Фала ви на сите. Прв ден ќе ви кажам како беше. Ноќта ја успав со цицање си реков во себе дека не може оддеднаш тоа така. Мислам најпрво дека треба да најдам начин да и ги кратам подоите преку ден додека дојдам до целосно одбивање па за вечер нека остане последно. И ноќта цицаше. Прво ја понудив со цуцлата со вода, не сакаше. Сабајлето стана и и ксжав дека тоа е како цицето на мама и се смееше и почна да си пие. Значи стаса до таму да одбива и вода да пие само бараше да цица. е па не може. Сега пред да заспие , ја шетав со количка и така заспа. До сега ,цело сабајле не и текна да ме влече за блуза што е супер си викам затоа и има проблем со какањето , не пие доволно течности. Вска сега друго е. Јас не знам дали цица и нешто од мене или така си шмука само. Ама не сега запнав дека мора да почнува да се оддучува од цицање, било на кој начин без тормозење секако и тоа е. Ќе пишам пак наредниве денови како иде
И ќерка ми е ептен страствен цицач. Утре 13мес прави.Сама си бара,вика Тите или Апи,и ако носам поширока маица ја крева и се послужува. Моментално вади 3ки и 4ки доле,ја мачат веќе некое време,се надевам ке излезат поскоро,па да почнам полека со одбивање. Не ми е проблем цицањето само по себе,туку дека морам да сум до неа кога спие дење,си цицнува еднаш два-пати и си продолжува,во спротивно ке стане Шише и цуцла нема фатено никогаш. Навечер се буди по 1 да 2 пати. Млеко имам сеуште бааѓи,којзнае колку ми е висок Пролактинот,ни циклус ми се нема вратено од пораѓај..
И јас сум иста со циклусот. И исто мн млеко ми се чини има. Од едната града ко цица од другата млеко тече. Вчера и преку прслукот течеше.
Мојот страствен цицач 21 м има. За жал циклус добив, ама млеко имам бајаги, ако не цица или ако почне почесто да бара, знаат да ми се стврднат. Пие од шише, и вода и млеко. И јаде, ама пак бара. Памет немам како ке го одбијам. Моментално не сакам, ама кога тогаш мора.
Моево злато научи да и не да вика, ама не секогаш туку кога нешто ептен е сигурен . Многу ми е сладок кога ќе почне нешто ново да кажува. Сега му викам ти си мало уште ама кога ќе пораснеш ќе ја фрлиме цуцата така? Вика НЕ. Ќе биде интересно со таа цуца
14 meseci е и моја цуца, шо да ти кажам-брадавиците ми се веќе истенчени и почнуват да ме болат а градите ми ги снемува кога ќе почне да цица, до капка ме исцицува. Не ми е проблем доењето, проблем е шо ѓора да цица за да заспие. Мм се мачи жалниот да ја заспие сма тешко оди. Треба ептен да е изморена да заспие без цице. тите тите и она вика и менмегле, подига блуза да цица. Млеко имам многу. Ако не цица неколку часа одма гради камен стануваат и ме боцкаат и тече млеко. Ама затоа ќе исцица до последна капка. И ние вадиеме тројки и четборки најверојатно. Намален апетит, де јаде де не јаде. Денес првпат испи 100 мл кравјо млеко со несквик и тоа од шише ама со пластична цевка. Кога нудев шише со цуцла нејќеше да пие. Што ќе и е шише кога има цицка.
Јас ја одбив Андреа, за која викав дека ќе цица до 18 години, не па сите други. Крати ноќни постепено. Еден по еден. Презаспиј ја на било кој друг начин. Нуди вода, гушкај, бакнувај, нишкај. Ноќните се потешки од дневните. Преку ден ке ја залажеш со нешто. Отвори тема одбивање, имам пипувано како ја одбив.
Мајки ние сме 10+++.. Мн се буди навечер ептен како новороденче е.. Дали е навика, дали е гладен незнам.. Некој викаат ќесмени после година.. Некој со искуства со неспиење кај бебе? Како се решило подоцна?
Ние сме 23+, и се буди како новороденче. Не се секирај мајка, ретки се деца спијачи по цела ноќ. Не се обвинувај себе си. А може е во скок, или заби го мачат. Секогаш се буди често?
Јас кога не полудев на тоа будење на 10м добро е Да те утешам, 19м ќе направи за некој ден, пред 5 дена го одбив од цицање и почна да ја преспива ноќта. До кај 14ти месец се будеше почесто,после по 2-3 пати стануваше.
Од секогљш.. 4, 5,6 пати..тој спиј не се буди ам кенка, плаче и дур не го ставам на циве не знае д презаспие.. Тука,, старите'' ми велат не енормално бебе да станува толку.. Барј чаре.. Нз веќе што да правам и кој да слушам
Мене ми јви алергија на млечните и ад.. И неможм да дадам асакм д проба да видиме далиќе спие повеќњ.. Меѓу време пробав со сок и немаше резултат.. Се буди по 5/6 пати.. Измеѓу саат и пол два...
На баби, стринки, тетки и свекрви, да им кажеш да фаќаат тоа метлата. И нека летаат.Или ќе завршиш во лудница, со чуство дека си нај не-мајка на свет. Жими таска сите деца спиеле. Еве читај колку од тука се будат. Едноставно такви се децата. Можеш да пробаш да му скратиш ноќни подои. Јас ги скратив на 16-17 месеци мислам, ама пак не спие цела ноќ. Се буди. Но, има денови кога се буди еднаш, и презаспива сама.Исклучок се забите и некои психофизички промени. Цицаше на еден саат навечер. Јас пукав. И почнав вака.Обавезно и давав добра вечера. Кога ќе се разбудеше навечер првиот пат после заспивање, ја, земав и нишкав во раце. После ќе си заспиеше. Наредно будење давав да цица. Така, со тек на време се продолжуваше периодот на спиење. Стигна до едно две будења. Ја нишкав и презаспиваше. После, кога се беше добро, без заби и други проблеми, она сама презаспиваше. Ова е мачно, но верувај се исплати. Имав и шише вода за секој случај, тоа нудев. Пробај, ќе видиш лесно е. Ти секако не спиеш цела ноќ. Така да пробај. За еден месец ќе видиш промени. Но, верувај. Ретки се деца што спијат 10 састи без будење. Со среќа
18м е не цица, се буди сто пати и спие немирно прета, кенка. Преку ден преспива само пола саат. Има и полошо не се нервирај, јас се помирив.
Не си сама верувај. Се буди и те како. На 2 саати отприлика. 14 месеци сме Еднаш заприметив сврза 4 саати ама го оставив да си поплаче малку.
Ми олесна малку... Кига заспија во 10 саат.. Првото спиење му е најдолго ( но не секогаш) знае да се разбуди накај 1 /2. И после до сабајле е лудило.. Барем да стнува два три пати викам ај добео.. Ама кога избројам 5.. 6... Глава ме стега
“Не е нормално” бебе да станува толку често. Бебе е. По 100 пати ќе стане цицало или не. Синоќа се разбуди трипати и кенкаше, цуцлата ја нејќеше. Ќе цицне ќе ја ставам до мене да спие и оп пак ќе се раскенка. Па ај уште 20 мин дур презаспие. Трипати така.Старите нека си спијат и нека остаат бебињата на раат. Јас и не бројам колку станала.