Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Xanty

    Xanty Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2019
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    661
    Пол:
    Женски
    Здраво два дена по ред син ми има температура и тоа крева до 39.5. Бевме во брза помош ни рекоа дека нема ништо на плуќа ниту пак црвено грло. Утре ке правиме крвна слика. Му давам далерон после 1 час ја спишти до 37.5 и после неколку часа пак има 38.8 -39.5. Му раснаат две тројки одеднаш и не знам дали му е од заби или некој вирус бидејќи има и потечна столица.Дали некоја мајка имала ваков случај и колку време им држи температурата?
     
  2. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Женски
    Мојата имаше пред месец дена. Качуваше исто 39.5. Јас ставав чепчиња на 6 часа. Она веќе на пет часа качуваше. Грлото и беше добро. Не кашлаше и не и течеше носот. Три дена не држеше тт. Третиот само еднаш качи.
    После може осип да појави. Не јадеше ништо апсолутно три дена. Само вода. Не фирсирај храна, битно е да цица или да вмесува течности, но помалку. Можеш и електролити да даваш. На Хип се убави. Но советувај се со матичен педијатар.
    Мојата матична крвна слика пред три дена не прави ако нема други индикации. Само ако детето почне да ти се губи, тешко дише, повраќа тогаш на дежурен.
    Од заби само не е сигурно. Забите се плус, зашто го чешаат и се става во уста.
     
  3. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.727
    Допаѓања:
    7.664
    Пол:
    Женски
    Еве мојот имаше 1 ден до 39.5 другите денови (вкупно 4) до 38.7 отприлика, ама не спушташе под 37.4, па му изби некое воспаление во устата. Излезе некој вирус, не знам дали е коксаки ама детево вриштеше до вчера нон стоп, не спие, не јаде.. Тројки се на повидок, може му паднал имунитетот па станал подложен на вируси. Како и да е, следи ситуација, јас 5 дена се чудев што му е на детево..
     
  4. Amore.Mio

    Amore.Mio Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2021
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    1.022
    Исто и кај нас беше, 4 дена имаше 37.5-38.5, давав сирупче.Јадеше, пиеше, активен цело време ама со тт. Ниту му течеше нос, ниту кашлаше. Жлебинките му се бели, ама некако многу тт е тоа за заби јас мислам!?
     
  5. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.031
    Допаѓања:
    48.363
    Пол:
    Женски
    Не се заби, испитајте крв да не е случајно вирусно, исто така и брис од нос и грло. Сирупите имаат дејство 5-6 часа и пак после креваат температура. Со лесно ќе му мине за ден два
     
  6. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    Како сте, како е бебе? Мојата паднала вчера од спална. Јас бев у подрум она до дотка и на спална, а мм отидел до дневна, и дали играјќи до дотка и се струполила од кревет и на глава паднала па поплачела малку. Не е висока спалната ниска е. Ама се длучува. Сама си слегнува и се качува ама двете кога се беснеат. Господ да ги чува.

    Како е бебе, му се смириа ли африте, почна ли да ручка?

    Ги извадив од подрум обувките од големата и на неа сум и купувала обувки од Pepino. Исто ортопедски и удобни. Ги има ли у МК?
     
    На Cherry333, Dikinzi и mal.ecka им се допаѓа ова.
  7. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    6.162
    Пол:
    Женски
    Добар ден на сите :)

    Кај мене се надевам ќе остане како сабајлево:DОвие 4 дена беше лудница, дека татко им беше дома, па си земаа многу на сила, кенкање, вриштење, плус и двете со затнати носови и кашлаат, среќа без температура пу пу пу, малава плус и заби вади 6 наеднаш, абе ќе полудам. Сите 4 дена бевме излезени од јутра до сутра, играа, трчаа, абе валкани циганчиња дома ѓи носевме :D
    Денеска арни, носовите уште течат, уште поткашлуваат. Требаше денеска малата МРП прими, ама не ја однесов, џабе кога нема да ја стават. Се надевам за нареден пат ќе биде супер и ќе си ја прими.

    Јас малку се смирив деновиве, си реков да се опуштам да не се сеќирам, како е така е :D
    Па и да се пофалам, се заземав малце за себе, сменив начин на исхрана топам килограми, и еве веќе 3 та недела како вежбам :muscle: Супер ми е, ме опушта :D
     
    На elenaklasik, ddevojce, Sexybaby86 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. RAK91

    RAK91 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2019
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Добар е, за среќа. Полудена сум, само трча, само се качува, само чепка кај што не треба, фрла, се лути, се качил на маса па се префрлил на тросед, па му текнало ги фрлил перниците, па го здогледал цвеќето и ја фрлил земјата, се поткачил на прсти ја дофатил четката за заби и сакаше да го голтне капачето, секунди беа во прашање кога изреагирав.
    Ова е невидено нешто.

    И овој имаше паднато од нашиот кревет 2-3 пати, а креветот е доста висок, ама среќа немаше нешто посериозно. Сега веќе знае сам да се симне.
    Колку има твоето?
     
    На Dikinzi, WonderGuurl, dunika и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.727
    Допаѓања:
    7.664
    Пол:
    Женски
    Оо фала на помисла. Он сега е супер расположен и спие малку поубаво, ама не јаде за жива глава. Уште е полн афти и му крварат непцата, ама чоколадо и переци сака да јаде. Макарони исто прифаќа малку, друго абер нема. Течност ако му го погодиш моментот ќе се напие ама во принцип цел ден брканица за да јаде :sweat:. Се надевам нема навика да му остане ова..
     
