Колку дневни дремки имаат вашите 14-15 месечни бебиња? Слабо ве пратам зошто имам дома едно дете што не застанува. Лудило е по дома, не седнувам повеќе од 2 секунди. П о л у д е в. @Makedonka007 биодерма
Ти реков цицо не е поврзан со јадење. Јадење е јадење ама титем е закон. Завчера му дојде мака, не цицаше уште од пладневна дремка, а веќе 9 му се приспа, јас излегувам од бањање а тој се фрли на колена и фати да цица. На една дремка од 2 часа е од 12 месеци.
14 месеци е и има 2 дремки од по саат ипол-два. Не ми личи дека за брзо ќе откачи една, сама си бара да спие, доаѓа и вика нана и ми легнува на рамо
Како ги миете забчињата на вашите дечиња? Ние сме 21м, може касниме многу ама мојот стоматолог го прашав рече да не му ги мијам до 3 години...немало потреба..а знам доата мајки им ги мијат...па сакам некој совет. Фала
Збори ми за полудување Една дремка има од максимум 1 ипол саат Инаку е 200 на саат не застанува само брбори и вика на сет глас и не сака да седи во една соба А ако се најде во ходник се дере најгладно што може пкпто има ехо и и е интересно Вчера со трициклот мораше и топката да ја шутираме додека стадавме до игралиште.... Пошто баба и баш мораше да каже дека има и топка со нас
Како бе не до 3год, ги миеме од прво запче, првен со напрсток после со четка. Миеме насабајле и навечер, ја оставаме сама да ги мие додека миеме ние заби после и ги четкаме без проблем.
Аууууу ова колегава некој затапен Како бе до 3 години да не ги мие забите да не си грешка нешто Па може сака работа да си отвори уствари Него запчиња најнормално јас имам lacalut четкичка мн малку паста детска и ставам и прво јас и ги измивам па и ја оставам четката демек и она да мие Ова почнавме да го практикуваме уште на 10 месеци а на беба и помага и кога и никнат заби убаво да си се исчеша со четката Ова ми е рутина за секоја вечер и секое утро
Јака ти душа со една дремка од 30 мин. Ни кафе немаш време да испиеш. Јас овие 2 часа додека спие не правам ништо. Кафенце и форум инста фб зара. Јас мислев моето дете е темпераментно, ама имало и полошо. Вчера рано ги снема ама претходни денови до 11 12 1 трчаат. Не знам каков ред имаат ама ова е неред. Не се буди синко инаку отидов со подгазени патики на врата.
15 месеца е кај мене второво, уште не сум почнала да четкам заби. Ама и нема да почнам сега за брзо, вади 6 заби наеднаш. Четири 4ки вади, горе и доле, и двојките двете доле и излегоа заедно со едната четворка. Не пикам ништо внатре дур не ѓи извади Ѓавол е..ѓавол..
Од 12 месеци има само една дремка од 2 часа. Инаку ноќно спиење има околу 11-12 часа. Веќе е 14 месеци и исто продолжува.
Не знам шо дете родив, на тоа трчање, одење на газе не седнува и само толку малку спие, загрижена сум. Иначе немам време ни за мочање а не па нешто да направиш. Во зграда имате деца шо трчаат до касно?
Да, ова е чудна појава за мене. И кај мајка и кај свекрва во куќа бев. Од сите соседи, а најголем дел од зградата е вселен, само они се слушаат кај тупотат. И синко е темпераментен ама спие. Денски 2 часа, ноќе 10 11 најчесто. Штом се разубави времето надвор е цело време и се преморува.
Кај нас зградата има само четири станеви вселено, под нас има детенце од 3год ако ми веруваш дојди ли 11ч навечер почнува акција. Мислам дека сите топки шо ги има дома ги шутира, вози точаци, лудило. А преку ден го нема никаде и моево прави галама вика, тропа летаат топки ама не во такво време. Се преморува и се спие трие очи легнува за две минути преку ден е заспана и оп пак 30/35 мин. Изгледа треба да се помирам дека такво ми е детето
Можеби е фаза. Да те утешам малку. Ама поверојатно такво ти е детето. Децава моментално се во акција. Не знам кога спијат, пред 11 навечер не се во кревет. Поточно тоа време се најгласни. А во цела зграда има многу мали деца, само овие се слушаат.
И кај свеки исто комшиите над нив почнуваат со акција во 22h. Спиев неколку пати таму и прво мислев дека куглаат, а тие уствари тротинетите ги возеле дома Мајката многу викаше по нив, ги кара, еднаш жената хистерично се дереше мислам нервен слом доживеа. Пред 1h нема шанси да легнат. Свеки ги толерираше две години ама и пукна филмот и се качи. Жената ептен била посрамена, се извинувала, а девојчињава ѕиркале срамежливо позади неа. Од тогаш ептен се тивки. Од друга страна, имам познаничка што намерно не ги легнува децата порано туку легнуваат со неа без разлика дали е 22h или 2h. Тогаш уште не бев родител ама пак чудно ми дојде и ја прашав зошто, ми рече за да се наспие и таа, фактички да легнуваат и да стануваат заедно. Ако ги легне во 21h пример, ќе ја разбудат сабајле во 7-8h. Секакви не има.