@Sexybaby86 И јас сакав чепче да ставам и матичната истото ми го рече. Ги давам наизменично ефералган и блокмакс. Да давам чепче и блокмакс на 4 саати наизменично може? Инаку, сега почна да кашла по малку, да го носам до Јане да видиме да не е за антибиотик?
Јас откако почнав тогаш со чепчиња, веќе не давав сируп. Консултирај се со матичната, ама чепчињата се многу поефикасни и побрзо делуваат. Носи го да го слушнат за секој случај штом кашла
И чепче и сирупи и се ѓабе. И давам сируп и после 1ч наместо да падне оде нагоре. Се надевам денеска дека ќе падне 4та ден и е.
Леле ве читам и се испаничив,побрзо да минува кај сите малечки Добро од кога почнаа во градинка ли се случува ова?
Мали беше болна пред месец и нешто. Три дена со 39,5 тт. Јас само чепови ставав на 6 часа, зашто често качуваше. Матичната одма праша дали имаме ние симптоми. Немавме, инаку она праќа обавезно на тестирање за ковид. Нашата матична е озогласената др. Коиќ. Ама жената е стварно стручна. Јес да нема влакна на јазик, ама е опасен дијагностичар. Ми требаше време дур ја разберам ко личност. И се лутев во почетокот на ароганцијата, ама била секогаш во право. Сватив откако одмина време. Ова ми е од кај нејзе, убаво е да се читне.
Почна да и се враќа живоста и бојата. Крева температура ама со сируп сега брзо ја спушта. Цело време сум преку телефон со матичната.Нејзина прогноза е уште денес да има температура се надевам и јас така.
И моите деца се кај неа баш заради нејзината стручност. Понашањето не би да и го коментирам, а и верувам скроз, за секој кажан збор.
По едно чепче парацетамол од 150мг на 6 часа за дете до 12-13 кг. Ако се мисли после колку време од чепчето се дава сируп, исто после 6 часа, или најрано на 4 часа. Чепчето има побрза ресорпција и затоа се чини појако дејството, и сирупот си ја врши работата.
Вака ми објаснија мене. Ако даваш Неофен/Ибупрофен/Блокмакс наредна доза да е на 6ч, ако даваш Парацетамол или Еферглан може после 4ч. Без разлика чепче или сируп.
@Jana06 како е малиот? Јас би го однела да го слушнат. Кај мојот одма се спушти на плуќа за еден ден и одма бронхит. Ти давам препорака за Др.Искра од Ремедика, она е за болни дечиња и е специјалист педијатар-пулмолог, бронхоскопист
Го носев денеска во Јане, нема ништо на гради, само црвено грло и растечено носе. Почнавме антибиотик, се држеше 3 саати на 38, еве го сега пак 39.4.
Не направивме, ми рекоа јас и мм да се тестираме доколку ни се појават симптоми, а се сомневаат сите доктори на тоа. Не знам дали треба да изреагирам во градинката за ова, мада без тест ништо не правам.