    На ddevojce му/ѝ се допаѓа ова.
  10. WonderGuurl

    WonderGuurl Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    1.003
    Допаѓања:
    2.298
    Пол:
    Женски
    Како го научи сам да се симнува? И синко падна пред месец дена, уште имам трауми и се штрекам на секое:doh: да не кажувам колку е висок креветот...
    Пробувам да му покажам, ама тој пак главечки тргнува надолу
     
  11. *malenavolena*87

    *malenavolena*87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2019
    Пораки:
    1.699
    Допаѓања:
    3.500
    Пол:
    Женски
    Не ме праша мене ама те прочитав :)
    Кај нас од кога секачи прв пат секое качување и трубев "сега мама прво газето и ноните ке ги симнеш за да не правиш бум" и некако после недела дена зборење и проби разбра
     
    На WonderGuurl, ddevojce, Enci201 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.727
    Допаѓања:
    7.664
    Пол:
    Женски
    Кога ќе го видиш дека сака да се симне сврти го ти со нозете надоле и почни да го влечеш полека за да види како да се симне сам. Мојов така научи, па почна од кревет да ми се симнува неосетно кога мислев дека спиел и заграден бил.. Фала богу немал инцидент, ама и брзо сфати како да се симне, баш се влече по креветот како војник додека не биде на сигурно. Пробај ти оваа постапка покажи му ја..
     
    На RAK91, WonderGuurl, Dikinzi и 2 други им се допаѓа ова.
  13. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    14 Месеци е мојата. Лудува и она секаде, трча, од кога почна сама да се качува по кревети штрепам и јас. Со јадењево имаме пауза, де јаде де паузира. Денес цел ден е на цицање, малку вода и една кришка лепче. Друго несака. Пелени полни важното. Заби мислам дека се. Тројки и четворки. Мирна е, не е нервозна. Си трчка наоколу.
     
    На RAK91 и Dikinzi им се допаѓа ова.
  14. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.031
    Допаѓања:
    48.363
    Пол:
    Женски
    Врти го ти со газето па ќе знае после самото
     
    На RAK91 и ddevojce им се допаѓа ова.
  15. Enci201

    Enci201 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2020
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    1.005
    Дали некоја мајка користела писоар за детето?
    Син ми сака да моча на отворено, веќе креветот ни е лом, и сега во последно време стоејќи си моча.
    Мислам дека можеме да му воведем писоар. Во нокшир не верувам дека ќе сака.
     
  16. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.413
    Допаѓања:
    37.607
    Пол:
    Женски
    13+ ти е детето ако видов убаво во другите мислења?
    Моето на 3 години и 1 месец го одвикнав од памперс.
    До 3 години не е убаво да се контролираат физиолошките потреби.
    Знам дека друго ти е прашањето ама сепак би сакала да искоментирам бидејќи детето сепак има само една година.
    Според мене не ти треба писоар туку рано е, подобро наредно пролет лето кога ќе има 2 години (како свекрва некоја и јас)
     
    На mal.ecka, Enci201 и Dikinzi им се допаѓа ова.
  17. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    И јас ја одвикнав големата на 3 год. @Enci201 пробај со нокширче или директ на шолја, ако не остај го ќ, мало е уште.
     
    На mal.ecka, Enci201, gjoker4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.955
    Допаѓања:
    12.225
    Пол:
    Женски
    Здраво женски. Имам едно прашање од практична природа. :D
    Дали патувате на подалечни места од вашите живеалиште во текот на неколку часа и ако да, како се снаоѓате со заспивањето на вашите деца?

    Син ми во последно време дремнува само еднаш од 2 часа, еве денес дури и 3 часа спиеше. Има една дремка почесто, а поретко две, дури и во последно време втората ја отфрли, дали пак ќе си ја врати којзнае...
    Туку, кога имаше две дремки, до пред некоја недела, првата си ја спиеше од 10 и пол 11 до кај 12 (го будевме едвај), па излегувавме и за втората ќе дремнеше во кола, при возење. Сега со една дремка, околу 12 и пол 13 часот ни ваму ни таму сум. Ако излеземе од утрината, ќе нѐ затекне негде на друго место, па како би било за спиење, абер немам. Количката сигурно ќе ја носиме, ама дали ќе му е удобно да дремне во неа?? А што ако ја пропушти дремката во тоа време и отспие подоцна... Инаку цица малку, па заспива со прстето в уста.
    Давајте некаков предлог како да се шетка, па не ќе си кратиме сега шетање ради спиењето, а и спиењето да се испочитува треба. :angel:
     
  19. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.618
    Пол:
    Женски
    Кога одиме подалеку од град темпирам дремката да е во кола, а кога веке шетаме ја носам количката само за спиење, оди не седи во неа иначе.
    Е сега моето дете не е пример затоа шо спие по пола саат така да не е нешто проблем ако е во количка.
    Додека во кола може да го преспие цел пат, само таму спие подолго.
    Исто се има случено да заспие покасно ама ко шо кажав преспива по пола саат така да не менува нешто многу.
    Ама ти помогнав :D нека ти каже некој шо детето му спие а не ко моево :sweat:
     
    На srekice и elenaklasik им се допаѓа ова.
  20. Enci201

    Enci201 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2020
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    1.005
    Да, се согласувам. Не планирам памперс да му тргам, туку само да не ни моча кај било :)))
    Значи, мислев вака, да си носи памперс, и кога ќе му го тргнам да му речам таму да оди да мочка...
    Некако само покажува дека сака надвор да моча. И тоа долго време така.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.