На играчки за деца го нема на залиха, а на бубамара не можам да го најдам. Ако го најдеш негде сподели одма. Тој од џамбо го нејќам бејби вика не бил добар Едит: Го најдов на Бубамара. https://www.bubamaraigracki.mk/igracki/detska-igrachka-sadoper @BabyT* да каже дали е добар овој
Златна свеки птед некој дем ми кажа дека малава не требала од 20 да спие сум требала да ја држам будна до 22 значи и да ти спие саглам (не дека спие мојата) пак нема да чини Зошто цица на колегата од 7м бебети му пиело алпско млеко од кам ( тоа ми го кажува како да е нешто добро) Зошто се трудам се што јаде да е здраво кога на некоја комшика само крем бананки јадело и пораснало Не ме сваќајте погрешно никоја мајка не е немајка,секоја си знае со своето дете најдобро.... Ама на стариве никогаш никој не им погодил и колку побрзо се откажете од трудот околу старите(а и некои млади со глупи совети) толку по раат
Да. Делот за пуштање на вода да биде со рачка а не со круг (на тоа со круг се пумпа вода и не е практично) И после секое користење вадете ја чешмата да не стоат во вода батериите. Кај и да е треба да донесат такви на повеќе места, изгледа чекаат убаво да затопли, се прават лом со него.
Фала Бејби Тој од играчки за деца поише ми праи мерак Ќе им звонам да прашам кога ќе го добијат. Некој ако го види достапен истиот на друго место нека пријави! Како кола да купувам а не играчка
Јас би и рекла на златната свеќи а и на другите секоја мајка си го храни небето кско шо мисле оти е правилно. Ако некое растело со крем бананки кажи моето ќе расте само со бананки. Моја другарка пред 10 год стана мајка прв пат на 4-5 месеци почна да му дава храна на бебето, па си го хранеше смоки со кисело млеко И нејзиното порасна, па што? Нека и е здраво и живо!
Вторите и лани и имав купено и денес и купив пак , подобри сандалчиња од Ипанема, нема. И удобни и лесни се и не се скапи.
Добро си правиш. Јас мислам дека мојот веќе и не сака со цицање да заспива. Преку ден слично како твојот, го држам нанапред и тој гледа во дрвата надвор. Малку го занишав и заспа. Воопшто не ми побара цице. Или другата опција во количка. Пробував и со песна, @dunika ми кажа некоја таква финта, ама не ми успева (барем досега). Навечер исто пред некој ден не беше преморен, туку онака оптимално уморен. Малку цицаше, после се тргна и легнат врз мене заспа.
Деновиве секое попладне одиме до шумата на сега веќе покоен принц Филип. Претопло е па таму е за неколку степени подолу и е ладовина. Дете брка балони или пеперутки, топ е. Одејќи накај палатата е нерамно, па оти не гледа напред се засопна на едно дупче. Откако се истрча и умори за назад, кога стасавме до истото дупче, отиде и си ја стави сама ногата, не погледна нас па испушти и лелек, само за да ја земеме во раце. Кај и дотекнуваат вакви глупоштии се чудам. Глуми демек офка и се смее истовремено. Маж вели оскар за најфејк глума. Вечерва трчаше низ дома. Се зализга и со глава во ѕид. На средина чело оток. Не знам што ќе се праи со детево. Освен да и земам кацига и штитници за лакти и колена, друго ништо не ми преостанува.
Ве читам неколку страници наназад пишувате за доста палави и енергични тодлерчиња што за сега не можам да го кажам истото и за моето, во глобала многу е мирен и не е захтевен, ниту е насилен со други дечиња да ги удира, ама да даде нешто играче или било што тоа не се десило, со чутенката си зема, било да е негово или туѓо нема шанси да даде. Ама цело е драма квин одма плаче било да паднал на газе или да се потчукне тоа плачење до зајдување, јас си го знам други од страна се чудат. Ноќите ни се катастрофа на секој два саати да си цицне, а некогаш и со пупката в уста си дреме ко цуцла веќе се навикнав на неспиење, му велам синче изглеа ние ќе си цицкаме дури не си фатиш женска, после неа цицкај си ја