Како себе да се читам Еве ме и мене да се жалам Вади 3ки 4ки а можда и 5ки не стигам да видам Незнам дали почнаа и тантруми или мавањево од земја за се и сешто што е??? Станува околу 7 и 20 има една дремка од 1 до 1ипло саат ко ке стане од спиење ми вреска а не беше ваква Никако не можам да и угодам јадеше во хранилка сега насекаде низ дома.... Го купив денес садоперот па деновиве ке и го дадам да видиме дали стварно ке и држи внимание.... По дома само сака да оди бељи да прави... И купив нокшир го разнесува низ дома како да е играчка ама ајде и Рим не бил изграден за еден ден.... Денес и ја оставив на свеки на 2 саата кога се вративме со мм главата ни ја дупна колку била немирна и дека тоа не личело на нејзините деца дека од мене било тоа.... Па на крај вика ние кога ке се чуваме баба ти ке бидеш помирна.... Мислам дека нема да може ни 2 дена да ја чува Инаку кој е од Ге во Дон Андон го има садоперот
Цицање за дневна дремка X 12ти ден без дневно цицање и супер ми е. Како изведов? Случајно испадна. Еден ден го зедов на мене седнат во скут, пуштив на тивко телевизија, затемнив соба, пуштив некоја програма со побавни движења и го зеде прстето во уста (како по обичај), и гледам се занесе, и оп по 10тина минути склопи очи. Хехе. Ми олесна дека беше без плачки. Следниот ден истото па пак третиот и реков кога веќе си тргнавме вака, ќе си продолжиме. Важно е да му се погоди времето за спиење, нормално и да има пиено вода пред спиење за да не е жедно. Не кажав ништо ново, ама за потсетување Туку, за ноќно одбивање некој марифет да кажете.
Пробај исто со некој ритуал за заспивање, приказна/песничка/раскажување на доживеани случки...јас прво тргнав подој пред заспивање,па сам си го тргна ноќниот. Полесно ми беше кога е буден да му кажам дека е расипано и да му дадам цуцла,отколку сред ноќ да урла @KuklickaSk @Sexybaby86 лесни чекорчиња на малата. Мојов папагал мислам дека за негова возраст збори и повеќе од што треба. Па почна да ми кажува и долги зборови како дискотека,краставица, лубеница Ама сопнат во ноџињата,само паѓа. Тргнавме да се шетаме во парк и кога почна да се дере да го извадиме од количка. Го извадивме,ќе одел сам. Не пушта од раце и вика сама! (Ова го научи од внука ми,4ипол месеци се разлика) па ќе му се придерам,машко си кажи сам и повторува маско ,сама!ко за инат. Падна после два чекори и уште има две камчиња на рачето...педијатарот рече да ставам хидроген/бетадин,кога ќе загнои ќе ги извадиме... Вечерта дома си играше со тротинет,падна си ја гризна устата од двете страни,модра цела со две дупки...и во меѓувреме болен. Одиме на контрола јас ја прашувам за згоди и незгоди,па на крај за настинката... Друго што ме нервира во зборењето е кога ми вика не бе!да бе! Пробувам да му објаснам дека не е културно "бе" ама уште толку почесто го кажува. И се нервирам во себе,се надевам ако не го опоменувам дека ќе го заборави. Вечерва се шетавме со количка,за чудо некое си отседе цел саат јадејќи лубеница. Јас кога излегувам сама со него надвор враќам преморена. Па уште ако сме на лулашки,качи се ,симни се по скалите,па ќе ја лула лулашката а он да седне не сака. Па трчај по другите деца... Го барам времето додека он седеше во количка и набљудуваше наоколу,а јас мирно си пиев кафе Дојдоа и тантрумите, за среќа уште јавно не ми направил блам,ама дома ги има колку сакаш. Па вришти ,пишти од кај го вади гласот не ми е јасно...
