Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.444
    Допаѓања:
    18.694
    Има разлика од будење со дремење на цицка 15мин,расонување и паѓање на глава за спиење (додека цицаше) и будење ,ѕиркање на саат и презаспивање:D
    После 2 недели се осмелив да го прашам какво е цицето, ми мафта со рака расипано е:D ама си доаѓа и си легнува на градите,ме гушка:inlove:
    А колку примаше претходно д3?
    Јас му реков по 2 капки,а откако си отидовме ми текна дека ид февруари (од корона навака) давав по 3 капки.
    Он ми рече штом си давала 2,сега давај 3+молерс.
    Ама јас сега почнав по 4 да му давам од пливит. Се надевам дека е доволно...
    Многу тешко ми падна психички одбивањето. Особено првата недела, нешто што му е омилено да му го забраниш,па размислував како изгледаше кога цицаше и ме гледаше право во очи со тие очи бисери...врвот беше кога заспа без да цица, отидов во дневна и му се расплакав на мм. Другиот ден бев плачка, плачев зошто врнеше а јас поминав со кола, наместо да застанам на пешачки да пропуштам еден дедо. Го изжалив дека ќе накисне:$

    Јас прво исклучив денски подој, па подој за заспивање (тука соработуваше и бебе) и последен беше ноќниот подој.
    Баш зошто беа постепени не беше стресно (освен психички за мене) одбивањето.
    За среќа немам стврднување и грутки во градиве,повремено само некои жештини.
    До кога да очекувам сипмтоми?
    @srekice ти си пензионирана доилка,кажувај:D
     
    На ddevojce, WonderGuurl, RAK91 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.051
    Допаѓања:
    108.785
    Пол:
    Женски
    @Sexybaby86 во целава мака ете и ова го пробав :D и 3-4 пати што сум ја возела низ Ск успешно се покажа. Грчкиот сируп не и помогна, а општо избегнувам да и давам сирупи веќе ептен кога мора зошто плука и никако не можам да ја залажам. За лижавчиња мисам дека нема да знае дека ќе треба да го лиже и со тоа нема да има влијание. Локомотивот и помогна ама ете не ми се даваат сирупи. Остана Драмината 1/4 да и подметнам во вода и ханзапластот на папок. Ама Драмина не ми е за кратки релации, здравје сега кога ќе се враќаме во Гр ќе и дадам и таман да ја успие да спие по цел пат зошто 450 км не се малку :worried:
    А ова со ханзапластот го читав на фејсбук по женски муабети и мислам една мајка на форумов пиша :)

    @Yowannty дали приватна дали државна доколку ја запишеш со програмиве ЕСПА мислам се е исто. Немам искуство со приватни градинки, големата ќерка одеше во државна и да ти кажам многу бев задоволна , ама кај неа друго беше дека се роди март, во септември беше баш 2,5 год и тогаш веќе скроз ја имав оддучено од пелени и немаше проблем си тргна нормално со децата од нејзина возраст. Вака сега ќе биде баш со бебиња ова. Се мислам , ама најверојатно ќе почекам догодина здравје, до тогаш се надевам ќе научи и ќе оди барем со деца од нејзина возраст.
     
    На Sexybaby86, Yowannty и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  3. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Женски
    @Sofi.ja Повеќе од месец не цица. А ноќниот уште Ноември го тргнав мислам.
    Инаку по совет на една мајка од Соба за доење. Почнав со ноќниоте подои. Тие се апсолутно непотребни. На година ипол:D
    Секое прво будење ја презаспивав со "како знаам и умеам". Во нашиот случај, со нишкање. Секое будење се пролонгираше, и знаеше да сврзе и пет часа джсон. Цел месец се мачевме. Кога, почна да се буди на половина час. Се мрднав. Мислев џабе трудот.
    После неколку дена, почна да се буфи еднаш до двапати. Ако и беа сите овци на број, сама презаспииваше. Во други случаеви јас ја нишкам.
    И сега нишкам уште. Она презаспива, мајка будна вампир. Кажувајте чаре.

    Дневните ги тргнав лесно. Штом ќе станеше ја гушкав, ја залажував и одма давав доручек. Го спремам одвечер.
    Пред дневно спиење, пак ја залажував и успивав во раце. На крајот остана оној ноќниот, пред заспивање. И него така го средив, зашто повеќе од два месеци беше со еден пофој. Овие дневни ги кратев еден на две недели. За да се навикне и она и јас.

