Следи овие денови дали ќе имаш симптоми. Јас денес сум со болно грло и затнат нос. Еве 4тата ден живна веќе се намали температурата кај малата . Корона не е пошто ја имаме прележано и имаме антитела. Маж ми кажа дека на вести кажале дека има вирус сличен на Корона, ваљда ова е
И јас се пријавувам, цела недела бев со болно грло,денес имам некое чешање во усна празнина и носот ми се затнува. Да немав прележано корона ,сигурно ќе се посомневав и ќе се тестирав.
Мајки фала ви премногу за советите, не знам што би без вас Деновиве ми се низ магла, не знам кај се наоѓам од умор ама конечно е подобра ситуацијата, качува до 39 и сам ја симнува до 38. Почнав само со чепчиња над 38.5 и брзо ја спушта, носето не тече веќе толку веројатно од антибиотикот. Вирусов е чудо. @BabyT* Како сте?
Денеска е добра. Вечерта последно качи температура 38.4, мрсолите се разретчија.Конечно се наспавме после 4 дена.
Мајкички како сте, се надевам псите сте добри живи и здрави. Сум пропуштила преку 305 пораки многу муабети сте направиле ние сме супер, се гледаме по дома, беба е многу палава нека е жива и здрава, трча на секаде, на секаде се качува, ама мирна е, не е проблематична, не плаче супер ми е пу пу. пред една недела бевме на заболекар за доткаи на комтрола па и на неа и направивме контрола малку си поплача дур отвори уста ама се е супер како шо успеа да види заболекар. Горе до четворки излезени а доле до тројки. сакам да ве прашам што јадат вашите деца? Мојата одбива каши. Не сака никакви каши да јаде, сака тоа ние што јадеме . Еве сабајлево мелена плазма со млеко и банана, не сака да чуе, доткаи тостови јадеше па бараше и она, и дадов и се најаде пд тоа. Од нашите манџи сака. Што им давате за доручек и вечера а да не е каша?
@ddevojce моето е 20 месеци , за доручек овошје и давав прво , ама не ми јаде воопшто овошје ептен јагоди јадеше сега и се здосади , денес цреши касна 3-4 колку толку нешто изеде. За доручек и правам проја со спанаќ и сирње, тост или јајце со лепче пржено , или бисквити со млеко , корнфлејкс ако не ги сака со млек о иги давам така да ги грицка па потоа чаша млеко , зденки , кашкавали тоа обично за доручек. За вечера овошно кисело млеко или обично или павлака , некогаш бисквити со млеко или салата. Μене ми е мака што јаде се освен овошје , затоа и има проблеми со какањето. Ни сокови не пие , барем тоа да сакаше , се плука што е овошно
Јас сокови воопшто не сум дала, сега планирам цедени да и давам. Млечнитебаш не ги сака. Млеко со бисквити или плазма, мусли неколку лажички интоа е. Кисело млекце со лепле исто, павлака исто. А дај и само лепче ќе јаде. Сакав да те (ве) прашам како правите пржено лепче? Со зејтин го пржете, на путер да биде убаво испржено? Јас го пржам со зејтин ама се цади на кујнска хратија и големата јаде, за малото не сум дала уште.
За доручек јајце пржено; или мафин со компир, спанаќ и јајце; компир и блитва и јогурт мн го јаде; патлиџан и моцарела со оригано запечени и лепче; макарони со пармезан За вечера скоро секогаш ми е житарки варени со млеко и разни додатоци :/ веќе немам енергија ни инспирација
А зошто не даваш од вашата храна? За доручек и вечера можеш јајце, мафини, тост, вафли, салати, овошје, зелечук, лепче со павлака...
Денес станав и му направив на синко омлет со банана. Не знам ни дали е омлет, едно јајце матено и 1 банана згмечена, испржено во тавче за палачинки, ама и во секое друго ке се испржи. Не сакаше ни да проба. На крај јас си го изедов. Маж вели уште две 5ки пробиени. Ама да видам и ке кажам точно ли е.
Моево има годинка и скоро месец. На главчето од поодамна му забепежувам како жолти корупки, ама не се баш корупки, како затестено е некако (особено околу фонтанелата). Дали знаете како да истретирам, со што да измијам? Го капам со хип купка/шампон
@lavinija28 Тоа ти е теменица. Нормално е да ја имаат. Во Зегин ќе побараш на Frezyderm масло за теменица. Половина час пред бањање ќе го намачкаш, и тоа ќе се одлепи. Со чешелче ќе го поминеш. Не греби само. Со две мачкања ќе се изгуби. @MilaSs12 Не збори за нејадење. Деновиве живее од неколку залчиња. Ручек и вечера јок. Смоки гнете. Денес и правев мафини од овесни и чајна. Толку беа вкусни, лудница. Нејќеше да погледне. На крај и пикнав со сила. Кога рече плаче. Со мрсули и крокодилски солзи. Пола саат се трескаше од земја. Тројките долни пре-потечени. Едит : Го земав садоперот од Џамбо. Ќе видиме утре. Во Џамбо ја има играчка со фаќање риби. Онаа од наше детство. Кој ја имаше спомнато. Само е многу поголема. Ептен е убава.
Здраво мајки, Сакам да преминам од аптамил на тетрапак (11++м). Аптамил пие од првиот ден, мислам дека можам да преминам на тетрапак.. Кое млеко ми го препорачувате и со колкава масленост? И дали на почеток да го разредувам со вода и колкав сооднос треба?
Има различни мислења. Јас следам една советничка за доењето, кај нас во Чешка и докторите препорачуваат да ја читаме неа. Се што пишува е со библиографија. Таа препорачува по годината, да се пие свежо млеко (не тетрапак/трајно млеко). Ние сме 14 месеци, сега сум во мкд и давам битолско свежо (пакувањето е како тетрапак). Пие или една чашичка или ниедна, најчесто не пие, туку само за житни кашички и за пудинг го користам. Советничката за доењето пишува дека околу 2 чаши е доволно после годината, не треба повеќе да се дава
Јас би рекла само кашите да му ги правиш со кравјо по година ако веќе сакаш да даваш, а инаку да си продолжиш со формула. Сигурно веќе не пие многу млеко и пола кутија фрлаш, па ако од финансиски причини сакаш да смениш бејби лав и Холе се поевтини верзии и кутиите се поделени внатре, ќе траат 6 недели. Инаку, мислам се разредува 1:3.
Пие сеуште многу млеко... Во 6ч, во 12ч, во 17ч, во 22ч и ноќно време станува за млеко околу 2/3ч.. (имаме исто три цврсти оброци, поручек 09ч, ручек 15ч, вечера 19:30ч) заспива во 22ч со млеко. Не само од финансиски причини, тука кој и да му кажам дека сеуште и давам формула ми викаат каква формула доста и е можеш тетрапак да даваш, па дури и една роднина ми вика аа вие имате од фазла пари затоа формула и даваш... Затоа тука помислив да прашам да не нешто јас грешам Али пошто пие млеко многу и брзо ја трошам кутијата, и од финансиски причини би сакала да сменам, затоа прашувам која опција ми е најдобра Ви благодарам на одговорите мајки
Колку мл пие Аптамил? Тројка даваш? Јас преминав на тројката, но пие наутро 150 и пред спиење 180, а за вечера со житарки давам. Млекото околу 11 што му беше го заменав со ужинка. Едното млеко можеш веќе со ужина да го замениш. Велат дека после годината до 500 мл им е потребно.