Прејако! Сеа извини за тебе не е јако, ама ја "замислувам" ко во филмон Сам дома, немирка една кај ѝ текнуваат тие бељи?!
Не знам, нема чаре ни кај нас. Ова инаку и’ е ископирано на бебка моја од сестра и’, она прави такви акробации нонстоп, се превртува, па малава гледа и пробува и она. Најчесто го прави додека заспие навечер, креветчето го превртува од акробации, јас само зборам не така, не вака, ама џабе. Кога ќе се измори, тогаш заспива Среќа па спие мирно штом заспие. Не знам, немам решение. Ако најдеш, кажи
Кога најмирното бебе на @Presrekna почна да палавее, за дргуите што останува Моево дете уште на глава да стои. Пред некој ден скокна од платоформа на трева како да скока во базен. Јас се укочив да не се искрши, он се кикоти. Се качува на маса, на стол, се бута оод кревет, истури сабајле маџун по кујна, брца во ѓубре, влече тоалетна од вц по стан, се качува од тросед на прозор да спупшта ролетни Јас и татко му папагали. Само не таму, не така, не тоа.. ваљда некад ќе разбере.
Лелелеле ве читам за немирниќа на бебушите, мојава пак, почна да се качува на столчето од батко и, тоа од џамбо, сигурно го имате многумина, дига едната нога, со едната рака се држи за столчето и се качува сама, си седнува и спаѓа пак и пак одново и се така За некој ден ќе полни 13 месеци. Сеуште не оди сама, се држи и оди, сама сеуште се плаши
Со лесно нека е. Ние качивме 39 тт дента. Ама весела беше. Кога те читам за палавка, како за мојата да читам. Пргава до максимум. По лизгалка со грб свртена се спушта. Се фрла, гајле нема. Се строи од децата што се тамо.
Синко и на хауба се качува, на неговата кола на акумулатор. Кај мајка ми скока од додатна масичка во ќош на тросед.
@koritsaki многу се радувам за Апивита, знаеш дека користам и за себе. И барав и јас лосион од мандарина не најдов. Ама не најдов никаков. Или на скруџ нема? Дали знаеш дали воопшто има некаков лосион за тело за деца? А со пискањево што праиме? Од 4 месеци писка. Сега веќе дури и истенчен и е гласот, а ја мислам дека заглувев малку. Ми зуи во глава 10 минути откако ќе ми врисне во близина на уво, најсериозно ова. Не знам дал може да ми остави некакви последици. Ама многу ми писка девојчево бе луѓе. Дали ова некогаш престанува?
Зборував, зборував и џабе еден период само молчев и ја пазев да не е намерно затоа шо викам не ама исто она си тера, е само шо мојата е како на @Sexybaby86 акробациите и се пред спиење. А за тоа колку "мирно" дете имам ке си поќутам оти не знам од кај да почнам искрено
@NewMama и останатите мајки на нејадачи: мислам дека синко почна да јаде. Сам бара да јаде и јаде без проблем. Два дена по ред појадокот го крка без проблем. Ке ве известам како ке биде натаму, сега за сега сум задоволна. Не сум сигурна дали може сирупот толку брзо да дејствува ама пред сирупот и кога јадеше јадеше со молби и драми.
@Yowannty немаат лосион за тело за бебиња/деца. Јас им предложив да направат како шампонот таков ист мирис , се надевам во иднина ќе ме послушаат
Аааа ок,јас тој го имав давано на син ми оти и тој вечито нејадач од бебе, ама јас за имунитет му го давав лани или полани беше не се сеќавам,не видов некоја разлика....можеби оти е поголем не знам. Фала ти во секој случај
Јас давам два пати по 5 мл, наутро на гладно и кога ке стане од спиење пред ручек на гладно. Давав и бекутан мултивитамин ама немаше некоја огромна разлика. Давав и еден sambucol ама и од него немаше промена. Од овој има за неколку дена. 99 % сум сигурна дека е од сирупот затоа што до сега не јадел вака без молење. Плус уште неколку пробав да давам ама не ги сакаше да ги пие воопшто. А @Bubish26 е задоволна од Апетито. Синко не сакаше да го види.