    Веќе не ни бара цице. И да ме види гола, не ме ферма. Мене ми е тешко. Посакувам да цица. Душа ми плаче, но ете. Мораше и таа љубовна врска да заврши.
    Така да. Уживајте во доењето. Ќе тажите како мене вака кога ќе заврши.

    Деѕе не цица, но не преспива цела ноќ. Таква е и џабе:*
     
    На *malenavolena*87, mal.ecka, WonderGuurl и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.444
    Допаѓања:
    18.694
    Во ред е се ова што напиша,ете ти поразлично од мене си ја одбивала и пак на крај е постигнат истиот ефект,дете одбиено,мајка жали зошто го одбила:D
    Туку прашањето ми беше колку време од одбивање да очекувам некои промени со градите?
    Или штом до сега не сум имала,повеќе од 10 дена помкнаа,не би требало да имам во иднина стврднувања,грутки..?
     
    На srekice му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.531
    Допаѓања:
    184.305
    Пол:
    Женски
    Абе што знам. Мене педијатарката ми рече дека на државна најверојатно ќе е со бебиња и тоа ќе биде голем чекор назад за неа. А во приватна ќе биде со генерација нејзина. Сеа ти ми викаш исто е. Стварно ова со градинкиве не го разбирам значи. Маж ми ќе оди до 2 државни што ми се баш блиску кога ќе отворат на 17ти, не знам таму како е, овде се затворени, па да праша што и како, услови и сл. Па валда ќе знам и ја за сигурно.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  6. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.051
    Допаѓања:
    108.785
    Пол:
    Женски

    Да да прашај , јас зборувам за преку програмите ЕСПА (така не се плаќа) а сега ми текна дека преку маж ти можеш и без тие програми да ја запишеш па може друго е така. :)
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.884
    Допаѓања:
    10.401
    Вo мojoт случаj немаше, мислам и каj вас ќе нема бидеjќи и вие пoлека се oдбивавте.
    Иначе истo пиеше 6 капки рече да прoдoлжиме сo иста дoза.
    Да напoменам сo другo не кoмбинирав.
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  8. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Женски
    Е не би знаела да ти кажам. Прати ситуација. Јас немав жештини ниту пецкање во градите.
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  9. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.963
    Допаѓања:
    12.257
    Пол:
    Женски
    Е не се издржува значи. Се решив да ги тргнам ноќните, заплакува го земам во раце, го држам држам држам ..... Седи така додуша спие, ама а го ставам назад почнува да кемка. А првото земање во раце, продолжи да спие откако го вратив, па стана за полсат, па пак го нишнав и го вратив пак стана за полсат, а сега закемкува на секое.
    Вака ќе е секоја вечер одбивањето? Шо да правам, пукнав за спиење
    60/61ва недела е, скокот му се погоди, ама шо да правам, не можам веќе, ми скисна од цицање веќе
     
    На RAK91, elimkd и mal.ecka им се допаѓа ова.
  10. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Женски
    Не се откажувај. Пишав и погоре. Цел месец се трудев, и ми се виде џабе трудот. И наеднаш пресече.
    Плус ако е во скок или вади заби, нормално е. Јас помеѓу 9-10 скок го тргнав ноќниот. Па ме фати и регресија во спиење :rofl:
    Проверувај го дали е заспан па спуштај на кревет. Јас синоќа саат ипол нишкав. Ми идеше да ја "треснам " :tmi:
     
    На *malenavolena*87 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.884
    Допаѓања:
    10.401
    Пoнуди вoда. Каj нас 3 нoќи беа плачки и тoлку.
     
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.531
    Допаѓања:
    184.305
    Пол:
    Женски
    Ако постои опција маж ти да ја заспива е најдобро што може да ти се деси околу одбивање/кратење подои. Маж ми ја заспива навечер, а кога е дома и за дремка и нема проблем со заспивање со било кој. Да станува маж ти неколку денови за да не те мириса тебе е мој совет. Јас супер поминав за одбивање. Ама кратев постапно. На 13 месеци веќе немаше ноќни, на 14 месеци беше само со два подоја дневно. На полни 15 месеци, оти доев со силикони цело време, ги фрлив силиконите и цуцлите заедно, за да не ги развлечам па да требаше после и од цуцла да ја одбивам, ден два бараше цуцла ама цурац. :D Со градите ич немав проблем.