На тема зборување си комуницира мислиш најнормално ама на некој негов инкогнито јазик. Гољо, гале, адее, даа, вееебеее, беубе, адаа, баба, та тааа, мама кажува кога ептен му се спие ама и тоа ретко Има ли простор за паника што немаат никакво значење или премногу очекуваме?
@Sofi.ja колкаво е детето твое? И како го прифати прекинувањето? Моево има 14 месеци, навечер знае дека пред спиење ќе цица, сигурно ќе имаме плачки. А сигурно не би ме разбрало за расипано цице. Ај да почекам уште некое време, ама ќе треба да прекинувам набрзо. Не знам побезболен начин. Или да го чувам на мене во скут, ко за денски, дур се занесе, па да го префрлам во спална, ама пак ќе го потсетува. За да е свесен дека без цицање заспал, треба да е буден, да знае и сам свесно да заспие во креветче.
Мајки едно прашање-малиов вчера не беше убаво спиен и плачеше повеќе од вообичаено. Утрово заприметувам левиот очен капак малку како поотечен да му е. Сте имале вакво искуство?
Мојата дали на пола од тие што ги кажува твоето па не се секирам, до 2 години не е никаков проблем. Син ми на 2 год и 2 месеца прозборе, со зборови и речениви, до тогаш 5-6 збора дали кажуваше.
https://www.facebook.com/199058417303034/posts/941241353084733/ Еве го баланс точакот што го зборев. Што се прави и трицикл.
@Sofi.ja морав да те тагнам Фала за препораката трициклот за пофалба бар кај нас.... Еве веќе 3 недели е занимлив се вози интересно и е и разгледува и што е најважно мирна е во него.... Се шетаме еднаш сабајле еднаш навечер сабајле пошто е порасположена ја шетам со количка пошто и мене ми е позгодно а и она сабајлечки издржува ама пипладне обавезно сме со трициклот Инаку дајте вие што пројдовте мрп кажете какви реакции ви пројавија дечињата кај нас имаше темп 2 дена до 38.5 и после ми јави осип на мешето и грпчето еве 3 ден има осип Др ми рече ке се повлечело а ако е мн нервозна да и давам лоратадин ама не ми се дава па А дете од кога примивме вакцина е мн кенкаво жал ми е за неа ептен ама ете валда ке пројдеме без некоја голема реакција Исто и за јадење ке ве прашав што давате и тие што ги одвикнавте од пелена како почнавте И купив нокширче го разнесува низ дома мисли играчка дека е некако ми изгледа како невозможна мисија а инаку се ме разбира што зборам и слуша команди па затоа сакав да пробам да ја навикнувам по малку полека на нокшир ама некако неуспешно А за зборење не зборува нешто многу некои 10тина збора Мама баба тати деде тете дада кука (за кукла) нане дај ајде опа баѕ топта (топка) миј и слично.... Искфено јас сум задовочна од нејзината комуникација и итрост ама мн е палава.... И од секогаш повеке сум сакала весели и палави дечиња а не мирни.... Ама за да го изгледаш и допазиш ваквото дете треба еден тон енергија и нерви повеке од колку мирното И после ме прашуваат како сум ослабела.... Ете жими дур спие сум мирна иначе цел ден ровариме или вртиме со количка/трицикл а тоа пак е активност за мајка.... Апликацијата за чекори на телефонот ја превртувам Ете така поздрав од мене
Детево мое со сандали на нозе заспива. Нема сакам не сакам, мора со топлинки, од вчера со новите сандали заспива. Денеска сам барал баница да јаде. Мљацкал со уста и навистина јадел. Некогаш знае да бара а не отвара уста кога му давам.
Иста приказна сме, пред некoj ден ги нашла ланските сандалчиња. Не мoжев да и ги сoблечам, плачки беше... Иста приказна е и сo чoрапи вo сред спиење да и сoблечеш oдма станува...
https://www.dsport.mk/nike-decije-nike-tanjun-(tdv)-n69187 Еве ви танјун 25 и 27. Ова ново е, плачки за патики. Кога сака да оди надвор, соблекува топлинки, сам се научи, облекува најки и мисли дека автоматски ке оди надвор.
