Кај синко денската дремка е 1 и 30 до 2 часа. Навечер спие 10 - 12 часа. Ноќе не се буди за титем, ретко кога е гладен. Околу 7 се буди за титем и презаспива до кај 9. Ако не се разбуди сам го будам. Вчера се преселивме и сабајле кога се разбуди за титем и виде дека не е дома се разбуди со чидење и не презаспа. Денски од 15 до 12 до кај 15 до 2 спиеше. Еве сега веќе спие. Планирам да го задржам овој план на спиење. И да се случи во 11 да заспие, 9 го будам. Ако се разбуди подоцна од 9 денската дремка ке се помести и тоа нема да е здраво за него ни мене ке ми одговара. Една дремка има од 1 година.
Мојов 16 месеци, уште во раце заспива. Можам да кажам дека многу ми се поедностави работата кога сврте на 1 дремка. Станува до 3 најкасно и во 8 веќе му се спие. Еве го само што го земав во раце заспа. И пошто цел ден не го гледам, а и кога сме заедно не се гушка со мене, убаво ми е вака да го подржам 15тина минути додека заспие цврсто. За трескањето од земја, тука сме. За нејадење, исто. Јаде само на песнички ама што му се свиѓаат. А критериумот за тоа што му се свиѓа го мења секој ден. И ако не е задоволен од песната се лути и врти со главата. Додека трефнам која му се свиѓа, па таа на пола ќе му здосади, па следна да најдам.. Аууу живци веќе немам
Јас никогаш сум немала проблем со нишање ни како новороденче не е нишана. Ептен мала спиеше врз мене и никако поинаку, после постепено почнав да ја учам да заспива сама. И сега заспива сама само шо е поголема и е малце потешко да ја легнеш. Бидејќи разбира секогаш и давам избор, пример: сакаш со мама или со тато да одиш во спална? Кои пижами ги сакаш, давам да бира. Која сликовница ке ја читаме? Од кога ке заврши сето тоа пие млеко, мие заби и легнува. Но не е се толку идеално следуваат акробации, вртење, скокање и на крај паѓа од умор. Се буди сто пати но презаспива сама, преку ден еден саат спие Значи вака коа ке видиш немам проблем со заспивање туку со не спиење Мој совет ти е да не попушташ да нишаш шо сака нека прави ке се измори на крај, може ке трае подолго ама со тек на време ке се намали и побрзо ке заспива.
@Cherry333 Кај нас гледам дека уште е рано за една дремка. Уште си спие два пати по саат ипол минимум. Вкупно се фаќа 3.5-4 саати дневни дремки. Кога ќе почне да ја намалува едната тогаш ќе одиме на само една. @haruki Не знам што дете ќе беше, неуморен е. Пробав да не попуштам, од сите го добивам тој совет и останува до 00-01h буден. Мене очите ми паѓаат, не знам кај се наоѓам, а тој уште се смее. На крај станува нервозен и само плаче за спиење и пак го земам во раце за да си ги скратам маките да поспијам и јас. Што е најинтересно, во колку и да заспие пак си станува сабајле во 6-7h, чувај боже да ме остави да поспијам. Ми останува изгледа да пробам кога ќе биде на една дремка, не знам веќе. Сама сум си крива знам, прво дете и само го гушкав, го држев, му се радував, па дојдоа грчевите и тука беше клучното. Тоа е.
Штом толку доцна заспива време е за една дремка. Љубов никогаш не е премногу. Гушкај го без грижа на совест дека си го размазила или научила вака онака.
Тогаш земај го во раце. Можеби му е фаза, па наместо да се мачите чекај да помине па тогаш учи го да заспива сам. Подобро и за двајцата.
Додека да се научи може да помине една недела кај шо ке заспива во 01ч и постепено додека се врати во нормала, процес е ново е за него па и за тебе. Исцрпувачки е многу а може и да те изненади брзо да се научи. Само со тебе заспива? Нема зошто да чувствуваш вина реално растеме и учиме заедно со нив, на твоето му требало нишкање на моето му требаше само гушкање и топлина, знам шо е мака со грчеви. Да бидам искрена има ноќи кога сакам пак да спие само врз мене
Ех, би спиела јас цела ноќ со него врз мене Имаше период кога заспиваше и со татко му ама сега сме во хаос со вадење 4 заби одеднаш и 8ми скок.
И тоа ке помине и да видиш како брзо Чудо се колку брзо растат пред очи ни растат а да не сетиме Колку вчера се радував на првуте гугања а еве ја трча околу нас и пробува се да не повторува
Јана мојата е 2г и 3м, сме имале фази сама да заспива но беа реткост, 90% е успивање во раце. Сега пробав вака и давам играчка во раце или мече што го сака и ја зимам во раце да свати дека е време за спиење, нишкам 2мин и ја носам во спалната и легнуваме. Пак и треба време да заспие, но не рипа и лудува. Ако ја однесам директно во спална нема шанси да заспие. Ништо со сила, детето само ќе покаже дека не сака во раце кога ќе почне тешко да заспива во нив.
