од бубамара, ке видам утре што чудо е. Ама не му го покажувам сега, нека запука сонце појако, инаку нема влегување внатре.
Нашиот садопер од Бубамара стигна денеска. Леле луѓе, едно време си реков што ми требаше ОК, задржува внимание, на почеток убаво се заигра ама после кога фати да прска, да плеска во вода, пие од чашите, главата почна да ја става во вода, му ја исклучив чешмата и ме виде и сфати како се пушта и толку беше, не можев да ја сопрам веќе. Па едно време му здосади и почна сите пластики да ги фрла доле, чашите полни со вода како ги фрла така мене лом ме прави и на крај со влечење и плачење едвај го тргнав. Мокар беше до памперс. Инаку супер е, баш како што замислував.
Ама последната реченица најзакон ѝ е. "Инаку супер е, баш како што замислував". Бар садоперот се погоди @Jana06
Хахахха и јас сега се препрочитав и пак се препотив Ама стварно е топ играчката, најинтересна што ја имал ама така за некое мирно девојче да ти е мерак да го гледаш. Ова моево ѕвер
Значи вриштам Тогаш да не го ни земам јас ако твоето го направи сето ова што набројав. Мојава сигурно нешто плус ќе доизмисли
Тоа Бубамара онлајн или офлајн продавница е Да купам сега,таман ке бидам периодов во Мк,и топло е таму,овде мувлосавме. Како ви спијат навачер? Спремив пижами на долги ракави,тенок памук,и бодиња на прерамки ѝ купив. Иначе многу е с’клетџика,никако неќе да е покриена или во вреќа,како црв е. Цела зима иначе ја помина во боди на кратки и боса,и за чудо ниеднаш не настина.Ја облекував само за на камера пред мајка ми 13++,не оди уште ама зборењето и лежи.Ок,се освен мама.Тоа ептен во состојба на очај кога е.Тата/е и е прв избор,allways and forever Многу јасно изговара дете,бебе,деде,баба,да,не,дај,ајде,нан-нан,нана(на здравје после кивање)Апи(за цице и храна). Покажува со прст што сака,делови на лице,не отвара уста за миење заби ако на четката нема паста,се пентери сегде и лази ко на батерии да е,колената и се лом. Јаде со сласт ептен,3-ките не и можат ништо,апетитот пред се И деновиве е екстра френдли со сите непознати,им мавта ко Јованка Броз,баби со кученца и се омилени,завчера галеше еден вучјак колку мене голем Се распишав. Добра и целосно преспиена ноќ
Заспа со пиштол во рака, пушката некако ја тргнав зошто свети и пука, се разбира со топлинки на нозе.
19 месеци е. Од 18м почнав да го одбивам и за 3 недели го одбив. Сам во креветче нема заспано од новороденче. Секогаш со мене на спална па го префрлам. Дури и ноќе си правиме пинг понг,ми доаѓа кај мене па го враќам Инаку од разговор со членка на форумов дете што цица ако заспива со цицка,на следно будење пак ќе бара цицка за да презаспие. Така да водена од тој факт пробав прво да скратам за заспивање подој и ми успеа. И со тек на време се научи и сам да си заспива , некогаш без приказни или песни ,но јас да сум до него. Не ми се верува дека после 2ипол недели одбивање ми ги фаќаше цицките и се раскенка,во смисла дај да цицам. Одма му понудив вода се изнапи,изгледа беше жеден...а дење ми кажува дека било расипано цицето Мојов цела есен и зима спие по боди со долги ,надоле пижами,без чорапи и покриен со тенко ќебенце. Во моментов нашето ќебе е подебело од неговото. И тоа му смета,го шутира. Да затопли уште малце па ќе сменам во боди на кратки и пижами долни,а после директ се префрлам на ромпер кратките пижами од тритекс.
Синко спие во боди со кратки, пижами со долги, тенки памучни, стапала секогаш боси, и вреќа од тила. Мирно спие значи таман му е. Јас и маж со кебиња дебели сме.
Во моментов спиење во маица на прерамки и тенки пижами. Не ја покривам, склетџика е ужасна. Јас со ќебе се покривам, ама јас стара сум @MilaSs12 Заспа со сандалите во рака и новите чорапи со Hello kitty. Се подмоча од радост Папучи земав, чорапи јок
од каде ли им овие идеи доаѓаат. Синко е во филм дека патиките за надвор со магија ке го однесат надвор. Не збори да каже дека сака надвор, само парк вели, и со облекување патики дава знак. Колку жално плаче... Мене нема да ми е проблем да го изнесам 10 15 мин, да му помине, ама он не сака да се прибере внатре. Постојано е надвор, два пати дневно шета, внатре седи со убедување и триста жалења. Кај баби и дедовци е надвор во двор или на тераса. Дома сака пред зграда.
Држи вода со оглед на тоа што ме советуваше дека на бебе до година не се давало црвена храна да јаде требаше да претпоставам дека и ова е некоја измислица
Ај и ја да се пријавам. Дечки, Ирис ми е во некоја фаза, бар се надевам дека е фаза кога вреска по татко и. Значи ја не сум битна, ама маж ми не смее за врата да се фати, не дај боже да оди до вц сам ред солзи ред мрсули е. Фаза ли е или него го сака поише од мене? Дали постои нешто за вративе што можам да им стаам за заштита, со месеци само оди и затвора врата кога ќе види отворена, ми е страв за прстите, не можам да ја довардам. На ромпер по прерамки спие веќе месец, ама овде е потопло. Нема врска, јас сум уште во долги пижами и покриена со чаршав. Не знам дали да си стаам трн во здрава нога и да и полнам базенче. Знам дека вадењето од базен ќе ме кошта ушни тапанчиња. @Sofi.ja те читам некое време, браво малиот многу бистар. Многу разбира за тие месеци. Ме насмеа со "бе" па ми текна дека и ние многу го користиме. Верзии. Да намалам. Овде велат по по поо ко кај нас во битолско, и тоа го собра. Ќе види риба на тв и ќе рече по по пооо риба. И многу ме нервира. Кога сме кај рибите, риба и е омилено "животно" ама па најмалце риби играчки има. Сте виделе некаде нешто интересно?
Постојат вакви нешта за на врата, не знам дали можеш да најдеш таму, или на Али евентуално. Или направи сама од некоја тврда пена или стиропор, залепи со двострана трака и готово.
Од штитници за врати, само заклучување врати сите. Или вадење од шарки што вика мм Сега почна да ги отвара, сите до една. Страв ме фаќа. Инаку, фаза и е. Не се секирај. Ќе ти биде пак фластер
@Yowannty За на врата вакво нешто, јас на фиоките му ставам кога си игра. Спојлер: Врата И вакво нешто ако најдеш. Спојлер: Риби