Ауф јас некни ја држев во раце ама клекната јас и она во скут и и го бришев устето после јадењето и не ми даваше и на назад со главата се иатегна ми се преврти абе ми се лизна од раве и баамм на глава падна на плочки, се слушна баш силно бам, Господ го видов мислам истуот момент, викам готово, ја распука главата, ми се слоши, ја земам во,раце, плаче она рикаа и ја пипкам позади на главчето да видам дали има нешто, ништо нњмаше, за секунда се смири со една играчка и толку беше. Уфф колку и да ги пазиш абе ако треба да биде за секунда ќе се случи нешто, Господ да ги чува само.
Јас уште не сум слушнала доено дете да спие само во креветче и да ја преспие ноќта. Повеќето околу мене се израснати со ад вклучувајќи ме и мене, ептен кратко сум доена и затоа бабиве не знаат што значи бебе да се буди илјада пати ноќе. И ние многу коментари добивавме додека мм еден ден не ме седна и ми забрани да се пожалам за било што. Од тогаш само одговараме 'Да, спиеше ноќеска, јадеше убаво, не плаче' итн и сите среќни и задоволни.
Абе и мојов сака да оди, ама за чудо во количката си седи мирен и си гледа наоколу. Ете тука читав за трицикл и количка, слични се само што во количка може и да заспие. А и простор заштедува, до поголемко може да се користи. Ние 1800 ја земавме, не е баш скапа а супер е. Како сакаш, сепак. Сите овие дрангулии се игра на среќа, или детево ќе ги сака или не. Освен базенче мислам, тоа верувам дека сигурно ќе го искористите. Сите сакаат да се шлапкаат
Лелеее секси. Дал ќе остане коса воопшто. @Jana06 садоперач играчка. Со батерии и со вода. Лани лето им беше хит на генерацијата машки-женски без разлика. Го ставаш на балкон/двор тој игра се шлака со вода и ти пиеш кафе раат, легендата вели дури и до 30 минути. Јас ќе земам деновиве.
Јас си ги земам кика бу од локо кроко. Задоволна сум од квалитетот за таа цена. Многу работи имам од таму, сѐ ми е погодено. Уште ми е криво за првата количка што не ги знаев и ептен ја утнав, неквалитетна се погоди (за мој стандард секако, јас не сакам да фрлам многу пари на бебешка опрема, и онака цените се плафон).
Еве од амазон колку да видиш за што се работи https://www.amazon.co.uk/Play-Sink/s?k=Play Sink Иначе има во мк, само не знам да ти кажам точно каде. Од девојките лани што купуваа, можда ќе прочита некоја па ќе сподели. Можда и во Џамбо имаше ама не сум сигурна. Сите го изнакупија, па не можеше да се најде после никаде. Земај дур има. Сите живееме за тие 30 минути.
@Jana06 дали базенче или ова @Yowannty што ти предложила, нема да згрешиш. Се’ што е со вода и шлакање секогаш пали, од искуство
Искуствo? Кoj се пoпрактични за дете 18 месеци...да не jа утнам рабoтата @Yowannty @koritsaki мислам кoристевте?
И тоа со формулата не е правило. Еве малата нема цицано и спие сама во креветче па пак се буди. Такви ни се децата
Вторите, со затворени прстиња напред. Мали се уште за отворени, ќе му се лизга ногата кога ќе оди/трчка
Од тука го земавме. Знам и во Бубамара го имаше и во Џамбо. Само во Џамбо не беше практично тоа за пуштање вода. Купите го вреди раат кафе
Јас па мислев тоа има врска Значи, има деца спијачи, и деца не спијачи. Поретки се спијачите Лекам да излезат тројките, па да видиме дали ќе почне да преспива
Како секси и јас ќе ти речам, сандала да е напред затворена. Иначе денеска прв пат и ги облеков на ипанема исти како вторите и супер се. Флексибилни доста, пријатни и удобни.
Да се само цитирам, малку и беше чудно на почеток, дека голо стапало и плус влага песок од плажа. Ама брзо се навикна. Немаше проблем.
Ај предложете некоја добра летна количка.. Да биди околу 3000 ден. Се мислев меѓу трицикл и летна количка ама сепак мислам дека трициклот само го туркаме а децата се мали да го возат. Додека да пораснат ќе треба поголем да се земи.