Хаха звер.... Значи тоа следи мојата а чуе ке одиме надвор право оди си зема патиките и седнува за да и ги облечам
Дома е 23ст и бебе е цело време босо, значи без чорапи. Баш една пријателка ми искоментира не требало така, па ме интересира зошто!? Најстабилен е така кога стои и оди, цело време е во движење
Леле не успевам две реченици да напишам со денови. А мајлстоунс ќе пишував.. Ве читам, што да кажам, во добар дел се пронаоѓам. Во влез уште писка, почнав да го викам лифтот па кога ќе стигне тогаш вадам дете од дома. Денес во лифт еден човек си пиеше нешто, леле дете урлање по шишенцето, више не знам дали да се срамам, да се нервирам, да се смешкам... Надвор сѐ што ќе види сака, некои дечиња споделуваат, некои не... Оди разбери се, го кревам и го носам на друго место. Плачење, викање... Низ дома не ми прави некои бељи намерно, ама љубопитен е, секаде фаќа, секое копченце го стиска, пред некој ден ми ја паузирал машината за алишта, јас ја чекам да заврши.. Денес имав нешто работа, саат време, еј ЕДЕН СААТ само се затворив во соба, боже мили татко му цел ден после тоа беше ко преморен, не можел да се фокусира на работата, не знам што. Многу интересно. Не дај боже да се разболам онака. За зборување, почна мама да ме вика на 16 месеци. Еве сега е точно година и пол, кажува мама, тато, дедо, пом пом (оние малине меки топченца), поп поп (ова му е балон и балонче од пена), кола, гоу, 'рже како лав, вика миии за мјау, и толку. Зборчињава на двата странски јазика, на македонски уште нема ништо. Негo, му мјаукам, лаам, мукам, 'ржам година и кусур, џабе; гледаше Пепа две епизоди и одма почна да вика Гррррр за диносаурусот. Може некој да ми објасни зошто и како? Сериозна сум. Уште да надополнам на кратко - ги разликува боите, разликува форми ги става во соодветните дупки, слагалици онакви дрвени што се уствари да го ставиш предметот над сликичката и онакви од по два дела може да прави, знае да почне да си ја соблекува маицата и до некаде знае патиките, шорц уште нема укапирано, убаво листа книги, знае да користи лажица ако не е многу течно јадењето, знае од една чашка да префрли во друга, ситна трошка ја бута во ситно дупче, знае да покаже очи нос уста уши меше стапала прсти коса итн. Знае да става капачиња ама уште не одвртува завртува. Од груба моторика се пентари каде ќе стигне, имаме лизгалка дома, се спушта и главечки и газечки, ако е понизок тротарот умее да го качи, ама уште не се симнува со чекор, мора да седне прво. Спие околу 11 саати навечер и два денски, се буди и на денската дремка и навечер во првите неколку саати се буди барем два пати. Засега само со цицање презаспива. Има џиновски стапалца и носи 24-25, меѓу бројче е и ме нервира. Поздрав мајки, не успевам да пишувам толку често ама ве читам. Сите сме во исто с***е. Едит заборавив да допишам, одма му купив таква fidget играчка за стискање, ја обожава. Садопер немаше да купувам ама после толку зборење како да не купам? Значи подобри инфлуенсери од вас нема
Сандали купени за џабалеска цена. Садоперот да го земам утре треба. Тоа за стискање утре ке побарам, ама мора да набавам. Уште зара да пушти попусти за одмор да го спремам.
Одма да пишеше кој садопер и дали ќе го бива. Со слика и видео по можност! На толку истражување за садопер на батерии ако не го купам најдобриот тапа сум!