Има од Фризидерм,а можеш и било какво масло за тело можеш да му капнеш на главчето, да отстои 45мин изчешлај нежно и бањај. Повтори неколку пати и ќе паднат. Со здравје да се служите, јас со радост отидов во Џамбо за мм да ми каже дека тоа е женска играчка Он ми покажува војници со тенк,јас него садопер и на крај му купивме капче со мики маус Ама му реков,штом му даде некој пари на детето одма одам по садопер,па колку сака нека е женска игрчка Мојов е во некоја фаза, се вози во количка,скока да го извадам,ќе го извадам ќе пооди 2мин и ми доаѓа во раце да го носам...се надевам фаза е? Денес бевме во аутлетот во Ваикики,збесна дете да стане, го извадиме,па лога фати да трча по закачалките, ми чита етикети вика осум динари Сабајле бевме на излет во еден манастир. Имаше таму детенце скоро колку него. Имаше дел со камчиња и песок. И бидејќи секаде си ги носиме со нас ги извадивме тракторчињата и лопатките. Детево мое не ги погледна. Баткото си игра,овој ќе му текне едно време ќе оди ќе му го грабне од рака и вика (неговото име) "станко!" -ко демек мое е . После се грабнаа за една топка што беше на трето дете,со таткото на другото им кажуваме да си подаваат,ни едниов ни другиов не сака да подаде. Па дојде уште едно дете,зима од нашите играчки,остава негова,па мојов ја зима неговата. Туѓото секогаш е послатко Кога почнуваат да си играат со други деца? После дојде една дадичка 7-8год, му збори нешто,чучна до неа, си игра става камчиња...секогаш му се поинтерсни поголемите деца, макар само да ги гледа... Сакав уште нешто да пишам,ми летна мислата. Добра ноќ мајки
Заспа. Го ставив во кревет. Се разбуди за 20 секунди. Тате. Буден беше повеќе од 1 час. Заспа пак. Отидов во веце, а татко му до него. Викна МАМА. Спие и отвара очи да провери тука ли сум. Скок не е. Регресија? Не е. Промена на рутина не. 5ки? Оу да. Separation anxiety е премногу изразена. Ги бара сите, тато баба деде ама моментално мама е мама. Пред веце ме чека. Со мене влезе да се бања додека се бањав јас а ме чекаа пред туш кабина која е проѕирна. Се делиме по потреба на најмбогу 1 час. Се помалку сум за второ.
Ауууу женска играчка. И мм беше скептичен за ова, ама денес се премисли. Ја снимав. Таква реакција на ништо не направила досега. Цел саат си играше, ем се ладеше. Околу ова за играње. Денес си бевме во парк. Дете си играше со татко и фудбал. Бдв, одлично води топка со нога и фаќа кога и подаваш. Имаше и други деца, ама не ги фермаше.И, се појави едно девојче може месец - два постаро. Тоа на друг крај на игралиште. Ама мене ми привлече внимание со понашањето, и му искоментирав на мм "Близначка на Андреа" По некое време се сретнаа. Ја зема топката и почнаа да си играат. Сма тоа кашлаше, и татко и ја зема да си одат. Еее, кога рикна моето да плаче, да се мава по глава. Да оди по детето. Не ми се веруваше. Одвај се смири. Малата на девер ми живее во ист двор. Нејзе несака да ја види. Ја бутка цело време и не ја игра. Муабетот ми е, децава чуствуваат. Знаат со кого сакаат, а со кого не. Затоа со некого делат, а со некого не.
