Јас сум секогаш за тоа преспивањето да е во кола за и детето да шета со нас, да е будно кога ќе се стигне на посакуваната дестинација. Значи ако заспива во 12 кола палиш 11:45. Ако спие до 14 значи спие до 14 па се буди и ако е се ок продолжувате со возење, ако не се застанува макар и на пола саат, саат, доење, пелена, кафе, кроасан, свеж воздух, па се продолжува до целта. А може и некое да спие во кола три часа од 12 до 15. Ако втората дремка што ја има понекогаш е во 17 или се враќаш назад 16:45 палиш кола или чекаш да помине дремката па палиш кола во 18. Во кола го занимаваш цело време за да не заспие. По потреба правиш пауза секој саат или кога ќе приметиш дека му надоаѓа дремка. Во краен случај и за назад спие 1-2-3 саати и пореметено е спиењето, вечерта заспива во 00:00 ама сабајле го будиш во исто време како и секогаш иако тоа би значело цел пореметен ден или неколку наредни последователни пореметени дена. Зависи од бебето/ детето. Со некое се поминува без проблеми кога сакаш тргни кога сакаш врати се сакаш застани сакаш не. Со некои е попроблематично. Со моето само ако мора сме патувале максимум 2 хорор часа. Сега на 4 години седни го во кола, автобус, авион, седнува исправено како госпоѓа, си гледа надвор и ништо не збори, повремено брои коли или прашува зошто бавно се вози, зошто брзо, зошто на лево се свртело.
Не, не надвор буквално, туку на отворено (на теписон или на креветот). Му менувам памперс да речеме, ми бега, се исправува на една перница и моча стоејќи. Или долу на теписон. Се гледа дека си се концентрира, малку потклекнува и моча Кога уште не одеше, само кога седеше, исто ми бегаше и ќе си седне и ќе се помоча на кревет. Едно време на секој памперс менување така ми правеше. Сега кога како, еднаш обавезно.
Треба само одма да му ставаш нов памперс за да се измочка во новиот. Не ти треба писоар. (Тоа беше првичното прашање.) И кажи му дека се мочка само во памперс или нокшир, тепих кревет не.
Здраво направивме крвна слика и црп му е 8 а леукоцити и тромбоцити на долна граница. Матичната ми вели да направам ковид тест. Дали некоја од вас има правено ковид тест на дете со слични резултати. Ние дома сите сме супер и син ми од вчера си трчи си јаде се е во нормала.
Моите и двете заспуваат во кола било дали им е време за дремка или не. Дали час два или повеќе саати патување спијат у кола си дремнуваат. Потоа се свежи и будни. Дури се случува уште да спијат кога ќе стигнеме па кига ја вадам мслата од сефиште за у количка се буди и спремна е за шетање. Не го темпирам јас времето на возење према дремките. Одиме и возиме.
При менување на памперс сите бегаат осеќаат слобода и се мочкаат кај ке стигнат,тоа не значи дека детето е спремно за нокширче. Ако добро прочитав 13м ти е малиот така да многу е мал.
Јас за регулирање на столицата давам мелено ленено семе и немам проблем, во било која каша го ставам.
@Enci201 доколку мислиш дека можеш да му укажеш зошто да не пробаш. Порано или подоцна секако ќе купиш, ќе ти треба. Купи и пробај па ќе видиш.
@bella.gk фала ти, ќе пробам. Држете ми среќа, ќе почнувам од денес да ја одбивам од цице. Ќе видам како ќе оди. Секој саат ме влече за гради. Овошје одбива. Освен ручек и зеленчук, се друго почнува да одбива. Ама цица над 10 пати дневно сигурно. За навечер ќе и ја дадам цуцлата со шише со вода, да видам дали пак ќе ја сака зошто од 9 месец сама ја остави. Немам друг начин за навечер за жал. Од чашката на Нук не сака навечер да пие, бара цице. Тоа е. Ќе пишам како ќе ни оди.
Good luck. Ние пробавме една вечер маж ми да го успива, леле кој плачки беа , па пробав еден денски да скратам иста прича и така си одлучив ќе го дојам до 5год најверојатно, бидејќи стварно не знам како да постапам .
Фала. Тешко е. Големата беше 10 месеци кога ја одбив оддеднаш и тоа беа плачки, жалење што да ти кажам. Ама за 2 дена толку се оддучи. Сега ова е 19м и многу тешко. Прееска ставив од тој сирупот за опстипација на градите и кога го помириса се тргна. И викам на цице ми вика нее , неее сега ќе видиме навечер пред спиење ако ја прифати цуцлата ок. Ако почне многу да плаче, тоа е нема важно да ја присилувам.
Да, и јас сум за тоа. Сепак нема на сила да го седнувам, да го терам да моча...тој секако моча надвор, па едноставно само ќе му кажам "не секаде, туку на ова конкретно место"
Јас го скратив деноскто, и го заспивам во количка некое време. Ама гледам сега и мм преку ден може да го заспие, дома. А претходно, додека беше цице-дремка, не заспиваше со мм. Исто со вечерното е проблем, исто мм еднаш проба да го заспие и хаос се направи. Другиот ден нормално јас го однесов, и пред да одиме во спална му викаме добра ноќ на татичко. И јас му викам ајде кажи му на татичко каде одиш што ќе правиш. И овој само му рече двапати мама, мама...ама со таков тон, малку звучеше како "јас ќе одам со мама, со мама не со тебе" )
Ако нема температура, провери крвна слика пак за една недела. Може и ковид дс било, деца така го проаѓаат.
Со лесно, јас за 3 недели го одбив, ги скратив прво денските подои. Прв пат дента побара околу 12 за успивање и после спомна уште неколку пати,ама се држев до тоа дека е расипано цицето. Последен пат цицаше во неделата во 06:30, така да и оваа ноќ да ја поминеме и ќе сметам дека конечно сум го одбила. За мене беше малтретирање доењето во последен период,кај што не спиеше мирно ноќе,па и дење ме грабаше по 10 пати со дремење на цицка до трнење на брадавиците. Да не го подречам,откако почнав постапка на одбивање почна да се буди по еднаш ноќе за цицање, постепено сам си го менуваше саатот од 3,4,5,6 и најдоцна 6:30. Сега знае да се разбуди да прокенка ама за минутка заспива. Нека продолжи така Само ми е страв мене за градиве,не ги осеќам полни како друг пат кога не се исцицани, ама осеќам некои жештини повремено и еднава ми тежи..ќе варам сега чај од жалфија
Синко има 5ка. Затоа било нејадењето. Не даваше да ја видам по ниедна цена, денеска му "поправав заб" и убаво дозволи да видам, излезени се ќошовите, ама тоа веројатно му предизвикува болка и нелагодност. Уште 3 и да одмориме.
@koritsaki ти посакувам среќа со одбивањето, и јас се спремам за одбивање ние сме за 16 месеци ама некак тешко ми се гледаа, пиши како ти оди да се спремам психички.
Дајте совет како да се одбие страствен цицач? 14 месеци сме скративме преку ден на една дремка и почнавме со едно цицање ама затоа е многу нервозен овие два три дена он ме дрпа јас го залажувам, ај преку ден некако го залажувам ама затоа навечер мислам 100пати се буди за цицање..