Нашиов не се прави. @MilaSs12 убаво вика среќа нека проба прво од некој. Искрено мојов не знам ни до крај на лето дали ќе го научи...ама сите деца различно.
@Makedonka007 @Kallias2 Фала ви женски. Многу е ограничена и со јадењето особено со овошјето , ама мора нешто да сменам/додадам во исхрана. Исто и со сирупиве што ќе се прави не знам. Не сака никако да пие. Мора да и затворам нос и уста и да голтне инаку плука. Прееска вака и направив плачеше се трескаше и се задави од сирупот, ми дојде да плачам. Кажете некоја идеја како утре пак да и дадам од сирупов.
Не сум ги сретнала на друго место. Освен у мк низ тие поснабдените продавници, пеко на пример?. @Bubish26 Од забите е. Мојата само одбива да јаде. Мирна е нема проблеми пу пу. Домашна зеленчукова каша цела недела не пробала. Купена зеленчукова два дена ја јаде тегличката, на сила. Млеко со бисквити ќе лапне некое лажиче или мелена плаМа со млекце исто некоја лажичка. Нешто банана овошје испасиранко и тоа. Е само на хипп за добра ноќ кашите шо ги јаде со житарици и тоа е. Само цицка бара. И да честитам среќни велигденски празници, да сме здрави и живи сите.
Јас кога давам сируп го легнувам во раце како за доење и почнувам да му раскажувам нешто за омилени луѓе,пример дада му,дадите од комшии кој што направил,а во меѓувреме татко му или јас со шприцот пикам во уста на два пати. Пробај може ќе ти успее
Неуспешен обид за одбивање од цице! Јас ја направив рутината, тој се омекна како лепче, веќе се спреми за спиење и мм го зеде и го однесе во спална. Уште првата минута почна да плаче, да се засркнува, и главчето да му се тресе. Околу пола саат издржаа, 80% од времето беше плачење. После го изнесе, се смири кратко, пак го внесе, пак плачки...го зедов јас - цицна и заспа. А и откако заспа уште во сон липташе. Што ќе се прави не знам, мн жално плаче
Nope Го турка само ама не е нешто воодушевена, едино ако види друго дете дека го вози. Балансот е многу добра ствар, но не секое дете покажува заинтересираност. И тротинет, и трицикл се фино лепо си стое не искористено
Мојов не го ни турка...Му се чуди зашто не стои сам исправен точакот Се надевам ќе го научи...мн е кјут за да остане неискористен
Намачкај си ги градите со врвен кармин, и стај си малку сенф на брадавиците. Кога ќе види какво е цицето може ќе нејќе да цица, а пак ако се пушти да проба ќе му горчи. Јас големата така ја одбив на две години и 4 месеци. Без проблем. Само ќе виде дека вицето е какано и ќе ме покриеше. 3-4 дена така се мачкав и се одби без плачење без проблеми. Само ко ќе видеше дека цицето е какано ќе ме гушнеше. Нормално дека ќе тагува ама тоа е само моментално дур заборави.
Маж ми спомна, ни јас не сум нешто за. Да знам дека ке го сака добро, ама вака. А добар е за координација и за уште нешто ама заборавив што наброја ортопедот.
Па наместо сирупи да и даваш вештачки јас затоа ти кажав да и даваш свеж сок ем природно ем делува 100% значи проверено, иначе немаше да ти пишам за тоа. Пробај ќе видиш како ќе биде. Сирушот батали го
Не сака ништо имам соковник колку пати и понудив не сака единствено зеленчук што јаде, овошје ништо..
