Хахаха дааа еве ја, од тој ден е сликава и малава моја беше на брдото, следен пат кажи ни се да си играат.
Кои д3 давате? Вигантолот ми се потрошени и 2 3 пати ги баравме во Србија а ни таму ги нема. Пливит не, горчат. @duffi ти мислам дека користиш други д3, можеш да ми кажеш кои?
Мајки ќе пишам и тука.. Млиот одбива да руча цела неделљ.. Се со сила со лажење д касни еколку лажички.. Не се буни го јади, го чува вуста.. Сметам дека е од забите.. Пошто излезе едната 2ка без да ја сетам ам сега побелена е и другата.. Ме загрижува што почна д ги трга ушите, да се удира баш коче јади.. Се нервирам нешто д не му е воспалено ама па ушната болка е јака, боли и ќе плачи... Дали е возможно одзаби д ги трга и фаќа ушите?
Тоа што сака тоа давај и не се нервирај пак ќе јади, ама дури не помини тешко е да не се нервираш јадеше само неколку работи и тоа давав. Па ќе пробие заб па ќе се разјади, после јово на ново исто...
Како сте мајки, немам време сега толку да ве следам малово ептен се разбеснеа овде кај баба и дедо сите ја тинтраат баш кога дојде првите два дена плачеше постојано, не од моите, нив три пати на ден на месинџер ги гледа , се плашеше по соби да оди, се и беше непознато потоа се навикна ама беше кошмар.. секако од летото немаше одено и не памтат вака додека се мали. 19+ е одбива овошје веќе неколку недели. Само банана пола ако касне и јагоди. Некогаш ни тоа не сака. Ама ок друго се јаде , барем тоа не ми е грижа
И ние сме на банана за доручек и вечера, ручек одбива. Таман реков зајаде и манџичка малава, со сласт ќе си апнеше колку толку, сега ми ја превртува чинијата.
Значи затоа не јаде. Наеднаш престана. Тегне ушиња, тројкиве ме убија значи. Каснува пет лажици и толку. Само чајна не одбива
Мајки, ние планираме да се одбиваме од цице. Веќе не бива. Премногу сум измалтрерирана, веќе ми е преку глава. Вака имам испланирано, кажете што мислите. Рутината во дневна си ја правам јас, се по ред: книга, четкање заби, памперс и пиџами. И на крај да го земе мм и да ми речат добра ноќ и да го однесе в спална. Таму исто како и јас да ја подзатемни ламбата, да го легне со кебенцето и да му го прераскажува денот. И што натаму???тој веројатно ќе се беснее, ќе скока по креветчето. И мм да го смирува така? Ако плаче да го гушка? Убаво ли е да го нишка или не? Неќам после по 5 пати во ноќта да мораме да го нишкаме. Си мислев да земеме и проектор, па ако ептен плаче да му го пушти и веројатно ќе се смири и може ќе заспие гледајќи нагоре во ѕидот. Сите совети и искуства се добредојдени
И ја сум изморена ептен, плус што ме стипе за брадавици додека цица и тоа на вечер ме излудува. Дење имаш одбиено? Ние уште дење се доиме и од како почна по малце да јаде, не и давам толку често, морам прво дење да средам, па на вечер, мене ме фаќа страв искрено ама од тоа што сум слушнала 4-7 дена трае теророт и после тоа спијат како бајчиња.
И јас се приклучувам на желбата за доста од цице Мојата дневно цица еднаш пред дремката После и е пред легнување навечер и ноќта е уште 2 пати.... Ама гледам немам веќе нешто мн млеко и прееска баш ради тоа цицање не ми заспа мислам дневна Пошто цица па си збориме и заспива.... Ама иџгледа немаше доволно млекце па пиптеше за уште и 30 мин никако не успевав да ја смирам на крај станавме и заспа надвор во количка И мн се изнервирав и бесна е ептен не сака дома да седи веќе само да шета по собите ичи надвор Нели и отвориш врата од дневна се дерња ко кузнае што да се дешава Ете така дојдов да се пожалам
Надвор ептен се покачија тт, многу топло време, сонце печи. Каков крем со з. фактор им ставате на дечињата?
Да, веќе 3 недели нема дневно цицање. Тоа ептен лесно укинавме. Ни побара, ни спомна не е некој цицач од прв ден. Во количка го заспивам денски. Доста е, и ние сме душички. Сосем доволно беше. Облекувај блуза, и прслук за цицање и само едното цице вади го. И мене така ме фаќаше за брадавицата. И последна мода што ме излудува е што ми се качува одозгора. Нешто се лигави на цице, заспива и се лизга надолу, и го ќе го допре креветот ете го пак кенка и ми се качува.
Пробно е така, ме тегне, вриштит ако не ме фати хаха ужааас. Е мене ме фаќа страв оти до пред месец-два само цицаше, сега почнавме со повеќе јадење и уште цицо и е најомилен. А за качувањето ќути.. ме газит на глава, се вртит, како црви да има не седи мирна. Денски и мене ми спие во количка, така се научи и дома не можам да ја заспијам никогаш, само кога ќе дојдеме дома одма ме тегне да седнам на кревет, некогаш и надвор ме тегне за са и дадам, веќе е голема за така ама ај..