Кај мојата увото не беше постојана болка. Исто како што опишуваш правеше, се смири, заспие и наеднаш врисне. Може се петки, може уво, може двете во комбинација, ако е стомак ќе испушта и гасови откако ќе заплаче. Кај мојава секогаш било тоа заб или уво. Кога било стомак испушта гасови или барем се свитка/ згрчи. Друго не знам што би можело да биде. Ставај и рака на ушињата и петките таман ќе ги опфатиш да се смири побрзо и од твојата рака нема да ја боли до толку.
Да, да, да. Скроз истото го поминав со дин ми кога имаше 18, 19 месеци и од сттав оти не знаев што му е го носев на итна во 12 ноќта. Не знаеа што му е, сите резултати супер беше и петките за недела дена излегоа.
Пробував кај ушите, ја допирав, сосем мал стисок позади уво како што велат ама не реагираше воопшто, затоа ги исклучив нив. Утрово видов дека десната петка е распукана, левата е само потечена. Значи ќе се дежура деновиве. Некој да има искуство, после 5ки да почне да преспива дете цела ноќ? Да се надевам, ил нема да ми се посреќи мене до прваче?
На 3- 3ипол години почна да преспива цела ноќ со тоа што многу често се буди периодот од 3 до 4. И ноќеска се разбуди да мочка и да јаде (еден залак банана), а 4 години има. Ушите и јас и ги пипкав и педијатарот и викаше не се ушите без да ги провери со таа направата. После недела дена кога отидовме на итна ги проверија со тоа ушите и беа премногу воспалени. Совет да не се исклучи можноста за уши само од пипкање бидејќи и педијатарот само така ја проверуваше и викаше не се ушите се додека детето не побудале, а три дена по ред одевме кај неа по што ни рече дека така белеела косата што сакаме ние. Сега спие од 20 до 8, спие за трите години непроспиени, кај и да е и твојата ќе почне да спие. Ќе излажам ако не кажам дека и ја спиев со неа од 20 до 8 неколку месеци па изгледа надокнадив за трите непроспиени години и веќе не ми се спие толку многу.
Друштво ве читам ве читам, и цело време тргнувам да пишам и се премислувам. Е до толку ми е мака. Синко сака само надвор, дома само ми растура, кај и да се свртам исшкртано е , ми бара сок па кога не гледам го турива, се качува ,скока и главата не знам кај ми е. Го решив проблемот со спиењето. Спие со мене и мм веќе повеќе од 6 месеци. Последниов месец два се вртеше не клоцаше си стануваше. Почнав во креветче кај него да го редам и веќе не не замара си спие. Најверојатно му било жешко од нас. Друга добра работа е што надвор повеќе ме слуша, му кажувам во кој сокак да влези, каде да трча каде да застани и релативно соработува послушен е. Патем сакам да ве прашам на тие со две дечиња. Креветчето негово ќе ни треба за новото беби здравје за 2 месеци (женско е ) , е сега каков кревет би можела да земам за синко а да не скрши глава ?
Ама ако е уво и дење треба да боли нели? За заби знам дека е поистакната болката ноќе оти ноќе нема никаква дистракција, а дење има еден куп активности па лесно е да ја игнорира таа болка. Ама ќе имам во предвид од сеа па натака. Сега испукано е непцето и сум сигурна дека тоа беше. А деновиве и ми одбива храна, само на вода е. Тоа може и од топлото да е додуша, сега се собрано. Ама ме утеши со - кај и да е и мојата ќе преспива. А мене тоа - кај и да е, ми е за повеќе од година дур напраи 3, ја што да праам до тогаш? А да знаеш како само би спиела од 8. После 8 секако функцијата ми е сведена како на коњ, мртов коњ.
Со душа ги чекам тие исклучоци. Сега имам од другите исклучоци. Еднаш во месецот преспива цела ноќ без да претне.
Јас немав такви ноќи без претнување,и сега знае да се врти превртува ама не станува,ни чај вода веќе не бара. Е затоа пак сестраи ја заменува,по мал милион пати се буди,легнува на мене се смее и вика цице
Кога спомна чај, каков чај даваш? Не сум дала чај до сега, а мојава сака да лока течности, па се мислам некое време, дали да дадам чај, пие доста вода, цеден портокал и лимонада често. И смуди. Гледа чаша и трча и крева. И кафе и вино и пиво и се по дома претураме и пиеме од пластични шишиња од вода со капаче, ради неа.
На беба не дадов никаков чај,тек пред некое време почна да пие вода.Само цице сакаше. На поголемава,пошто не цицаше баш,не пиеше вода,ставав на врв на лажиче бекутан колку да ја поднеси миризбата,нагони имаше од обична вода(и јас имам).Тоа на почетокот,одамна само чиста вода пие.
Еј фала ти ептен на идеја. Не знаев дека има на хип. Ќе го побарам одма. Гледам овошен е, сигурно може и ладен да се пие, мојава не сака ништо топло.
Мислам дека кога сте надвор си сконцентрирана само на него, а кога сте дома нормално подсредуваш по нешто, готвиш, едно, друго и нормално е да си наоѓа време да истури сок кога не гледаш. Период е ќе помине. И нас се ни беше ишкртано со пенкало и боици се додека не најдовме нов стан без пенкало и боици. Па на 3 години купивме пак боици ама ич не и текнало да шкрта на друго место освен во боенка, не истура ништо, и поминало интересното, периодот. И сега и дома да сме не е проблем, а до кај 3 години само надвор сакаше и само надвор се акавме лето зима. Денес еве има 4 години и топло е преубаво пролетно време ама ние дома си седиме и само ми кажува колку ме сака и ме гушка. Не дека не ме нервира повеќе.
На кревет за дете треба да има мала ограда од страна да не се преврти. Или како што ние ќе му правиме - floor bed, нешто вака.