Спoен викенд или петoк стандард oд кoга пoчна вo градинка е ден за мрсули или температра. Убавo jа закрепнав и утрoвo светнати oчи, пак некoj вирус. Штo е сo градинкиве
@The Unicorn @srekice Синко го бендиса без вода, штом го соблечам по кратки ставам и вода. За на тераса е идеален. И синко сака да се топи, раце да мие, садови, добра инвестиција. Поголем го замислував ама добар е.
Ти да си играш у садопер без вода. Стај му вода на детето и нека прска на сред соба! @srekice чим сака у мијалник ќе се подмоча од среќа на овој земи и го.
Околу 950,имав поени за користење од картичката, па не знам точна цена. Во дм скоро го гледав 920 на попуст. Има некои вируси во моментов, кај матичната во понеделникот беше митинг пред ординација,жената здив не зема. Исто и од градинка ми рекоа имало многу болни деца. Мојов е болен веќе 12ти ден, се надевам ќе му помине за ден,два
Леле како 12ти ден? Симптоми кои? Ние се враќаме од државна Се сомневаат на корона од резултатите. Детето качи 39.8 и не можев веќе да го гледам во бунило. Само нека заврши, денов вечност ми трае.
Душичка изгорело од тт Зарем не може игм да му проверат преку крв за да исклучат корона? Моево цела недела беше со растечен/затнат нос, на 7ми ден крена тт до 38.2/3 и почна да кашла ,друиот ден на контрола кај матичен- свири на гради. Одма направивме брисеви,другиот ден крвна слика, се беше уредно. Го лечиме со инхалации,сега кашла повеќе и вчера исфрлаше низ нос, претпоставувам се чисти. Во средата го слушаше рече подобар е ,многу малку свири. Така да ако до понеделник не се среди кашлицата, ќе го носам пак на контрола..
Па не знам, јас дури им реков да го боцнат нешто за температурата зашто се преплашив. Ми рекоа нема боцкање, ако качи пак накај 40 ќе го хоспитализираат. За короната ми рекоа ние ако имаме симптоми да се тестираме.
Не знам и мене не ми е јасно. Сум фаќала вируси ама вака брзо качување температура немам ни слушнато. Дали дека бевме надвор, па дома го разладував со алкохол уште си стои на 38.5, не оди нагоре. Ќе видиме до кога. И електролити испи некои 30мл едвај, па ќе видиме има уште доста од ноќта. Со лесно.
Кај нас лошо, се мислев пак да го носам ама ќе не остават во болница, па реков ќе правам се што можам дома. Пак качи 40, дадов сируп и почна полека да симнува. Под 38.3 нема симнато, цело време е со температура. Почна и носот да тече прво проѕирно, сега гледам како млечно. Душата ме боли, не знам веќе како да му помогнам, памет немам.
Што вирус ќе беше. Еве го и моето,3 ден денеска,кашла како старец,кива,му тече нос,а само еден ден имаше тт до 38 . Нема на гради,нема црвено грло,а матичната му бапна Панцеф. Ова му е трето пиење антибиотик за оваа година. Како бонбони ги дава . Ама ај да не се правам сама доктор,многу ми е страв да не му се влоши за да го оставам без ништо. На 4 месеци завршивме во болница,и затоа ми е страв да експериментрам . А и никаде ли педијатрите не даваат на деца да се испита Ковид,третпат е болен,еднаш не не праша или не не прати да видиме да не е тоа .
Побрзо нека минува мајки. Деца над 5 години тестираат за преку граница, не знам дали општо важи ова. Многу било непријатно земањето брис.
Кај големава вакви беа сите вируси, со 40 тт ги поминуваше Рекорд и’ беше 5 дена со 39,7, се симнуваше само до 38,5 и никако подолу. Сируп не помагаше никаков, се измачи детето. На крај матичната ми рече со чепчиња да пробам, и одма и’ се симна. Консултирај се со вашата, според мене најефикасни се за висока тт. За жал, секој почеток во градинка е таков, едноставно тој период мора да се помине, кај некој полесно, кај некој потешко. И обавезно да го наслушува матичната, да не спушти случајно. Побрзо да помине Едитирам: најчесто децата што првпат одат во градинка фаќаат бактерии, па ако секретот од носето не е како водичка, можеби не е лошо и брис да се направи. Не сум лекар, не делам совети, чисто да ти кажам дека бактериите се многу чести и штом дете дојде за првпат во допир со истите, големи се шансите да фати некоја. И тие даваат тт.