Јуле, aлaл зa пoстoв. Тaкa е - штo дишеме е прoблемoт. А тoa зa иницијaтивите - имaше, aмa слaб oдзив. Луѓевo се мнoгу пасивни. И џaбе здрaвa хрaнa aкo ги чувaме децaтa пo цел ден зaтвoрени, зa дa не дишaт oд зaгaдениoв вoздух. Ми иде нa плaнинa дa oдaм некaде дa живеaм. Мaтичнaтa нa син ми рече декa кaшлицaвa му е исклучивo oд зaгaдениoв вoздух, пoрaди зaгaдувaњетo се нaмнoжијa и измутирaa вируси и бaктерии кoи ги немa нa нaше пoднебје. Зaтoa ќе си страдаме. ..
Ми тежеше Ана, би рекла повеќе дека ме боли кога читам за болни деца... Знам дека имаше иницијатива, ама кој воопшто и слушна за истата?! Затоа пишав за смоки ќе те стрелат, а кога требаше да излезат на протест никаде ги немаше. А и не е само протестот. Колку државата се обидува да не заштити и што прави за да го намали загадувањето? Ништо!Истите тие луѓе кои НИЕ ги гласаме и ние сме ги ставиле да се грижат за нас. Каде се тогаш мерките за намулување на загаденоста? Да не одам во друга крајност, колку и плаќаат на мојата општина и државата за да се молчи за загадувањето кое се врши во градот во кој живеам. Да не навлегувам во политика не е темата тоа, ами децата ни се во прашање. Уште една споредба, нејќам да правам споредби од типот што јаделе порано, ама ова ми боде во очи. Порано, а и сега постарите јаделе мрсно, буквално маст и леб, се колеше свинско, прженици, млеко мрсно од крава, сирење исто. Баба ми кога меси баница абе ставаше ОБИЧЕН зејтин и тоа литар. Братучеди мои баба ми ги израсна со леб, шеќер и вода или со маргарин и леб со вагета. Еве ги по 30 год, алергија незнаат што е, болница не виделе. Се почесто се болни и умираат генерацијата ба моите па и мојата,како и деца, бебиња отколку на баба ми генерацијата. А ние не даваме вагета,у последно време се дава строго химелајска сол, не дај боже друга да дадеш. Јас на детево давам само маслиново масло и путер. Шеќер никако. Значи во кое и време да е, таа храна е нездрава мајки, ама тогаш воздухот и сега не е исти. И тука е проблемот. Затоа мора веднаш да се реши проблемот со загаденоста оти во спротивно секој ден ќе читаме деца болни од тумори, леукемии, алергии, чудни вируси кои траат со денови. А ова боли!
A oni beli sari so gi ostavaat avionite pozadi?Dali na nekoj mu teknal u drzavava da prasa od kogo se?i za sto namena imaat?tie imaat najgolemo vlijanie vrz kvalitetot na vozduhot.Vo pravo sum?
Би се надовρзала на Јуле,чиј целосен пост во вρсκа со хρаната го поддρжувам,но и деκа плус воздухот,загадени ни се и почвата и водата. Почвата е κатастρофа,земјата се менува од вρеменсκите услови,од поплавите надоаѓаат нечисти води κои се впиваат во почвата и κаκо после баρаме здρави пρоизводи? Вρнат нечисти дождови κои диρеκтно влијаат на хρаната. Затоа пρоизводителите κоρистат пестициди,пρиρодно пρоизведен пρоизвод на денешницава е тешκо да се одгледа,сκоρо и невеρојатно. Значи,пρоблемот е настанат пρи самиот почетоκ на пρоизводство на хρаната,а не до она што ние им го нудиме на нашите деца.
Ама јас само сакав да знам зошто им давате чоколада. Не дека фрлам со камења заради тоа, далеку од тоа. И ќерка ми има смоки пробано т.е два пати има јадено смоки. Чоколадо нема, па се "прашувам" дали ми е исправна одлуката. И чисто процедурално, јас бев на протестот и уште полута се вратив од истиот. На една пријателка изговорот и беше дека треба на балет да ја носи малата, не може. Кога ќе помислам дека 90% од родителите се со изместени перцепции - си викам малку ни е! @JuLleE многу, многу ми е мило што малиот е подобар.
@Nova јас зборев за мајките на фб. За нив ми беше муабетот. За чоколадото, јас сметам дека не е лошо барем еднаш неделно да јаде барам по 50 грама. Не оправдувам секојдневно јадење чоколада и смоки. Реков дека здравата храна е лек за се, но ние за жал имаме поголем проблем,а тоа е отровниот воздух кој го дишеме. И место сите да си чукнеме во глава, ние мудруваме на фб за смоките и солта. Син ми е добар, имавме тежок период и сето тоа му се одрази на здравјето. Направив многу жртви, се откажав од работата. Имам уште за средување, битно детево се среди малку. Фала ти Нова.
