Да, грешка сум била. 22ка е 12.5цм, значи адидасот се со 0.5цм поголеми од најкот. Да имам предвид за следен пат.
Да, ама кај нас одат 22, 23,5 и директ 25 најк. На сајтот стои и 24 дека имаат. Ако земам адидас наредни 25,5 ке треба, ако воопшто најдам. Друго што забележав кај патикиве, на еден пар најк им се вадеше влошката, ама на наредните два не. И на чизмите тимберланд им се вадеше. И на оние адидас со меќ ѓон. Антоније кажа дека на оргинал патики им се вади влошката и така да мерам дали се добри или мали. Се мислам којзнае какви патики носат тука.
И мене така ми кажа да мерам и сега кога баравме ниедна влошка не се вадеше Дома ја одлепивме за да провериме. Не знам дали значи дека се оригинал ама за споредба сите патики што ги има дома се од странство и на сите се вадат. Освен старките кои се од тука ама се вадат. Ако знае некоја нека каже што е финтата.
Хеј мами, следам една докторка педијатар и мајка на 5 деца. И денес имаше напишано дека кикирики и путер од кикирики не треба да се дава на мали деца, заради големата количина на омега 6. Најдобра пропорција омега 3 со омега 6 имало во обичните ореви. Бадеми исто препорачува.
ваљда треба да пишам во мајчински, ама тука е дружбата генерациска. Деновиве ми е посебно тешко и напорно со малово. Раскенкан максимално ради тие 3ки и затнат нос, бара во раце (а има 17кила и грбов не го осеќам веќе), не се заигрува, се дере и се тепа со нас на секое вадење мрсули, ако не си му достапен постојано (а тоа е невозможно кога работам од дома) одма тантрум. И така, имам чувство дека сум најголем failiure како мајка. Нема енергија за да објаснувам 20 мин зошто не смее да брца раце во штекер, или да ја уклучува ринглата, или дека кршењето чаши не е смешно он како што мисли... Ма за било што. Немам енергија и само пренасочувам внимание.. и така секој ден. Каснам со се на работа, куќата хаос, детево никако да се оправи и да почне асално во градинка за јас да почнам да одам во канцеларија.. маж балансира, шета дете, чисти, прави или купува ручек, ама до кога. Пред некоја вечер загрижен ми кажа дека ептен е засекиран за мене, дека баш не личам на себе. Ако и вие се чувствувате така или слично ова е за вас.
Носат турска фејк роба. Јас сите од тука му ги купив, и веројатно некои сум погодила оргинал некои фејк.
@KuklickaSk Не сфатив дали работи маж ти ама ако има можност по 2-3 саати да го шета надвор да ја истура енергијата таму? Кај нас многу помага тоа. Спојлер: Скоро го видов ова
Ќе дојде и полошо. Да те утешам Еве ја, од 7 станата уште е во пижами. За жива глава не се пресоблекува
Да, работи. Го носи секој ден после работа на игралиште. Еве сега ибаба му го зема на 2 саата, и баш слушам глуп тренинг на тимс место да сработам @srekice викаш не е до нас? Такви се децата?
Каква правосмукалка зеде? Сакам да ја видам ако може. И малиов ја сака. А за спиење, навечер го легнувам околу 21, некогаш и 21 и 30, а се буди почесто околу 8. Денес стана во 8, вчера во 7 и завчера дури до 9 спиеше. Се буди двапати, некогаш и наутро со плачење во 7 се буди како ненаспан кемка. Денски колкупати ти спие? Мојов откако има една дремка, повеќе часа спие ноќе, има и денови кога и ќе се испили рано рано, ама главно тера до кај 8.
Мислење може 20 месечно дете да носи вакви сандали? Сега ги ставиле на страната и плус дека се со Мини сакам да и ги земам ама не знам дали ќе може убаво да оди зошто се отворени напред и назад..
Ќерка ми заспива околу 9,се буди кај 7.Кај 5:30 се буди од алармот на м.м,станува да го гушне за на работа и продолжува. А да,во некоја фаза е кадешто спие ко зајак,и кога се будам за во вц.рипа и вришти по мене,па во 4-5 седам на шоља со неа Да се вратам од Мк,ке работам на проектот “Спиење во своја соба” Две креветчиња дрвени,со топ душечиња има,таа спие измеѓу нашите перници.Абе да пукнеш. Сега иде лето,морам да ја преместам,ни треба воздух и простор,и нам и неа. Дури се мислам да и купам џуниор кревет,онаков ко куќа,или без ногарки,да можам да ја запијам и да киднам.Не сум веќе паметна,несвесно направив многу грешки сакајќи да и удоволам на секоја потреба и желба. Вади доле тројки и закачена е ко крлежче на цицка,па и јас млеко за извоз,со флеки на маици шетам ко тазе родилка да сум Се надевам од есен на работа и градинка,вака дома ке збудалам,знам дека се е минлива фаза,ама јас сум скроз сама и ми треба промена,да си зачувам психичко здравје. Поздрав
Не, моето лани од отворени сандали си скапи глава. Им бегат нозите напред,дури и за оваа година се мислам дали да земам отворени.
Спие 10ч преку ноќ со будење, кенкање и немирно спиење а преку ден спие само пола час до 40мин. @KuklickaSk знаеш дека не си сама и дека не е само твоето Уморни сме страшно, бели, глупости, тантруми, будење по сто пати, заби и шо ли уште не.
@KuklickaSk и од полошото уште попопопополошо има. Не знам главата кај ми е. Ме мрдна бре ова дете. Не можев да замислам дека може да постои до толку темпераментно, палаво, љубопитно и инает дете, а камо ли јас да го родам. Од фрлање, чачкање, кршење, по нејзино, врескање и воопшто не застанување нема друго. Среќа спие по 2 часа преку ден нешто да направам или да ми одмори мозокот. Се чувствувам како накострешена мачка со сите сетила на милион вклучени. Само се качува некаде. По скали сега сама се качува и слегува и тоа исправена како големите. Нема жива сила што може да ја премисли за во раце. А 40 скалила до горе имаме. @srekice за утеха Еве ја од сношти не сакаше да се облечи после туширање. Се исуши на неа косата и гола преседи цел саат. Ќе издржиме. Спојлер: Инает
koлку месеци има? еве како за утеха да ти кажам мојава големава сега има 2години и 5 месеци почна да ја спие цела ноќ после 18 месеци,поточно после 10те скока кога завршија,тогаш завршуваат на година ипол но како она почна да спие така се породив со второво и јово на ново си се помирив дека нема спиење 3 години и тоа е тоа...се надевам и второво ќе спие после сите скокови тоа ми е надежта еве сега го минеме 7ми скок,уште 3 си ги бројам а за другото што пиша нормална фаза е маката со заби и да прави бељи и да мисли дека е смешно,но со тек на време ќе се среди и тоа,најголемо олеснување ќе ти биде кога ќе привикне во градинка а за се останато не си сама,ама тоа е што е мора да издржиме,еве јас пред 10 дена почнав на работа кога ме видоа колегиве се чудеа дека сум јас 40 кила се напраив што се вика од трчање по децава,енергија имам незнам од каде само го чекам денот кога ќе ме мавне некој инфаркт си велам