Ќе пробам баш со тоа нишкање без да цица ( до душа не ни цица тој е така ја држи и заспива) како цуцла му е
Кажи му нивните нешто не биле ок По милион пати и двете се будат. Поголемата сега пред некој месец почна подобро да спие.3год.и 5 месеци е. Беба сега и заби вади,хорор е.
Мајки кога моето почна да спие поубаво, за сите ќе дојде тој ден. Јас буквално можам да направам документарец my baby from the hell за на TLC . Кога беше мал преку ден само што ќе го заспиев се будеше за 15 минути. Ако го држев на мене ќе поспиеше инаку немаше шанса. За навечер да не зборувам. Се будеше по 100 пати. Кога го одбив од доење и општо кога престана да бара преку ноќ вода, сок и слично (млеко освем моето не запи никогаш) тогаш почна поубаво да спие и да ја преспива ноќта. Освем нормално кога нешто не е расположен или има некаква болка (забче ,меше). Така да ќе дојде и тој ден верувајте. Инаку јас лично познавам 2 мајки на кои бебињата им спиеа и преку ден и по цела ноќ убаво, сум била на гости сум видела. А јас со синко мој журки до сабајле
Кај мене па како се ретчат подоите, млекото ми се намалува и навистина забележувам разлика во количина од пред годината, на пример. Мојов цица 4 до 5 подои, зависно ноќта колку пати ќе стане. Преку ден има еден подој, за преспивање, којшто сакам да го прекинам, немам идеја како. Всушност имам една идеја, ама можда нема да пали секогаш. Денеска заспа во 12 и пол, го зедов во скут, на кревет седев, и си загледа во телевизор стишен, и со полека нишкање, се занесе и почна да се буни дека сакаше да легне, да се спружи убаво. Го свртев накај мене како бебе и заспа. Вака ако прифаќа неколку дена, се надевам ќе се навикне. Значи немаше подој тогаш, па така последно цицаше ноќта во 3, од тогаш до вечерва за заспивање поминаа 18 часа без доење. Не ми се преполнија, не осеќав тежина, само левава маалку подуена ама без изразени жили или грутки. И мојов 14 месеци ќе прави, сакам полека да прекинувам со доење. Мене ми коментираат, шо го доиш уште, ајде доста му е... Божем нив ги дојам, аман заман
Здраво мајки, ние уште малце ќе се приклучиме тука ама ме интересира кои се препораките за јајце после 1 година? Дали може секој ден да јаде, во палачинки, пити и ќофтиња?
По препорака на мојот педијатар по годината нема рестрикции кога станува збор за храна, може се да се дава
Може ,за 10 палачинки ставаш 1-2 јајца, тоа ќе изеде 10 % од јајцето Јас белка воведов со кифла. Препораката од педијатарот беше да му дадам нешто што содржи белка,а не чиста. После година се опушташ,речиси се е водедено (освен јатки,јагоди,мед) и не внимаваш ни колку пати јадел јајце таа недела ни колку месо изел..
Два пати ми скрати живот вечерва. Цело време со месеци уназад, кога ќе види врата оди и ја затвора. Милион пати прсти ми потфатила. Вечерва и сама си ги потфати. Живот ми се скрати. Се смири за брзо. Ги движи, кога ја допирам не реагира. Не помина многу време, денса низ соба. Се врти со затворени очи тоа и е хит последно време. Како се лизна, падна и удри со образ на една голема пластична играчка. Си ја изгриза внатрешно устата и имаше малку крв. Пак среќа се смири брзо, па и побара да касне банана. Така дур јадеше банана, на маж ми му се лизна од рака еден пластичен пиштол на вода и ја тропна по глава. Празен и лесен додуша, па на тоа не ни изреагира, као сум имала и полоши чукања. Сигурна сум дека имам 827635 нови бели влакна само од вечерва.
Мојот пред 2,3 месеци си ги фати прстите на врата и сега кажува дека ги фатил таму прстите и како од оган бега. Така да девојката научила лекција, а можеби ноктето ќе потемне,зависи кај се потфатила. Кај моето потемна и конечно го пресеков последното темно делче. И со крв во уста сме се соочиле 5-6 пати,еднаш и во градинка. Првиот пат не знаев на кај да фатам,мм си доаѓаше од работа тупкав пред прозор ми идеше да се дерам низ цела населба. После се навикнав и сфатив од каде доаѓа крвта и дека брзо запира. А децата одма забораваат. Ќе биде добра
Даспие на девер ми малата. Цела ноќ не се буди. Но, нема цицнато ни капка мајчино млеко. Од старт е наформула, и ја оставаа во креветче сама. И тоа има улога. Ама дете што цицало, и спие со мајка. Малце потешко. Оно е навикнато на цице да презаспива. Пробај вака уште вечер. Ќе те фати еден ден кога милион пати ќе се разбуди. Тој ден ќе ти биде пресек кога ќе пичне да намалува со будење. Мојата сега вади заби и плус почнува да зборува. Два месеци не спие веќе И јас би сакала да спијам како маж ми. А не како бебе И не слушај муабети од страна. Те прашаат спие? Да, спие. И крај.
Ти го знам чувството . Од вакви денови животот ми е скратен. Кога ќе се удри му тргнува дента и уште неколку пати или ќе падне или ке се чукне во нешто и цел ден во солзи
Малава синоќа како што скокаше во креветче, одеднаш се лизна, промаши да се фати со рацете и се удри директно на нос во оградата. Крв почна да и’ тече од носето, јас се изреметив Плачеше едно 5 мин, престана крвта одма и после ко ништо да не било. Така да и јас имам бели влакна од вчера @Yowannty А за прсти, кај мене големата и’ ги фати на малата со фиока, несакајќи додека си играа. Зајде малава, црвени и’ беа, ама после тоа ништо. Големава и сама си ги има фатено мал милион пати додека беше помала. Тоа е, како инаку ќе побелеме
Ај помош малку Блиска особа ме прашува каков поклон да му купи на детето, нешто поголемо. И навистина не знам што би ми требало. Тротинет и трицикл има, лулашка, играчки тон, што би користеле понатака? Пред 3 дена наполни година. Се мислев базенче да се шлапка на тераса летово.
Со моево дете од 8 до 11 месеци кулминираше ситуацијата со неспиење и тогаш го земав до мене. Раат видов. И да се разбуди ќе ме гушне и ќе презаспие. Ете него му било претпоставувам зошто сакал близина со мама.
Па немаме и бев загреана еден период ама тој едвај сега седнува, сака цело време да оди, плус доби онаков трицикл или како и да се вика со стреа, па мислев летото во него да го поминеме. А и некако непријатно ми е да побарам поскап поклон затоа и мислев базенче
Аааа нивните спиеле, браво за нив. Оти не им рече ее дај кажи ја тајната на спиење за и моите да спијат?!