Јас порачав на друга фирма 24 и и се еден прст поголеми и неможе со нив да оде. А инаку си носе 24ка и вака на лик се ок ама се спрепнува и излеваат.
Ама ме утеши Пробав прво тетрапак и џабе беше. Ајде сега реков ад и тоа џабе. Од другарка малиот на 13 месеци почна со ад и навечер е комиран. А и јас како мала после 1 годинка до ден денес немам млеко во уста ставено. Не јаде многу млечни производи, кисело млеко и јогурт му давам во оброк, јаде урда и сега почна кашкавал по малку @MilaSs12 едит: @Jana06 се сопнуваше кога прв пат облече патики и топлинки откако прооде. Малку му требаше време да се навикне.
Сега случајно видов дека си ме тагнала, не ми стасала никаква нотификација. Гледам си нарачала, јас ќе ти речев помало бројче. Мојата носи 23.5 на најк, а тие што ги нарачав на Ипанема покриваат 2 бројчиња 22-23 и и се малку поголеми. Ама супер оди во нив. Додуша мене само за на плажа ми се, за шетање нарачав класични сандалчиња кои стасаа денес и се големи, па сеа ќе нарачувам нови. Мислам дека 24ка добри ќе му бидат.
Ич не форсирај млеко, посебно не тетрапак. Давај млечни производи, кефир, јогурт, фета, кашкавал. Млеко нема потреба.
Сакав АД за да пробам дали ќе спие навечер. Откако е роден немам око склопено, често се буди и бара да цица.
Се буди од навика за цицка, нема потреба од млеко за да спие. Давај солидна вечера нешто што му е омилено и во што ужива, нека се најадува убаво и крати ги подоите ноќе. Не само тој што нема потреба од млеко ноќе, туку и тебе не ти е уживање и за тебе е уморно веќе доењето. Не знам како си со план, ја би си ги скратила ноќни подои.
Ич немам среќа за вакви попусти Сосема случајно налетав Ако не ми е утнато бројчето би било супер. Или па ако веќе е утнато,барем догодина да може да ги носи @MilaSs12 пиши како ќе се кога ќе стигнат. @Yowannty ty па таман,најк 23,5 одговараат на 22 адидас,значи и Ипанема 22. По таа логика и јас нарачав 24.
Синко 21 месец има, цица и спие цела ноќ. Се случува да се разбуди да цица, ама најчесто околу 7 наутро а во 8 е буден. Кога е најаден и кога ке се истрчи спие без проблем. Значи навика е, не е до млекото. Ако е обилна вечерата, се буди да мези, не од глад. Нема повратен меил, ке видиме дали воопшто ке ги пратат.
Требаше да барам за без пари,сега е доцна,веќе ги платив. Сепак,ептен се евтини ќе се продадеа брзо. @MilaSs12 ќе стасаат,да ги немаше,немаше да ми земат пари од картичка Инаку моето е 28 месеци,цица уште И се буди ноќе 3 пати,некогаш и 4 за цицање А најаден си легнува . Никако да се решам да го одбијам,кој ќе издржи уште една тортура . Ептен страстен цицач е,па кога ќе му наиде млеко како му светкаат очињата и се радува,и го прашувам има ли млеко и он цел радосен вика: дааааа . Ама мислам дека му е доста
Одбиј го ќе ти спие. Барем кај мене испадна така Само што јас уште од навика се будам ноќе,додека тој слатко си спие
@Sofi.ja и нас ни кажа дека не и е затвoрена фoнтанела, дoза oд 6 капки Д3 на пливит ц, дoдека не фати сoнце пoтoа да се преќине дo есен.
Каков распоред планирате да им направите за спиење на генерациските бебиња за лето? Синко станува во 8, дремка од 12 до 2 и навечер 9, ретко 10 ке заспие. Вчера шетавме и беше прежешко околу 5, летно време дури по 7 е пријатно да излезеш.
Хахаха Сите истово го зборат. Пред да останам трудна викав ќе го одбијам на годинка, ама убаво ми е кога цица што стварно знам дека ќе ми падна ептен тешко одбивањето. Туку гледам цело време на инста некое домашни сладоледи се прават, па знаете каде можат да се најдат модли? Освен во Карес.