Ееј добра е играта со риби. Дефинитивно ја сакам. Кај да се најде? Мене ко мала ми беше омилена една игра на вртење, и да ги ловам рибите со јадица. Ех спомени...
Хахаххаха истата ја имав, а плус имав една ваква ама за во вода Додека ме бањаше мајка ми, јас ги пецав рибите затоа и барав таква. Ова беше најдоброто што го најдов ама не ми текнува точно од каде, можно е Пики. Јас и ти мислам и исто чаршавче имавме тоа со кловновите.
Здраво мајки, за првпат во оваа група веќе потпораснавме ) скоро 18 месеци за брзо Пред околу 3 недели останавме сами со синчето, тато е во странство.. детето и претходно беше многу енергично бара постојано да има човек до него, имаше периоди кога беше здрнато и имаше периоди кога беше навистина умен.., но од кога замина тато детево е мислам уште поздрнато место не го фаќа се брзо му се здосадува, само јачи, значи се вложувам максимално шетаме по цел ден за да не осети дека му фали иако претходно навистина доста време поминуваа со тато му одеше по кефот и беа поврзани многу.. да го изнесам во јавност детево збеснува, не седнува, ни цртани ништо не го заинтересирува, трча по точачи, мотори место не го држи.. дали и вие сте поминале ваков период? Не знам дали ова е одраз на тоа што замина тато или некој период е навистина не знам.. Сеуште не одиме во градинка чекаме за од септември во државно, се обидов сега и за во приватна и таму има листи на чекање.. и со последниов бран и многу се затворивме дома се повлече и детето можи.. и тоа кога ке сретнеме деца од блиски ако сме дома првин има плачки дури се пушти му треба период.. Зедовме и точаче и се да шетаме и се брзо му се здосадува станува трча бега исто и со количка.. и со сите др играчки.. Ме интересираше дали и вие сте се нашле во сл ситуација и како да си помогнеме еден на друг да биде поопуштено, бидејќи покапав ) Убав ден мајки
За баланс точак кои прашувавте пред некој ден... Има во topolino.mk на попуст сега мајов. Можда се вмешав без врска, ама се сетив дека пишувавте.
Ист е и мојов. Татко му да му е у видно поле инаку вреска. Јас дали сум тука или не, сеедно. И јас се прашувам дали него поише го сака Пред некој ден имавме гости, татко му растрчан да направи скара, бебе вреска кај и да мрдне и се тегне по него. Гостинкава ме праша ‘А добро детево седи со тебе?’ .... Дури глупо ми падна и лошо се осетив... А бебе со мене е 20 часа дневно...
Мајка. Се што пиша е сосема нормално за, децата на негова возраст. И треба така да прави. Се интересира, сака да дознае. Ти само опушти се. Се е во ред со детето. Нема магичен трик за да седи мирен. Барем не кај мене. Ке помине за некој месец. Ке се потсмири. Носи му топка, кофички за песок со тебе кога искачате. Давај нека се качува на брденце некое. Најди љуљашки, тобоган. Ке се интересира. И со сила не го вракај дома дур не е сам спремен да се врати, инаку ќе урла Со среќа мајка
Го купив од маалска кооперација за 100 денари. Мали дури ни малце воодушевена.Го продрнда на кратко. Ќе им правам мафини на барбиките, гледам јас Заборавив. Деновиве сетот од Carotina и е преокупација. Го обожава
Дали сте приметиле од бејбитолот да не ви се прават жолти дамки на облеката? Цело време гледам некои жолти флеки со специфичен мирис и мислам дека е од нив. Не можам со ништо да ги извадам!
Додека беше помал бебе се чудев што се тие, зошто му смрдат алиштата на риба одвратно, ама сфатив после некое време. Јас не ги извадив со ништо флеките..
Ако е на бело, истриј ги со доместос малку капни. Инаку во леген со жешка вода да ги ставиш и со вениш да раствориш, да стојат цела вечер.
Кога ќе сесреду тоа будење? Хронично исцрпена сум.. @KuklickaSk како што пишала и ја се осеќам како failure... Сама дома, маж на раб, кога си дојди работи од дом на ком е цело време... За 3 недели правиме годинка бебе е мн активно, мрдлесто, црви во газот има само се врти, калува, лази, зема, фаќа секаде каде и смее и не смее, пика вуста се, 7 скок сме и само некој звуци и крици нови испушта... Кажи си само охх, и ќе ти олесни
Како сте во 7от скок? Промени кај бебе.. Нешто ново? Кај мене е периодичен многу во секундтата се мени..