Ти текнува коа ти викав да го заспиваш така што само ќе лежите заедно у темница? Мене ми текнува....шо убаво беше... Луѓе вчера заспа у 01:00! Се фрлаше врз мене, фрлаше перници, врискаше... На крај запна дека ќе спие со неговиот прст брцнат кај мене у уста и никако поинаку...и така...
За спиење немаме мака, ради градинка шема. Ама затоа за јадење и лупање од земјa.... @srekice Исто, оди па преживеј без цигаре. А ти текнува во фаза новороденче хејтавме баби и дедовци што труеле на цигари коа ќе ги земат во раце.
Девојки, да се пофалиме со новите патичиња, фала ви уште еднаш, баш се лесни и добро оди со нив. Туку, почна и Нина да се треска од земја, зошто не го држам далинското во рака, фаќа од земја се треска, испадна со татко и во парк, не и се идело дома се тркалала по тревата, па ајде итен повик да отидам кај нив. Начекала вратата од тоалет отворена, сите топчиња малечки во шоља, кога врисна оти не смее пак ауу ауу мислам комшиве се полудени од неа. За секоја работа она кенка.. става ред по дома, кај што ќе стои, кај кој ќе седе, кој што мора да држи во рака, во спротивно солзи божем кој знае што ја боли. Најтешко ми паѓа тоа што крие ствари што ни требаат, а не знае да каже каде се па со маж ми се пикаме под кревети да бараме, а она се шуња опуштено околу нас.
Со здравје патичињата баш е слатка Инаку што се тиче акање од земја еве и ние полека се приклучуваме Исто и за плачење со солзи и до снемување здив затоа што сме и го земале пластичното шише или затоа што е затворена вратата или затоа што неможе количката за кукли да ја извади од кај што ја загкавила Еве ја сега влезе сама во игрална се закопча и кенка затоа што од внатре неможе да ја откопча да излезе Прееска плачеше на хранилка а јаде и и се допаѓа тоа што јаде ама ете малце да поплаче пошто нели да не ни е чудно Али па ко ке дојде да ме гушне срце ми топи
Јас имам професионалец за фрлање од земја од поодамна. За се што не му е по кеиф се фрла плаче се дере. дури не ми се верува. нема поголема радост, ама знаеш најубаво како е.
Ма остај тоа. Јас ги имав скроз откажано. Ама, срце јуначко не издржа Туку, детево многу вришти. Значи за инат, од петни жили ВРИШТИИИ.Од среќа вришти. Само вришти
Уф Што да ви кажам моми...моето мирно,кај ке го седнеш таму ке го најдеш. Мала шала, не можеш ни да го седнаш ама нека се живи и здрави. Јас цигари не пушам,мене ми треба нешто појако за да смирам, што од тантруми што од он лине школо,ако воопшто може да се нарече школо
Еве и јас ќе се пријавам да не речите мирно дете ми се погоди Секој ден си викам од денес почнувам да пушам Се пика и качува во фиоки. Или обратно, како и да е. За врискање не е често ама е ужасно гласно. За памперс нема шанса да седи мирна. Мора да спие со прамени од мојата коса иначе одма кавги. Во сонот вика Косе, косее Ама не се сложвам со @Мариаа. , Скоковите беа живот ми одузми. Сега некако ќе се договориме Поздрав другарчиња
Добар ден другарки, само да ве поздравам денес доаѓаме за Македонија спремни деца, куфери све, пуштајте среќа да издржам сама со децава се опремив со интернет, играчки во кола, големата да ја занимава малата , се надевам И купив сирупче против повраќање на малово не знам дали го има во Мк ама прв пат го купувам, се надевам дека помага не сме го користеле до сега.
Жено свака ти част. Јас одбив патување со авион за зимски одмор,бидеќи мораше сама да одам со синко до дестинацијата. А ти и возиш и сама и со 2 деца. Браво Добар пат и кажи како ќе поминеш
@NewMama @Dikinzi фала ви мајки тоа направи короната да не можат да дојдат моите да ми помогнат вака со деца поготово со малото кога ми треба помош. Ама ок среќа испадна свекор ми да дојде и и помогна и он малку во возењето. Инаку стигнавме ние, 250 км издржа повеќето време спиеше (намерно ја оставив да не спие) е потоа наредните 200 км поврати 4-5 пати два пати застанавме да ја пресоблечам. Дали сирупов престана да делува, дали е до детето не знам. Локомотив сирупот беше подобар , наредно пак него ќе го земам..
Кај ги криете децава што се траскаат од земја, кај и да го носиме ете така одма вреска, плачки со солзи, фрлање на земја ако нешто не му е по кеиф, кај и да одам се фини деца фатени за раче. Кај сте бе да се тешам
Јас од 11 месец давам, мислам дека не мора да се пази нешто посебно оти е сепак јајце, слично по состав како кокошкино. Поздраво е, и 3-4 се замена за 1 кокошкино. Ние ги пржиме или ги вариме, живи не даваме.
Ова правило е изгледа. Сабајле 10 минути пред зграда, не знам колку пати ми се излизга од рака како змија и се спружи на земја кенкајќи. Другите деца си возат тротинетче, си седат во количка, си грицкаат нешто, теткиците те гледаат, некоја те теши демек "Изморен е"... Не тетка, во десетти скок кај громчето е... Ама па зошто другите деца никогаш не се во скок? И не ли им растат заби?! Пишав пред некој ден имаше температура, само една вечер и му помина. И еве уште не јаде, затоа мислам дека се заби. Еј ама ништо ништо, во еден ден три залчиња вкупно нема ставено. И ми се чини дека барем две четворки во исто време му излегуваат. Се буди со врескање, не се смирува, се буди на пола саат, синоќа после 4 заспав. Па и заб ме болеше. Преку ден за сѐ нешто заплачува. Леле хорор, аман нека поминува, најтежок период до сега. И што со нејадењево? Да давам некаков витамин? Железо? Знам дека од неколку дена ништо нема да му биде, ама ми се чини подочњаци ко да има.
Мајки грев ли е што скоро секој ден доручек или вечера ни е готова каша од тегленце? Овошје не јаде никако, за доручек освен тост со намаз од авокадо или нешто млечно немам идеја што би давала а и не јади ништо се едно исто. За тоа спас ми се по некоја каша за добра ноќ на Хип или овошни на Холе ама многу ретко проаѓаат овошните.