Купуваш Curaprox четка. Таа ти е најдобра стварно. Паста имаме од Алверде. Без флуор. Ако сакаш само да го научиш. Земи го со тебе у бања кога миете заби. И да те гледа. Прво нека ја држи само четката. Јас така правам, она се шлапа со вода и четка, и после јс легнувам на кревет и со сила ги поминувам убаво. Она се лути ама почна да разбира. И сега си знае, трча пред нас у вц.
Синко ќе полни 14 месеци за некој ден и имаме две дремки. Првата е 1:30 до 2 часа, втората му е околу 1 час. Навечер заспива во 9 и спие до 05-06, па цица и доспива до 7. Инаку навечер четкаме заби со паста што ја земав на стоматолог, прво му давам сам да ја држи четката, повеќе ја грицка од што ги чисти ама барем да почнеме од некаде. Потоа земам јас да му ги мијам.
Купивте трицикл значи конечно каков земавте? Практичен ли е? Нели велевте глупост е, сега се возите па дали вреди да купуваме и ние? Јас се мислам уште каков.
Го земавме тој Rito Qplay од Енци ама немам уште искуство 2 прошетки до сега Искрено научена сум на количка Спејс шатл спие не се слуша кога се вози и е мн стабилна Ова не е ништо од тоа ама и кога го купувавме ни рекоа ова нема да ви замени количка Нејзе и беше интересна вожњата се радува А јас стојам на тоа дека е чиста глупост дека нема да можам далеку со неа да одам со тоа чудо Ама кога друг плаќа јас сум тука да искористам на глава веќе ми стоеше со тој трицикл
Моево има 19+ миевме секој ден заби , сега вришти плаче почна да одбива, ама па не ја присилувам. Инаку уште мака мачиме со какањево , веќе 2 месеца, 3 дена нема какано, ноќта плачеше се тегнеше ,денес бев во аптека и го купив сирупов, Ефекол прашокот не ни помага баш. https://24apteka.mk/product/lass-b-sirup-150-ml/ Демек ќе се регулира со какањево и ништо. Веќе тестенини ќе избегнувам да и давам, мора скроз да ја смениме исхраната. Сливи суви, овошје ако треба и кашички ќе почнам да и купувам ама мора ова да го надминеме. Мора да го заборави стравот некако. Уфф тешки маки со детево..
сте купиле конечно. Количка е количка, ова за пари е само. Синко намерно ги влече нозете да прават патиките ра та та та.
Хахаха уште не стига со нозете до доле инаку го очекувам и тоа Update од денес да знаете домакинки дека ништо не сте знаеле машината ја пуштив 90ка прееска и си се враќам од шетња да ја спрострам гледам внатре се перела папуча незнам во кој момент ја пикнака ама ветојатно и се видела прљава.... Незз како на 95 останалр и алиштата и она читави
Пробај кисело млеко со ленено семе. Мене ми успевало со тоа. Едно финџалче 100 150мл, не цело мало лајче ленено семе ама мелено како прав што е. И повеќе вода давај и. А и гледај оброците да се потечни, супа со лепче ама поќе со водичка од супата.
Една само? Мора да е некоја квалитетна папуча. Синко стига и тоа му е интересно. Која од вас имаше баланс точак?
Полека и ние се префрламе во оваа темаУтре правиме годинка Како си лета само времево Сакав да прашам, дали некогаш сте забележале нешто како на сликава? Како бело на цицето му се појави
Пазарска од свеки за некој роѓенден и тоа што викаш само едната ја испрала може другата и се видела чиста па да не ја уништи
Прави и сок од цвекло, морков и јаболка, ако имаш соковник, ако немаш, изрендај го цвеклото и морковот и јаболката, како салата, стави маслиново масло и лимон, да,видиш одма ќе се среди, јас имав проблем пред 4 години и само цвеклото ме спаси, на колку лекари бев никој ништо не знаеше да,ми помогне и сама читајќи по интернет си се спасив Пробај и пиши за,резултати
Година и 8 месеци има синко. Го имаме дрвениот од Киндеркрафт. Точакот си е супер, ама бебево мое уште не капира како да балансира. Чудно му е што точакот сам не стои за он само да си се качи како на неговото бебешко на 3 тркала што му е за низ дома @Yowannty , @BabyT* научија вашиве да балансираат?
@MilaSs12 Немаш некој во комшии со баланс точак, за да проба!? Комшиката има, ама мојава еднаш проба и не беше воодушевена. Али затоа тротинетот и е атракција Сама оди кај нив и го зема. Го брчи по улица. @The Unicorn Овој на Киндеркрафт нели и трицикл се прави? ×Или друг модел е тој.
Имам многу комшии ама со никого не се знам. Ги немам ни видено. И тротинет не ти е лоша идеја, да знаеш. Плус и поевтин е. Плус подолго може да го користи. Со две тркала напред или позади да барам. Ти каков зеде?
Ортопед кажа дека можам да му земам баланс и да се учи. Тоа беше уште пред неколку месеци. Не знам дали да дадам 2 3000.