@Jana06 сега во скок потешко би било да го одвикнеш. Нека помине скокот, почекај па пробај нешто ново. Конкретно за кај нас, на 7 месеци го одвикнав од раце, некако се виткаше, му беше неудобно. Јас го легнав на софата во дневна, го нишкав легнат, го тапкав по газето, па со вртење де на една де на друга страна,заспа. Е сега твоето е сега поголем, ќе станува и ќе изводи. Ако не знаеш сама како, понатака побарај консултација кај доктор гуднајт, барем ќе следиш инструкции, директно за твоето дете и ќе си посигурна како правиш, без двоумење. @Enci201 , ќе може да ми кажеш каква четка користиш за детето? Моево е 13 месеци заб му немам измиено
Аман кажувајте совет за прекинување на дневен подој. Син ми спие кога еднаш кога двапати денски. Сакам тој еден/два подои да не се со цицање. Како да се решам? Кога е право време, како ќе реагира, дали плачат многу, тажно ли е.... Да му давам вода пред спиење како замена? Да не е жеден ми е, вака со цицање бар си знам напиено си е. Јас веќе размислувам за постепено одбивање. Градиве не ми се преполнуваат ни по 12 часа, а вчера имав од едната пауза дури 18 часа. Преку ноќ цица двапати, па така утрото не му давам да цица, има млечен оброк. Значи наредно е дневното за дремка. Сакам и ноќното да му го скратам, да има само наутро и навечер. Е па како се изведува тоа не знам Колку дена има плачки во дневното одбивање?
Според мене, прво се одбиваат ноќните подои а потоа постепено се намалуваат дневните подои. Јас така направив. По три дена давав 3 подои, па 3 дена по 2 подои...и гајле немаше бебо а и јас немав гајле со градите. Пред спиење не сум давала ништо, нит вода нит млеко ништо.
Мајка, многу спие денски. Нека има 2 дремки, ама втората максимум 45 мин. 3ипол/4 саата спиење дење е премногу и затоа не е уморен. Максимум 2ипол саата треба да спие денски.
Од пред 10 дена почнав со одбивање,токму од денскиот подој. Моето има 18м и разбира се,па го искористив тоа и со моливче за уста ги ишкртав градите. Кога побара цице за заспивање му реков расипано е и му ги покажав. Првиот пат плачеше највеќе,а три пати побара да ги види и секој следен пат помалку плачеше. Го нишкав на фотеља и му кажував приказни и заспа. Вечерта побара за заспивање и ако не се лажам прво будење му беше во 5,што не се случило откако е роден. Во првите три дена знаеше да спомне за цице дење,го откачував,а ноќе го оставав да си побара. 3-4 дена бараше за заспивање а другиве денови заспива со приказна. Така да ни остана уште утринскиот подој кој почна во 5,па 6 и денес 7ипол. Денес да го разбудев за во градинка немаше ни да цица. Не го форсирам кога сам ќе одлучи да го скрати последниот нека го скрати. Многу,многу помирно спие откако цица само 1-2 пати.
Има едни четки специјални за бебиња. Од една страна глодалка од друга четка, пишува дека е за возраст од 0 до не знам колку беше Со неа долго му ги миев и еднаш видов дека малку си го имаше повредено непцето (нели тој ја гризе )) И после сменив со силиконско четче што се става на прст. Тоа е всушност за масирање на непцата, ама врши работа. Го има во дм во Мкд. Прво со сликонското и малку паста елмекс, а после земам газичка намокрена во превриена вода и чистам јазик, непца и пак запчиња.
@elenaklasik има бебешки четки од повеќе брендови.До сега сум сменила 3,Курапрокс е најдобра,со најмеки влакна. Ќерка ми е во некоја фаза,скок ли е немам поима. @Jana06 исто до завчера ми тераше по саат ипол-два дремки,па место во 20,почна да заспива во 21:30.Многу е. Утрово во 4:30 стана и ровареше лазејќи низ цел стан.Вади доле 3ки,какви отоци има,среќа апетитот не ја напушта,само навечер е често на цицка.Сакам да ја одбијам полека,ми станува напорно,ама ке чекам да искочат заби.Па ке дојдат следни,и се така,до 7 год ке цица. Не можам да опишам колку се радува на “Тите”,ги пее од 11 мес @Enci201 некогаш седнувам пред неа со скрстени нозе,таа лежи со нејзините во скут кај мене а јас и ги држам дланките галејќи ги и ѝ пеам.Заспива и така,и најлесно ми е да избегам.Се надевам ме свати. Со нишкање не сум ја заспала никогаш.Во количка на оваа возраст нема шанси,ептен е енергична,ко нинџа е