту сакам да предизвикам кавга. Сакам одговор, зошто давате чоколадо? Од која причина? Одговорот дека е добро за мозокот не ми е доволен, приеодни шеќери има во овошјето, б витамини има во многу работи меѓу кои и житарките. Какао исто сурово има за да се искористи за нешто спремано дома.