Среќен празник женски, за многу години. Ние два дена веќе не цицаме воопшто, успешно заокруживме едно убаво поглавје. Го одбив постепено, премногу се плашев од овој период, посебно што имав едно тешко одбивање со првиот син. Благодарение на поддршката од една членка и нејзиното искуство, успеав и јас, без плачки без трауми да го одбијам. Заклучок, се е возможно со многу трпение и решителност.
Одамна не сум шкртнала да видам што ми прави генерацијата.. ама работа дома, турбо, уште не сум кажала на работа за бејби2, некако рано ми е 9та недела сум. Јас имам мерак на баланс, ама го мерев меѓу нозе, мислам дека е мал, знам има и помали, но не знам дали ќе има интерес. Иначе за се' што не е негово има интерес. Тротинетот го сака седнат и го вози со нозе. И така, среќен празник, и ве читам...
Веќе 3 недели не цица преку ден, тоа лесно помина. Е сега во количка го заспивам, уште не сме пробале сами на кревет. Мм преку ден понекогаш го заспива, со нишкање и гушкање. Мојот не фаќа цуцла Мал е уште не разбира толку, 13 +
Животов ми се скрати. Го избањавме, го донесов во спална да го облечам, абе за секунда се свртев да земам млеко за тело и се истрча накај вц, се лизна на плочки и со задниот дел од главата удри на плочки и почна да плаче. Значи секунди беа во прашање. Се смири кога го зедов ама време му е за спиење и сака да спие. Еве го заспивам ама со страв. Да го боли сигурно би плачел или не дај боже потрес на мозок.... Значи немам живци веќе.
Ние кога бевме кај ортопед по проодуваее кажа дека може да му земеме. Ама јас мислам дека пред 18 месеци нема резон да се земе. И после тоа е прашање дали ке го сака и ке умее да го барата.
Женски, нешто друго да ве прашам, зошто детево тешко пие сирупи , читав дека постојат чепчиња против повраќање, дали може да се даваат ете пред патување во кола, зошто повраќа на многу кратки релации и тој сирупот последно што и го земав не делуваше. Лижавчиња може да лиже или џабе ќе купувам? Овие чрпчиња Емесан к многу ги фалат. Колку често може да се даваат?
Ништо не е, не се потресувај. Штом заплакал по падот, добро е. Лошо е да не заплаче. При потрес скраја да е, и ќе повраќа, и ќе биде дезориентиран, не е само плачот. Не се секирај.
Пробај прво онака со обично чупа чупс дали ќе сака да лиже, ако успее, пробај со лижавчиња како ќе биде...
Хај, спремна сум за лудница.. Пишував низ форумов, после 4 дена тт, бебево мое доби некои афти во и околу устата, се сомневаа на коксаки, ама нема нови бубуљички. Непцата му се жар црвени и повремено крварат. Не може ништо да стави во уста, а е ифрит гладен. Во меѓувреме влезе во 10 скок и вришти 24/7. Мислааам никогаш не бил он мирно дете, ама ова сега е најхаос нешто откако е роден. Во 9 заспа, 4 пати е разбуден до сега, капак на сѐ, во 4 треба да го будам да пие антибиотик, со сила и плачки и плукање нормално и да се надевам дека до 6 ќе заспие. И така да се издувам, сега го ставив на софа да спие, па одам да си го земам да спиеме, да ме изгура од кревет до ивица по 101 пат..
Во состав се Во состав се дифенилхидрамин, антихистаминик кој делува смирувачки. Што знам, не се препорачува да се користи често. Пробајте прво со нешто друго.
Пробај нежно и полека со шприц малку по малку од сирупот за да не го будиш. Додека сфати што се случува го испие цел. Па ќе занишкаш и ќе заспие. Да ги прескокнете драмите. Среќен празник девојчиња
Па така и му давам, со шприц, полусвесен е, ама кога ќе сфати што се дешава почнува да урла и да плука. Среќен празник иначе и од мене, многу години да се слави
Hello. 12 страни сум пропуштила на темава. Не сум крива. Палчица моја која важеше за бубаче бебе (и @KuklickaSk потврди)е атомска мравка во погон. Не знам до кога вака ќе издржам со неа. Нема застанување ни миг. И со нозе и со уста. Прави работи опасни по живот. Се чувствувам како октопод со сите можни сетила вклучени на 100. Се качува по стилови и маси. Си турка стол и секаде се демни. Вчера ја најдов на термо печката. Само за миг ја оставив. Качува и слегува сама по 30-40 степеници. Само што ќе излезам до скалите да земам нешто таа веќе се искачила. На терасата сите цвеќиња ги изеде, се качува на столови за кои мислев дека ќе и требаат уште 2 год. Ги тргнав од терасата. Дури и саксиите бидејќи може лесно да се качи и префрли преку ограда. А на 3 спрат живееме. Среќа овие денови ноќе спие и почна да јаде. Двете тројки горе никнаа, но денес пак послабо јадеше и се пика во уста. Најверојатно долните се на ред. @srekice од последниот пат кога пишав тука попалава е 100 пати повеќе. Исто на лизгалка сама се качува, сама се спушта наназад, главечки, како ќе и текне. А јас мора настрана да седам инаку трантуми на најако. Кога ве читам за цицањето дека скоро цела генерација сте одбиени, дури и помалите, паника ме фаќа како ќе успеам. @Septemvri ќе идам на часови. Нема шанси да не и дадам. Цел ден е со мене. Никој не ми ја фаќа. Посебно овој период кога е најтешка. Никој не си става обврска бидејќи навистина е многу напорна и непредвидлива. И писка за се и сешто. @Yowannty баш ја читав за ова. Дури и зарипнува од пискање, а јас сум со намален слух од нејзините децибели. Морам да одам бидејќи ноќе гледам што повеќе да сработам, преку ден правам се со неа, но со многу пазење и ме исцрпува. Ве поздравувам сите, генерацио @Мариаа. @The Unicorn , @MilaSs12 , ако не ве спомнав ве гушкам. П. С. @drugarka до лесно baby2. Колкаво е baby1? Како вчера да се породи.
@Presrekna мене така ми е откако почна да оди. Ни јас не знам како ке оди одбивањето. Пред некој ден не беше цицал од пладневно спиење, и вечерта ме чекаше во ходник по бањање. Јас клекнав да го гушнам тој на колена отвори баде мантил и се штекна на титем. Го фатила мака.
Дали плачење во сон и будење со плачење може да е ради 5ки? Убаво си заспа, како и обично со маж ми, и еве неколку пати се буди со гласно плачење. Нема тт, не верувам стомак да ја боли не се грчи, уво исто тоа е постојана болка. Се смирува брзо, заспива и повторно се буди со плач. Што друго може да е?
Не, поинаку се манифестира ноќен терор имала и тоа. Тогаш е полузаспана и вреска панично. И воопшто не перцепира дека сум до неа. Не... Имав чувство дека има нешто мака, што вика Харуки болен плач. И дадов пола доза парацетамол, се смири и заспа. Читав стари мислења, вака сите заби ги извади, тоа е најверојатно. Цела дланка става во уста, последно време ги тегне и алиштата и нејзините и нашите што ги носиме ги џвака.