И јас со добри вести. Го укапира баланс бајкот finally. Тргна работата Да не мислите само дека ги крева у вис нозете. Научи да го бутка де И свати дека за да стои треба он да го држи Мислам ќе не биде до крај на лето.
Здраво Дали сум во паника за се и сешто..синко неколку дена си ги затвара ушињата со рачињата...тоа страшно ме вади од такт..што може да биде....сте имале ли сличен проблем, има некоја мака со ушињата или нешто друго е во прашање? 22м е
Водата во садоперот се става да, околу литар ипол, не ми текнува колку беше точно зошто маж ми ставаше. Циркулира истата вода низ чешмата. Слаб притисок што е ок за децава, јас не знам што очекував мислев ќе шиба вода па се изненадив. Слика немам само од садоперот, па нема многу да разбереш. Ќе го сликам на утро, да го составам пак оти го измив и е на делови. Иначе мојава пошто пие вода од чаша, знаев дека ќе проба да се напие па ставивме вода од шише што ја користиме за пиење. Чисто како инфо ако не давате вода од чешма. Плус кај мене секако не се пие чешмовачата, прилично е солена и ми беше страв да не го изгризе механизмот. Се мислам дали е попрактично да го качам на масичка некоја. Зошто вака потоп беше напраена. Дали на повисоко и стоејќи да си игра би направило разлика.. @BabyT како го користевте вие? Едит. Ирис ми подмижува со очите. Не знам дали е фаза некоја, ама малце ми треба да ја носам на очно.
Правеше неколку дена и престана, откри дека не слуша кога ке си ги затвори ушињата и нормално и беше интересно и се кикотеше.
На високо му е по згодно на нив ама секако ќе биде мокра. Ако е високо тече по раци. Јас и го облекував лигавчето што и е како блуза, а доле беше на пелена.
Андреа мижи да Инаку бејби ти пишала за лигавче дека облекува. И јас истото го помислив денес дур се шлапаше на фонтаната во парк. Целата беше лом. Ја фрлаше топката и ја чекаше назад. Ние имаме од џамбо престрилка гумена, онаква како во градинка што носат. Добра работа е, и долга е до колена.
@MilaSs12 @haruki Да исто така прави или со прстињата, еве веќе неколку дена тоа го прави, што јас веќе не знам како да реагирам...од каде им текнуваат вакви работи Дај Боже само период да е..
Ги затвора и ги пушта наеднаш. Некогаш и нагоре гледа. Подмижува и со очите. И Андреа прави така. 23 месеци е.
Синко сега се тресе како кога му е кисело. Ама кога ке му текне и кога го гледаме. Ја помина фазата со подзамижување, затварање уши. И се врти во круг додека не му се заврти. Најдобро е да не реагирате никако, ке помине како и секоја фаза. Денеска виде слика со клучеви од стан, едвај го утешив, тантрум за клуч.
Освен ако е на ластик во рацете и затворено, иначе пак тече вода низ ракав. Пробано ми е со лигавче на мојот садопер.
Знам, за вакво зборев и јас. Ваквото целосно лигавче што го имам јас, има широки ракави и вода проаѓа пак. Ова гледам е постегнато таму па може да е подобро од тој аспект. @Jana06 сега го средив за после. Вода нема, оти не планирам да ја чувам водата внатре. Ама воглавно ова е тоа.
Опааа, кактус фан Успеав да го боцнам малиот на 5 месеци, едвај му ги извадив боцките и ги фрлив на тераса, па ги смрзнав Одличен е садоперот, ќе се пуштам во потрага. Фала за фотката.
Што мислите за позајмување од роднини носени обувки за малите? Ги добив и сите марка се ама се мислам да не му направам штета на стапалата