Еден апдејт: јас со одбивањето ништо не направив пак со цуцлата си игра, навечер не успеав да и ја бутнам наместо цице. Преку ден ги намалив подоите, не цица како што цицаше, ама навечер ептен тешко. Ај сигурно нема да цица до прво одделение. ќе и се згади цицето еден ден Туку, кажете ми што да правам. Кај нас во Гр почнаа уписите за во градинка. До 2,5 години се во бебешки јасли. Сега ако ја запишам ќе почне од септември , тогаш ќе биде 2 години. Е сега јас сакам да пробам летово да ја одвикнам од пелени , работата е што во бебешки јасли им ставаат пелени таму а јас ако ја одвикнам и ете по грешка ќе се помочка/искака нема да се занимаваат со неа. И на два ума сум дали да ја запишам сега или па здравје догодина...
Јас те сфатив еднаш дека до 5 часот сабајле ти спие и тогаш цица? Колку пати се буди? Мојов некогаш еднаш а вчера 4 пати ама му дадов да цица само 2пати, а другите 2 го зедов во раце го нишнав седната и продолжи и го вратив во креветче. На ум сум да ги скратам овие ноќни подои и да ми остане само еден, пред заспивање.
Според мојов педијатар прво скорз одбивање подој преку ден т.е прво кратење, па подој само за заспивање, преку вечер останува исто се додека не се одбие преку ден целосно, потоа почвиш на вечер и крајно го одбиваш за заспивање ,инаку би било ептен стресно и за мајката и за детето.
Друго што заборавив да пишам , и не верував дека ќе функционира ова. Имам пишано за малово дека многу ми повраќа кога се вози во кола. Сега кога сме уште во Мк, се шетаме ваму таму со кола, и викам ќе пробам со ханзапласт на папочето да и залепам па ќе видиме ако поврати сируп или драмина не ни бега милум или силум. Се изненадив бидејќи навистина функционира. До сега ми нема повратено. А сега не знам дали би помогнало ова на подалечни релации, ама ме има спасено на кратки. Алал да му е на кој му текна ова
Во план ми е од понеделник малиот да почне во градинка. Пие Вигантол и омега Молерс. Што ми препорачувате и дали има потреба да му давам нешто за имунитет?
И јас си реков до година ќе го цицам ама не било така лесно ни за мене ни за него, иначе не гледам некој ефект од кратење подои, џабе што цица само два пати на ден кога ноќе на секои 2-3 саати се буди, се обидов да не му давам да го нишкам и не сака да заспие а јас капната и уште толку нервозна. Кога ќе одлучам мислам дека наеднаш ќе биде одбивањето сакав да ве прашам немам информација, дали доилките може да примаат ковид вакцина?
Молерс што има во состав? Јас давам флорадикс за апетит, ама ги има сите витамини. Топло го препорачувам. Пробиотик вклучи, барем првите месеци.
Мене педијатарката ми рече јасли за нашиве ќе биде чекор назад, зошто јасли овде во државна градинка се од 6 месеци до 2.5 години во иста група. Ме советуваше за приватна градинка, иако рече во државна зависи од групата, ако се погоди да има повеќе врсници супер, ама ако се погоди да се повеќето околу 1 година нема да имаат доволно ментална стимулација. И јас не знам што да правам... Перидот кога се родени ни наваму ни натаму... Покрај пелените, ова е уште нешто што ме замисли...
И јас тоа давам, и само тоа (јас и’ давам Солдевит, не Вигантол, ама исто е). Според нашата докторка, немаше потреба за ништо дополнително и навистина така испадна. Освен повремено растечено носе, немала нешто посериозно досега фала богу, од октомври оди во градинка. Јас мислам дека е доволно @koritsaki малава исто ми повраќа, и тоа и на кратки релации Кај го имаш слушнато ова за ханзапластот на папоче и која е логиката? Стварно ме интересира, во состојба сум се’ да пробам Со големава не сум имала ваков проблем, малава од вакцина до дома додека стигнавме се исповрати
Ние сме помали (скоро 16м)ама исто ова ме интересира Пошто станата е 7 и 30 дремка од 12 до 14 во 19 и 30 најкасно се бањаме и до 20 и 15 е заспана А летно време пред 19 не се припарува надвор :/ еве и деновиве излегуваме во 17 попладне и баш е топло ама што да правам кога морам до 19 да се прибереме
Не знам ни јас, за наутро за шетање ке е супер, ама за навечер што ке прави? Ако не се истрча, ако не потроши енергија не сака да спие.
@elenaklasik Дај боже да спие до 5! Се случува некогаш да се разбуди само еднаш ама тоа е ептен ептен ретко. Најчесто првите два часа е цврсто заспан и потоа само мрда, шета низ кревет, само го барам каде е (спие со нас) и бара да цица. Се буди на секој 3 часа најчесто. А има и 3 оброци и 2 ужинки и пак џабе. Едно време спиеше до 4-5 без да се буди да цица но тоа кратко траеше. Буквално од кога е роден немам око склопено. @elimkd и јас имам пробано да не му давам да цица и да го заспијам на друг начин ама и јас сум заморна едвај гледам, па и тој почнува да плаче и ќе се расони па уште една беља, така да отпаѓа и тоа