@NewMama Мене ортопед ми рече од мај до септември да давам 1000, а ако е на сонце, тогаш намалена доза 400, па после летото да провериме Д3 за да се одреди дозата за понатаму.
тони како брзо зборува, и јас го препрашувам цело време. Фала на сите за идејата зс судопер ќе се воодушеви мали ко што е опседнат со чешми.
Ве молам за мал совет. Дали има некоја финта за да почне да го пие аптамилот? 14м е малиот, сеуште цица, ама вчера земав Аптамил 3 за да му дадам навечер. Кога виде дека во шишето има нешто што не е вода (а не пие ни сок) ми го гурна шишето, почна да плаче, да бега, да се лути. И неуспешен беше обидот Ајде сабајле пак пробав да му дадам со друго шише, друга чаша, не сака ни да го погледне. Дали може да се стави какао? Зошто некако многу јак мирис има. 210мл со 7дозерки е таман за него?
На другарка бебе пие хип и цица. Ама јадач голем е, не му стига мајчино и бара 180 мл пред спиење. И хумана има неутрален вкус. Ако внесува доволно други млечни не мора млеко.
Коритсаки како се со бројчиња? Ако можеш да ми споредиш со Адидас дали се иста големина,или со Најк? @Yowannty читнав и ти дека имаш купено на малата? Совет
Јас му пишувам на меил. Па си читам на раат Ние сме на 1 јули дури на контрола. Закажана пред еден месец
Охоо на 14 месеци мислам скоро невозможно. Јас од кај 6-7 месеци пробувам да го научам на ад, на година се откажав. Пробав со какао, маџун, бевиплекс, на крај дадов тетрапак со несквик, јок.
А ептен гледаш да се точни,или како кај патиките и сандалите се со 1 цм плус? Моето носи најк 25,адидас 24 патики би му биле ок,дали и ипанема да земам 24?
Секоја обувка мора да има 1 цм кога ја купуваш. Најубаво е да проба, и јас сакам да земам ипанема а носи најк 25. Од скоро почна да ги носи, значи големи се 1 цм. Ако купиш ипанема тагни ме или пиши ми.
Да не ве тагирам сите. Од кога планирате сандали да облекувате на малите?Примеќам последниве денови кога ќе соблечиме патики ,жива вода му се чорапчињата од пот.
Да да, обавезно гледам да има простор напред 1 см , не да бидат ептен големи или да допираат прстите до сандалата, треба да има малку простор. @NewMama јас денес прв пат и ги облеков. Ама како беше смешна , и беше страв да оди и стоеше здрвена во место
Мене уште ми е рано. И јас сум во патики. Ама јас сум зимурлива многу. Мене само ме интересира како ке му стојат ипанема на тенкото стапалце.
Исто и на моево,сега од пред 1 месец му се најк 25,што би било Адидас 24. Му ги порачав овие 24,на страната пишува дека се 14,5 цм,а патиките што ги носи се 14 цм,се надевам нема да се многу големи. Ќе ти пишам кога ќе стигнат како ќе се. Ако не сега,барем на одмор крај на август ваљда ќе му се добри да ги носи.
Со сопнуваа ли вашите деца од предниот дел на патичињата кога се надвор? 1цм поголеми се ама се мислам да не е многу или пак така проодуваат? Друга работа, доколку има мајка што го носи детето во Колорес Аеродром да замолам да ми пише лп, имам неколку прашања. Фала
Додека се навикне на нов пар се сопнува. И 22ка и 23,5 и 25ка додека ги навикне се сопнува. Ама кратко трае тоа.