    Ај јас да прашам. Бебла конечно преспива ноќ. Ама преспива ако спие со нас, а во креветче се буди. Има ли некој искуство со ова? Дали е фаза можеби? Откако е родена спие во креветче, сега заспива во креветче, се буди по час, час ипол бара да дојде кај нас на кревет и си презаспива сама. Дал може нешто да се напраи, иљач некој, маЏија некоја тоа да се смени? :wasntme: :D Потепани сме со маж, ќотече јадеме од тоа нејзино константно претање на ноќна база.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.220
    Допаѓања:
    26.232
    Пол:
    Женски
    Аау тоа спиење меѓу нас и нас не буди, а и она се буди кога ќе се чукне во нас, сношти мислев цигла врз мене падна во спиње, кога она со главата на мојата.. туку јас не сум пробала воопшто да ја враќам пошо вака не ни осеќам дека станала, само ја редам на града и продолжвиме двете одма. Ее сега кај нас успеа да Нина не се буди во креветче подолго време од кога и напраивме да и е мека подлогата за спиење, ако е јака, ете јанона одма будна,доколку преспива цела ноќ пробај така, мадаа јас сум спиела со моите до 6 години хахах
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.618
    Пол:
    Женски
    Освен да бидеш упорна и да ја враќаш на секое назад друго не знам шо да ти кажам.
    Кога имаше малата обиди за да спие со нас само така успеав, окапав ама тоа е.

    Јас мислам дека моево дете никогаш нема да преспие ноќ.
    Искрено сум шокирана и од другарки ко ке речат не мрдна цела ноќ, па нели им растат заби, нели сонуваат и ред други работи.
    Денеска ме почасти со дремка од 40мин :drunk: 10мин гратис имав од нормалното да се чуди човек шо да прави со толку слободно време:|
     
    На mal.ecka, elimkd и srekice им се допаѓа ова.
  15. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.309
    Допаѓања:
    28.093
    Што е со вадењево тројки ?!? :x:x:x:doh::doh::doh:

    Хорор.
     
    На Panovic, Pebeka и mal.ecka им се допаѓа ова.
  16. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Женски
    Вчера комшиката ми вика во 18:50.
    "Ајде ние одиме. Треба да се бањаме и да спиеме"
    Викам, кога заспиваат?! Бебе 8 месеци и големото 3,5 години. Ми вика во 19:30.
    И тераат до сабајле.
    Значи душата ми пука. Зарем моево до толку се погоди неспијач. Ќе ја носам жими се на бајач .Чекам тројкиве да излезат, може ќе се оправи.
    @KuklickaSk Два месеци мислам ги вади. Ги гледам но никако да распукаат. Сега почна како булдог да се лигави:drunk:
     
    На mal.ecka, dunika и haruki им се допаѓа ова.
  17. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.536
    Допаѓања:
    9.884
    Пол:
    Женски
    Ве читам за спиењето, и јас имам еден неспијач. Ама да не се жалам премногу од кога престана да цица врзува повеќе часови сон што претходно не беше така. Ке почнат и по цела вечер да ја преспиваат. За тројки ве читам, ние абер немаме уште,кој знае како ке биде страв ме фаќа. Инаку некој за градите прашуваше после одбивање, јас имав мака една недела,имав грудки, дури и надворешно ми се гледаа, болни да не зборам. Ама со стегање и помалку течности успеав без лекови. По една недела почнаа да спласнуваат.
     
    На mal.ecka, Sofi.ja и haruki им се допаѓа ова.
  18. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.618
    Пол:
    Женски
    Не знам веќе шо да кажам на моменти ке се помирам ама пак ме фака нервоза постојано се преиспитувам шо е проблемот.
    Често се факам дека само за спиењево на детето мубает правам.
    Не цица, пие ад ама кога е време за млеко не отвара очи тоа не го рачунам, добар јадач е, трча по цели денови на газе буквално не седнува спие по 30мин преку ден и не спие и не спие ноќе
    @KuklickaSk хорор е мал збор, лиги сакаш ли така за ни едни заби се нема лигавено.
    Ке помине :hug:
     
    На mal.ecka и srekice им се допаѓа ова.
  19. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.444
    Допаѓања:
    18.694
    Во која смисла?
    Јас како читав претходно за 3ки си викав што ќе правам кога ќе стигнат... дојдоа неусетно освен што се лигави премногу, мирно спие,мирно јаде...и мала настинка оваа недела за која педијатарот рече или се 3ките,или алергија или настинка.
    Сите 4 одеднаш, така ги извади и 4ките.
    На 2 месеци вади нов заб,ај да се надевам во јули ќе ги поздравиме и 5ките:D
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    538
    Пол:
    Женски
    А како се запишавте во градинка ?