Фала. Се мислам и за дома да земам, му требаат топлинки ама избор веќе нема, се е распродадено. Најдов табела ама според цм доста голем калап имаат.
Комотни се прилично, широки се напред. Или нацртај му го стапалцето на хартија /картон, исечи го и оди да пробаш со тоа, отприлика ќе знаеш бројка. Не се тесни кај глуждот, се прилагодува ремчето. Ваквите сандали од наше време беа крути и сечеа, овие се ептен меки.
И јас само ипанема носам апостолки и сандали, другите ме сечат. Овие имаат ептен квалитетна гума и ги нема да мрднат, а и на плажа ги носам, гајле немаат. Полесно ке ми е да порачам онлајн, бесплатна достава имаат над 1000 ден ама ако не е добар бројот покомплицирано е и ке мора да одиме. Јас и синко го носам, ме чекаат надвор со татко му, купувам и ако не се добри, ги менувам веднаш.
внатре гумени се или? Малава се праи живавода како мене во нозете и ми е страв да не се лизга, оти јас ја имам таа мака, ни лето не можам сандали да облечам. Иначе овакви и нарачав сега, фирмава ми е проверена, предлог за тие во среанство.
Јас мислам во овие повеќе ќе се поти бидејќи се кожни. Другиве се гумирани и лесни како пердуф, јас за мене си купувам секоја сезона , а сега ќе земам и за мали.
Ако земеш, и ако не ти е тешко, пиши кој број ке купиш и спореди ни ги со патиките кои ги имате. Исто и јас мислам дека овие се и позатворени и кожни.
Јас на моја беба и купив на елњфантен папучки многу се удобни и лета со нив. Исто и за големата со елефантен порасна. И да и поти ногичката со тенки памучни чорапки ќе и бидат удобни.
Тие што се пролактација велат дека мајчиното млеко не прави кариес. Напротив, тоа е антибактериско и се одржува влажноста во устата. Ама којзнае, последно според некои американски истражувања, демек предизвикувало. И после година не било убаво да Цица навечер.
Ау таму за моево е рај со камчињата @MilaSs12 случајно денес налетав на сандалкиве во OVS во Сити мол, околу 600ден се, гумени како од тие на Ипанема. Имаше од мали бројчиња до кај 24-25. Не можев да најдам слика од машки модел на интернет, ама во дуќан имаа нешто со мики маус и некои други дезенчиња.
Гледав некаде слични, ова позади да не се спушта лесно, па да се сопнува зашто како папучи ке биднат. Ама ке поминам да ги видам. Не знам картерс какви сандали имаат. Јас лани на чико зедов од енци менци околу 600 денари ама кратко ги носеше и затоа не зедов поскапи. И лани ги меркав ипанема.
Мојава патичиња имаше, сега веќе малечки и пукнав што нема број за да и нарачам.. дефинитивно наајудобни се. Не знам дали Мк има некаде