Те помислив да ти пишам. Немам гајле за после бањање, мојата несака да се бања Ме нервира што не збори уште
Не се нервирај. Ќе молиш да молчи. Со синко беше иста ситуација. До 2 год 3-4 збора кажуваше. Преку ноќ да зборува, до 13 год го молев до 10 да брои во памет и да молчи( броеше на глас и истовремено прашуваше нешто). И оваа имаше период кога се разборува, сврзува 2 збора но последниве недели некако стагнира. Повторува како папагал, но нема некој голем премин. Вели мама фаља кога и велам повели. Бата даде, Тата рече... Нсјкористен збор сега и е ТИ. Мисли јас. Се сака сама да прави и само ти, ти ти. Ќе зборува. Чим разбира не бери гајле. Стимулирај со зборување.
@Presrekna Не да сум накострешена мачка, него животиња се направив. Не се трпам. Мм вчера ме праша дали ја сакам Буквално една работа не ја прави со задоволство. Несака да јаде, несака да спи. Несака да се бања, да се соблече да се облече. Ми бира алишта, и недава да ја соблекуваш за да се облече, него се едно врз друго. Недава заби да и мијам, да ја чешлам. Вода сама да си наполни да се напие. Па ќе се потури, па неможам да ја пресоблечам. Се пика секаде кај што не и е место. Ми треска врати. Абе циркус. Се јавија за во градинка од септември. Има да оди макар на два саати. Јас неможам вака. Ма само нека збори, ќе се оправиме некако после. Вака само се напнувам повеќе.
@srekice Среќо ти се приклучувам во НЕзборувачите. Ни едно зборче! Само некое бља бља и бебешко дрндање. Кога аплицираше за у градинка? Мене не ми се јавуваат уште. Исто за од септ. поднесов. Врски за градинка да барам ли...
Се те разбирам и во кожата ти сум. Јас сеуште се држам. До годините е изгледа. Само внимавам многу да не се повреди бидејќи со овој темперамент многу пати дошла во ситуации да скрши глава. Те гушкам.
И ѓојава брбља. Знае НЕЕЕЕЕ. Ама потпевнува песни. Но зборење јок. Поднесов уште лани во јануари онлајн. И да, барај врски. Јас со врски реагирав. Тоа е
Врските ги активирав во февруари сега. Инаку, пробај прво во државна. После приватна. И јас се мислам за приватна. Мојава во државна нема да ја трпат ќе ми ја вратат брзопоступно. Мене ми е и страв да оди. Се плашам од настинки, па лекари. Триста филмови во глава имам
Денски два пати по час и пол, или првата дремка 2 часа, втората 1 час. @koritsaki @BabyT* си идам од зара накај дома со купени отворени сандалки за синко и седнав на клупа и отворам и го читам муабетот Абе ми се скрши филм
Јас ти советувам да ја исфрлиш едната дремка и да пробаш со една, бар на еден ден види како ќе биде. Можеби сега е на премин од две во една, ама очигледно повеќе часа спие денски, па наутро е наспан. Ако пак уште и со тешкотија заспива на дремките, значи му треба промена. Откако ќе се разбуди, пробај заиграј го и држи го до кај 12 часот, нека отспие два часа и вечерта легни го околу 21. За неколку дена ќе се навикне на новиот ритам.
Инаку и мене ме нервира што не кажува ништо Најпрво кажа тата, па мама околу 10 месеци и после стоп! Веќе не не стави во уста Сега вика баба и дада (а дада нема), туф туф (ме слуша кога реков туф туф налет веќе), брмчи навелико, диии (за коњ), знае како прави лавот и уште некое животно, мама само кога ќе се расплаче јако или кога ќе се исклучи и ќе се сконцентрира на некоја игра и тивко вика мама маааама. И цело време баба ме вика инаку се разбира што му зборам, слуша команди (дај ја топката, дај ова на тато, каде е шишето и сл). Вчера почна нешто на прсти да оди не знам што му значи тоа. Вашите кога кажаа мама? @elenaklasik ќе пробам. Преку ден цица во исто време и без проблем заспива. Има денови кога спие и еднаш ама навечер е иста песна Вчера цеел ден трчаше во двор неуморно и пак во 6:00 како вампир стана
Не, не е прооден. Не мислев сега да купувам, само сакав да имам предвид кои се добри за да разгледам кога ќе ми се даде можност и да знам што да купам понатаму кога ќе прооди. Бос е цело време, само за во количка патичиња му облекувам за мода Паткање воопшто нема, ни дома ни надвор, не знае како изгледа тоа.