Јас давам еднаш во неделата чоколадо и некои солени стапчиња (сите други околу мене ме прават фрик за таа одлука со изговорот а ти како порасна мислиш од лебот им кратам ама тоа е друга прича). Приметив дека на детски родендени тоа што дома не им даваме како луди го јадат. И сега кога демек случајно дома им давам на малата и викам не е убаво а? И она ептен малку јаде и вика неее. На син ми му објаснив па демек разбира. Сега кога одиме на родендени дали по еднаш ке посегнат по грицките. Корисно е чоколадото, читав статии ама тоа со 80% какао кое малку горчи па ретко кое дете го сака. Како и да е се движиме кај луге доагаат даваат не може скроз да се избегне. Непријатно е да одиш некаде и да речеш не ставај ништо од тоа ( може они јадат, може немаат друго).
Апсолутно се согласувам со Јуле за се што кажала,во фб групите ќе те направат луда ако дадеш смоки или чоколадно на детето,а за кога се организираа протести за загадениот воздух сите спијат во тиквите,па после цацко им е крив,по дома и меѓу пријатели ќе мрчат вака-онака,јас и мм бевме.Во поглед на чоколадо еднаш до два пати сум дала животинско царство онака ептен дека го отвори и смоки ако ептен дојде некој или сме биле на гости ќе ги види и си зима,ама не се потресувам толку ако повремено касне,затоа што знаете како викат забранетото овошје е најслатко,па утре кога ќе дојде ред да види некаде по родендени или слично може и да јаде како невидено,мое е јас да објаснам дека тоа не е убаво или здраво да се консумира често,ама да се траскам од земја дека нема никогаш да му дадам да проба тоа не,затоа што во глобала ја хранам здраво,па некогаш може и некое кратко задоволство да и пружам
Потребна им е васата помош,донирајте гардероба,креветчиња,транспортери,пелени,шампони и се што не ви е вам потребно а некому друг би му било добредојдено https://www.facebook.com/ZaSiteKojS.../659223970882956/?type=3&theater¬if_t=like
Сκоκ во ρазвој на 18-19месеци? Детево неκолκу дена плаче ви сон,мρда и саκа да е до мене,постојано баρа цице и се ми алудиρа на неκој сκоκ,дρуги пρомени нема баш ниκаκви.
@LaDyDoLl i jas ke prasuvav istoto.Mojov za nekoj den 18m ke pravi.Ima recisi edna nedela nemirno spie,legnuva vo niedno vreme,de jade de ne jade,generalno mnogu smenet...
Исто и ќерка ми @LaDyDoLl ,се буди неколку пати во ноќта со плачење,кога ја зимам до мене е мирна,а ја вратам во креветче пак ги подава разцете,плаче, синоќа дури списка во сон наеднаш од памет ме извади,па и преку ден е нервозна,плаче за се и сешто,се лути,а не беше ваква.Незнам скок ли е,или од тоа што скоро прооде,па сега не седнува,а нели на децата кога им се случува некоја значајна промена во психофизичкиот развој се јавува токму тој скок во развој.Јас си претпоставувам дека може и да се заби,три недели веќе е ваква нервозна,можно ли е до толку четворките да ја мачат,имале ли некои од вашите деца вакви симптоми? Инаку 14,5 месеци е
Мојот има 15 месеци ама биквално неподнослив е,две недели страшно нервозен,гризе,плаче во ноќта станува незз колку пати со плачење,и тоа пиштење цела зграда се тресе.Нема двојки доле ама му пробила четворката доле лево,се гледа со око,грепка.Ама тој воопшто не се смири.Иста приказна сме рацете само во уста,нервозен.Незз како ќе го поминеме периодов.Дали уште го мачи таа лево што не е убаво пробиена или и десната се спрема.Мислам еден месец имаше симптоми дека ќе ваѓа заб,само 2 недели беа мн изразени.Ќе ве замолам прашав и во др тема ама нема одговор.дали има мајка чиво детенце извадило четворки а двојките доле сеуште не му се излезени,некако и абер немаат.
Мајки тројките излегуваат после четворките. Мојот син има година и 7 месеци и веќе ги има и тројките и четворките. И тој го помина периодот на вадење со нервози, нередовно јадење, будење во сон, нередовно спиење, ама среќа помина... Само трпение Мене ме интересира дали на неполни две години може да вади 5ки? Рацете постојано му се во уста и тоа до грклан, се лигави премногу и како и за сите заби и сега носот му се растече...
Има скок на 18 месеци и најчесто се поклопува и со четворките. Хорор. Кај нас траеше скоро два месеци, пренапорна фаза.