@koritsaki сигурно се имаш пробано и веќе ти е смачено.Јас кога дечкото беше бебе еднаш му имам дадено сируп и тоа lass b, и баш го читав составот и делуваше како да е на природна база. Но, сето тоа кога беше 3 месеци и не беше покакан 10 ден. Од многу билиски сличај, вниката моја престана да се какао на 2 години од страв и во тој период ги исфрли и памперсите. Брачеда ми дури и на клизма ја однесе 2 пати и пак ништо, никаков ефект. Она што до некаде успеваше, кога ќе сетеше дека и се кака или дека ја боли меше, ја седнуваше на шоља и ја држеше цврсто за да не можи да стани од шољата, девојчето плачеше ама пак после беше своја, олесната без болка, периодот траеше околу 3 месеци и за тоа време сите ние знаевме кога ќе кака, бидејќи за сите беше празник Ако не си пробала на шоља еве можда ќе ти успее и тебе, бидејќи ако постојано користиш хемикали тие потоа не делуваат, едноставно организмот се навикнува на нив
Дали до сега заспивал со татко му? Ако не,мислам дека голем шок му е ,ем нема цице ,ем не го успива мама. Дали дење цица? Јас почнав со одбивање пред 3 недели, цврсто бев решена дека ќе го одбијам од денското цицање. Ги ишкртав градите со молив за уста и реков расипано е. Побара кога почнав да го успивам дента, и додека заспиваше 3 пати заплака за цицето. Секој пат беше пократко плачењето. Бев упорна и не му попуштив, му дадов цуцла во уста и цуцла во рака за утеха. Вечерта го оставив сам дали ќе побара. Прво рече расипано, да бев поупорна може и немаше да цица,ама му дадов за да не биде нагло одбивање. Лошо и за дете и за гради. Имаше денови кога заспиваше со цицање и се будеше во 5-6 за цицање. Во последен период заспива без цицање (со приказни,песнички, нишање) а се буди еднаш во 5/6, 6ипол. Ќе го оставам сам да се откаже и од последниот подој,верувам дека ќе биде наскоро. Тоа што маж ти го изнесувал и малиот те видел тебе ,според мене уште повеќе го растажило и затоа бил повеќе вознемирен (еве ја мама тука, не ми дава цице,не сака да спие со мене..) Ако веќе сте решени он да го успива нека лежи до него и нека не те спомнува тебе. Кога се уморни децата ќе се откажат и ќе заспијат. Нормално е да поплаче и најважно (знам колку боли осетив на своја кожа) биди решителна, нема цице и крај!
Реално, веќе се би и дала и вештачко и невештачко само да не и е тешко. Жал ми е ако 2 дена не е какана одма е нерасположена плаче , не спие. Маанџика е , не е како првата ќерка. Бира што да јаде. Полно пати ја имам понудено и јогурт и сокови , и јас сакам течно да јаде ама повеќето работи ги одбива. Се јаде освен овошје. Дали јаболки, круши ,веќе се и се здосади. Еве денес внимавам , и правев грашак , сабајле сливи суви јадеше, кашкавал, сирење, домат, краставица по грашакот. И се искака два пати сега. Од тој бејби ел сирупот и дадов ама не го испи цел, и ете се искака. Најверојатно помогна ова со исхранава. Леб сув ќе избегнувам да и давам. Ќе и нудам често вода да пие, и тоа е. Ќе почне да разбира па друго ќе е. Сега се е со сила, не разбира дека е за нејзино добро. Најтежок е овој период.
@The Unicorn уште немам купено. Мојава уште на прав пат се сопнува и паѓа. Лом е во колена ко талибанец е. Пробав од ќерката на другар, ама не знае и не ми изгледа дека скоро би сфатила. Иначе топ е баланс за балансирање. После 5, таман директно на точак без помошни. Ќе и земам баланс сигурно. @koritsaki ако не си пробала до сега имаш кефир на Мевгал со вкус на јагода и со вкус на праска. И помали шишенца на Фарма Кукаки мешан од 3 овошки. Плус е пробиотски и го забрзува метаболизмот. Понуди и може ќе и се допадне некој вкус. Ја и малава се давиме. Свеки ми праќа домашен, ама често и угинува габата, па редовно имам од сите вкусови дома. Фарма Кукаки ги има во лидл, а другиве во поголемите маркети. Топ е за регулирање на метаболизам. Мојава ем не јаде нормален оброк, ем кака 3 пати на ден. Пробај, понуди.