Збори ми за неуморност, твоето спие два пати вкупно 3ч а моето пола саат, количка, точак не користиме ко дете од 5год оди и трча надвор.
Да не е тоа време кога спие јас би била во лудница. Да не ти кажувам колку е неуморен, прооден од недела пред да наполни 10. Да не праам муабет и пред тоа што правеше дома. Сега цел стан го превртува наопаку, прави работи што може да се повреди. Пред некој ден сакав да плачам, маж ми не сфаќа сериозно и демек Ајде не си ти само мајка. Епа дојди ќе се смениме, чувај го 1 час ако успееш и толку. Ако го извадам од количка да трча потоа нема враќање назад и морам да го држам во рака и да гурам количка, зошто дечкото не сака да даде рака.
Мојава почна мама убаво и јасно да вика негде на 8-9 месеци и одеднаш престана Оттогаш се дере мамамама само кога е лута, нервозна или сака да ја земам од креветче. ТатЕ и’ е омилен, само по него оди и татка И мене тате ме вика. ТатЕ бе, како некоја стринка Вика и дада за големава, баба не вика. Мислам си бабка онака, ама не го вика со значење. Знае да каже ајде, ова (кога сака нешто да и’ дадам, покажува со прст и вика ова), и да и не. Толку 14 ипол месеци е, и се нервирам што не вика мама, значи многу се нервирам Инаку денес првпат се пуштила сама да оди И нормално, кој друг бил таму ако не свеки. Јас на работа, ги пропуштив првите чекорчиња и ќе си пукнам од мака. Ама битно детето ми прооде
Мојава кажува "тешки" зборови ама не и мама. И јас се нервирам многу. До 15 месеци викаше мамамамама веќе не. Мислам уште знае да рече мама, ама без значење. Од денеска има нов "тежок" збор - пелистели, не го изговара правилно треба перистери, ама за "р" треба повеќе време. Значи гулаб, покажува на гулаби и вика пелистели! пелистели! пелистели! А мама и е тешко да каже.
Спремна сум за во лудница и не сум сакала да плачам туку сум плачела и тресела од умор и нервоза за после да ми биде криво оти имам здраво право дете. Кај мене прооде на 11м мислам дека од пред да се роди покажуваше карактер. Иста е секаде се качува преметка растура, не знам колку пати била со џумка на глава и модрици. Мислам дека 10пара очи треба да имаш и пак ке направи бела. Количка почнав да не носам зошто никако не седи во неа туку сака она да ја бутка и сто пати потешко ми е. Јас немам време буквално за ништо шо ке направиш за пола саат не можиш до вц на раат. Не спиам ни ден ни ноќ не само јас туку и мм имаме хроничен умор, несоници. Оленително ми е тоа шо заспива и јаде сама инаку готова бев до сега. Ама се испожалив ко ѕвер да родив не дете @Sexybaby86 лесни чекорчиња
Кога ве читам се тешам дека не е само моево дете невозможно. Таков инает, абе не е возможно да не сака беља да направи. Во станов кога го внесувам како да го колам, вришти корне. Една комшика шлакната перенде ме направи.. Клучевите од кола во шоља ми ги фрли. Машини сушари да не докачи, копчиња стиска, пали, гаси. Не дај боже да отворам врата од тераса пред да излегуваме, со брзина на светлината е лансиран таму. Не сака да јаде без лажги, барем со тоа беше добар. Му давам лажица тој да ме храни, па така му бутам. Држење за рака, што е тоа? Пресоблекување?? Да е жив и здрав, ама и јас почнувам да се сомневам во себе да не правам нешто погрешно. Научи нов збор, нана. Кажува нана и легнува со главчето. А вака во принцип не зборува, често и не соработува. Разбира се и извршува наредби,ама кога сака. Се кога тој сака.
Ко мојава да си ја опишала, само шо не плачит кога сме во влез пошо стиска на лифтот машината не знам колку пати си има свртено на празно,ставила црн чорап во неа, не го видов, сите алишта за фрлање, шишето нејзино за врши в шоња и се отепа од плачење топката шо не ја оставам да ха фрли, јаде песок, мравка проба, едино шо ко че ишкртат или извалкат одма земат марамче и бришит иначе не смее да се тргне од местото додека не избрише. На маж ми драма му направила оти сакала бан бан како вели она да прави во фонтаната. Ја сум преморена луѓе, нема застој ни секунд.