Ме чуди што пие Авил скоро 2 месеци поради трет крајник а црвенилото на образ и ситни црвени точки по телото и натаму има. Не би требало да ги снема од авилот? А колку плати за тоа се сеќаваш?
Не ме држи за збор ама мислам 5.000 денари. Значи по 2.500 панел. Авилот е антихистаминик значи би требало да има подобрување до сега. Баш чудно. Нес Аериус ни дадоа, немам искуство со Авил. Хидратирај и го лицето со некоја атопи крема. Не очекувај премногу од алерго-тестов. Напрај го чисто да имаш некаква ориентација. До 3 год. не се веродостојни. Мене ме советуваа да направам и преку кожа за посигурно ама на толку мало дете, тоа ми личеше на хорор филм. Пиши што ќе напраиш.
На 8 ипол месеци ја тестиравме буквално за се. Беше направено од Сајковски како упат, 100+ храна, надворешни влијанија, и имунитет. 17.000ден плативме. Моето сега пие Лоратидин и пак има дерматит, и мене ми е чудно, посебно Авилот е еден од по јаките. Дали освен образи вака како на сликата покажува на друго место? Било што дерматит, ситни брунчиња, пликови?
Во Џамбо кај касите имаш. 250 денари мислам пишуваше. Денес бевме. Купивме кукла, камион, базен, пиштол на вода, тенџериња. И најбитно, мм ме премисли за садоперот а, за него отидов.
Уште кога беше бебе околу 3-4 месеци приметив дека има прекини во дишењето и неколку пати и потенцирав на педијатарот. Ама ми укажа на тоа дека нормално било кај бебињата иако мене не ми беше нормално. Имаше и хрчење и спиење со отворена уста. На крај го однесов на ОРЛ Ремедика и утврдија трет крајник и слип апнеа. Сега сме под терапија 2 месеци со авил и синомарин спреј плус назонех за да ја одолговлечиме работава и да се намалат отоците. Еве да речам е егзема, атопична кожа...па и тие состојби се реакција на алергија. Пак се вртам во круг. Што користите за атопична кожа? Откако е роден го бањам со Биодерма за сензитивна кожа и Уриаж бебе. Дали да пробам со еуцерин крема за лицето? А на што излезе дека има алергија? Има ситни ама ретки, на нозете и некогаш околу пеленска регија
Моето на кравјо млеко ама беше со изразени уртики по телото. Кога е само дерматит може да е и од надворешни влијанија, но секако би требало да помогне сируп. На Биодерма земи ја Атопик контрол Интензив линијата со две мачкања и бањање се повлекува дерматитот. Кога имаше малата на образи убаво ја пењев купката(тоа е многу битно) и и ставав неколку секунди да одстои па миев, одпосле од млекото за тело од истата линија по 3 пати во ден ја мачкав. Од кога ќе се повлече намалуваш со мачкање но не исклучувај скроз затоа што ќе се врати повторно.
Во Џамбо можеш да го најдеш и веројатно по кинеските. Јас овде од кинеска го земав, во Џамбо не сум го приметила.
Ма зашто венски за д и железо??? Ние д испитувавме ноември ос прст сега и железо и шекер и црп се од прст само повеке време и требаше
Ми пиша и членката, може од прст ама повеќе епрувети. Синко плаче и за обична крвна слика а колку малку земаат.
Купив сега уште до вечер да го пробаме пс ке ви кажам импресии Loco Croco нема веќе @MilaSs12 ние среќа за прсте не сме имале проблем али затоа на вакцини рика уште од др со диши диши
Од козметика може да пробаш на La Roche-Posay Lipikar млеко за тело и млечен синдет за туширање, јас сум задоволна, тоа што имаше на ногата му помина, останаа на раката две флекички али тие повеќе ги чеша па побавно поминуваат. Инаку и ова е препорака од др. Сајковски.
Во авицена во Тафталиџе носи го. Барај со капилара да го боцнат во прст. Побрзо оди. И мојата плаче многу.
Другарки, доаѓам со добри вести. По 30 минути шлакање на балкон со садоперот, со плачење ја земав внатре. Да ја остаев уште гарант до полноќ ќе се шлакаше. Земајте дур уште се достапни по дуќани.
Леле одлично А кажи ми водата во садоперот се става? Може една слика како е наместен ако не е проблем?