@dunika твоите нозе отворени ли се, турско седење? Или детето ти лежи на нозете? Ова за дневното или вечерното? Кај нас па во количка многу лесно заспива, ама исклучиво надвор Еднаш мм го стави дома и сакаше да скокне.
Синко одсабајле се дереше за се и сешто. Дремка 35 40 мин. Сега заспива. Во количка не памтам од кога нема заспиено. Кога шетаме обавезно е буден, да не испушти нешто.
Ако ти е за утеха, два пати прошетана со трчање во парк со се, без количка спиеше 35мин и еве ја акробации прави моментално А ви седат во количка или точаче?
Баш така,турско,или крснозе) Таа лежи на грб пред мене,со нејзините нозе кај мене во скут,и ме гледа дури и пеам приспивни и за некое време само и паѓа главчето настрана. @Jana06 денес ја разбудив во 5.Заспа кај 15 за 4,ако ја оставев ке тераше после 6.Ова за 2ра дремка зборам.Си беше весела најнормално,во 8 бањање,ја оставив да се шлапа подолго да се умори,и сега е купче. Овде кај мене во лето се стемнува после 10,ептен е безвеза,сега уште има зајдисонце кога ја успивам
исто исто. Шетан во природа, мада и таму се дереше, сакаше тостерот да го носиме со нас, купивме нов, не ни е од дома. Потоа кај една баба па кај друга трчаше по тераси, кај ав ав беше, само што стави усни на титем заспа.
Да да буди го. И јас го будам. Кога беснее до 11 а го будам во 9 се прави блесав. Отвара очи и се врти на страна. Маза.
20+ месеци сме успеавме некако да се убедиме да миеме заби ама некако мислам дека не ја одбравме пастата. Земав на vademecum со вкус на јаболко ама брзо менува грд вкус и нема некој ефект на миени заби. Исто така забележувам дека кога мие на крајот крв му тече. Дали грубо се четка или што е работата не зна . Трето, забележав дека четворките имаат примени на нив,некаде читав дека ако се со бели наслаги како флекички или има недостиг на калциум или станува збор за кариес. И иако веќе пробавме да стекнуваме навика за миење мислам дека џабе е кога навечер после миењето секако цица бидејќи така и заспива и навечер обавезно уште еднаш цица бидејќи немирно спие па за да призаспие морам да понудам да цица.
На детска улица немојш да не промашиш,ако не е дошетана колку она сака хаос, и ја само мирни дечиња гледам што си седат во количка и гледаат пиленца.
При крај хахах мојава не сака со никави играчки да си игра, ги враќа назад, сега со џогер ми го мине снатов додека пијам кафе и пкрапам, меѓу време иде да ме стане со цимолење за да висам така простум. Вчера имавме драма оти сакаше џогерот да го носи со нас во парк, да изметела улиците. Завчера вриштеше на цел глад оти татко и не ја оставаше да се качува најгоре на гарнитурата и да шета по неа, 29 пати имаше покушаи за да се качи пак со врискање, 30 пати ја спушти долу, почна да зајдува за тоа памперс не можам да сменам сама, со каките гола ми бега низ стан, само сакав да тргне во градинка барем 2 саати во денот, психички и физички ми треба одмор.
Ќе помине бегањето за памперс за месец два. Пробај прво легни ја и почни да и раскажуваш нешто за да и задржиш внимание па постепено соблекувај. Јас да се пофалам, прва преспана ноќ откако е роден Легна околу 9 и нешто вчера, заспа со приказна ,без цицање и не се разбуди цела ноќ. Промрда околу 3 ама си презаспа сам, значи можело и без цице да се спие. Последно цицање беше вчера утрото во 7ипол, се надевам само со градиве дека нема да имам проблем. Е сега со цуца се приврза ,почесто ја бара како утеха за цице,ама ај после од цуца ќе се одвикнуваме. Јас сум истовремено и среќна и тажна..
Јас те разбирам :/ на помислата за одвикнување од една страна се радувам на прњспаните ноќи од друга страна ми е жал уште сега колку многу ке ми фали тој поглед и тие галења при цицање
@Jana06 дека праша за обувки за летово. Овие Најубави, најкомотни и најпрактични за деца после година, до кај три. На штандовите на Ипанема по моловите ги има. Малово маста им ја вадеше, сега пак планирам да му купам.
Ја подлажнувам и почнува да јаде. Може е период, тројките се побелени ама не се излезени. Спие двапати. Ако му се спие ќе си спие. Големо или мало не е мерило.Мене и големата ми спие уште на пладне.
Ги има и онлајн https://mond.mk/product/paw-patrol-best-friends-sandal-baby-2/ Само не знам кој број да земам.
Затоа да се проба најарно. Се виткаат лесно, гумата им е пријатна, не ги поти нозете, а прстите се заштитени, што е најбитно кај деца над година.