Не знам фали воопштп можат да соџвакаат сусам. Јас му давам геврек со сусам, од тоа има сусам во каки. Секако дека има, се што е здраво е добро за бебе. И синко кога грицка свеж морков има парчиња во каки.
Домашна зеленчукова кашичка кога ќе ја види у чинијата не сака да ја јаде, и ја претурив у темна хипп тегличка ја јаде. За заспивање навечер саат ипол време ни треба, и сега кога се буди за цицање вика мамии тите тите и ај како да не и дадеш да цица на секој можен кревет се топори, трча цел ден од таму на ваму, надвор не застанува, оди на гости не застанува. Кога седе у хранилка си вади рацете од каишите и се наведнува надолу. Најсигурна ми е у креветче. У детска омилено место и е бирото на дотка и низ фиоките и брка. Од некни и скина еден цртеж и почна да го јаде, големата се изнаплака. Она плаче, малото трча по неа дадаа дадиии, и тропа на врата кога е доткаи у детска сака да игре со неа. Од вчера почна да плува хаос, ме фаќа криЗа одвреме навреме. Мм беше две недели на одмор, големата немаше школо, корона се затворено и лудост да те фати. Горните четворки излезени, тројките боцкат и тие. Долните тројки исто боцкат. Детево вади 6 заби наеднаш, што ќе јаде. Сакав да ве прашам за паста за забчиња ама нешто се распишав. Дали им ги миете запчињата и каква паста користите? Од сам старт од 5-6 месеца користам Elmex и она се навикна на четката и пастата немаме проблеми ги миеме, пастата може да се голта. У МК знам само за Бекутан со вкус на јагода беше мислам, една грозна никаква паста, ни мирис ни вкус ниту чисти, купив за големата еднаш од неа и толку, никогаш повеќе.
Во Мк имаш милион пасти. Јас ја користам од Дм, детска од Alverde. Имаш и други. Јас земав зашто е органска. И вкусна е.
Здраво мајки Во лето правите пауза на Д3 и од кога почнувате точно ? А Омега 3 не требаше пауза преку лето ?
Ako e aktivno kako moeto sto i da mu kupis e uzalud, sisinja, tapi, tenzerinja, topcinja i se sto e opasno i zabraneto go intersira pa zaprev so igrackite samo gi raznesuva kako motorce da ima vo gazot.
Ама буквално се ти е за џабе купување ако не седнува и со тие што ги има. Денес му ги спакував сите играчки, не ни примети дека ги нема, цел ден виси во кујна и ги отвара фиоките, сите се затворени па среќа не може да вади ствари. Не знам ако му купам кујна дали ќе му биде интересна како мојата?
Мојата игра на кујната, и доткаи играше. Додуша на неа поголема и ја зедовме ама сега пак малото игра со неа. Туку кажеме ми како им давате да си грицкат свежо овошје. Печено сечено, варено??? Освен банана шо друго??
Нема такви шо и задржуваат внимание, освен шо сака да црта и бои друго ништо. Ниту пак форсирам на преактивно дете само слободен простор. Иначе по цели денови сме надвор со топки, кофи триста чуда, се зимам и оставам сама да бира шо сака и дали воопшто сака да игра со нешто најчесто одбира да трча собира камчиња, дрва такви работи. @ddevojce и овошје и зеленчук јаде свежо се на парченца.
И мене тоа ме интересира . Педијатарот ми рече до мај да давам д3. Ама уште давам. Омега нема да прекинам давам од молерс
Јас денес го носев на ортопед и некако многу информации ми нафрла Тони и ме збуни Битно рече додека не се затвори фонтанелата,уште многу малку и треба да продолжам со појачана доза ,а после,ако фатело лето се прави пауза или се намалува доза па го прашував за молерсот, па после почна да ми кажува од 3г нагоре дека по 5 капки д3 треба...и на крај виде дека сум досадна,ми вика кога ќе му се затвори фонтанелата пиши ми на меил А кога спомнував за тоа дека не треба да се дава д3 во лето ,ми рече дека сигурно не го носам во најжешкото на сонце и дека сигурно е ограничено време на сонце,така да ако добро разбрав изгледа треба да се дава ама во помала количина... Не знам се ми се измеша,ќе го барам кога ќе затвори фонтанелата