Добра си ти,мене секое одење во вц ми е со друштво На раат само кога е во градинка ,а јас ќе дојдам порано од работа. До кола да излезам да земам нешто,или ѓубре до контејнер да фрлам,ме чека на прозор со татко му и одма трча накај влезна врата. Еднаш се занесе во игра,јас седната на фотеља ,муабетевме со мм и престанавме. Он си помисли излегов,трк накај врата мамо каде си? Хахаха Ова со барање сите да се тука кога ќе спие се случува и со внука ми 2г. Ја бар мајка ми,не само за спиење туку и веднаш штом ќе отвори очи. Пред некој ден решила ќе спие кај баба. Не оди во градинка и нема ред за спиење,ги фатило скоро 12 додека се убедиле да спијат. Па снемало струја и оп каде е мама па ајде дедо палел кола, на полноќ дома ја носел пепелашка
Си имам и за одење во веце друштво понекогаш. Пепелашка вели, имало и позабавни од нас. Јас се делам кога ептен мора а инаку фластерче ми е.
Софи, токму ова е фаза што нашиве деца ја одминаа. Баш педијатарката ми го искоментира ова на последната контрола. Дека поради карантинот и држењето дистанца од други, немале шанса да се љубопитни за туѓото. Кога треба да се караат за играчки со други деца, да го посакуваат туѓото, а љубоморно да го чуваат своето, при тоа да не се доволно созреани да сфатат дека треба да делат. Фаза од здрав развој е што ги одмина. Мојава трчаше по туѓи топки, ама не е тоа тоа. Еднаш само во парк, дојде детенце со синтисајзер нему му се закачи и немаше спас. Тоа поголемко сигурно имаше над 5 години, мајка му додуша му велеше да го даде малку на бебето, овој нејќе за жива глава, мојава до него вреска по синтисајзерот, маж ми се моли со неа и се препотува од срам, јас од страна гледам, пијам кафе и се газам од смеење. Нашиве ете, тек допрва ќе ја поминуваат оваа фаза, и можеби и поинтензивно ќе биде зошто ќе се поголемки. Иначе секогаш ќе им бидат поинтересни поголемите деца, до многу многу подоцна. Од нив повеќе учат, зошто тие и знаат повеќе, па им се и поголем стимул. После 3тата година ќе почнат повеќе да се дружат со други. Многу се радувам што секој 2 ден вади нов збор. Со оглед на нејзината ситуација ова го очекував многу подоцна. Малку притисок ми беше и тоа што детето од девер ми до 3 години само мумлаше неразбирливо, па се плашев и од гените. Ај валда мојава повеќе од мене зела.
Мм - модификувано мислев Тетрапак не, ама јас сметам дека свежо кравјо е подобро од модификувано. Според тоа што имам читано, и извори на кои верувам. Секако не повеќе од две чаши дневно.
Мојата е помала 16 м има ама приметив дека се и се постарите поинтересни... Со нејзините врснички мирна е ама не се игра а со батко еден на пријателка што има 3 ипол години толку е заиграна кога се кај нас да тоа е чудо едно....
Искрено баш пред некој ден му коментирав на мм.... Кога не направивме второ додека бевме во бунило дека е преслатко бебенце негде до кј 7ми 8ми месец сега како расте се повеке викам со едно побудалуваш 2 на слична возраст ке завршиш во лудница.... Сега почнувам да ги разбирам моите другарки зошто немаа одма второ
Ова им се има десено на моите со мене... Случајот пепелашка А за одење во вц со придружба секако.... Ама кај нас е пошто сум сама од 8 до 16 со неа немам каде на безбедно да ја оставам... А кога е тато тука може да седи со него
Кејф ми е да ве читам, со бисериве детски баш се расположувам Од вчера малиов почна да се присмева на глас без потреба, така си седи и се смее како да паѓа од смеење Нè гледа и на глас се смее. За внимание е?
Синко 3 месеци имаше грчеви, потоа скокови заби нејадење. Откако е роден ни е напорно. Кога ке научат нешто, потоа само тоа прават. Сега знае дека може да се смее на глас и ви покажува дека знае.
Се смееше и претходно така, но кога јас и мм се смеевме, па како да разбрал, се смееше и тој на глас. Ама сега така од нигде никаде ќе си почне да се смее на глас. Ќе се доближи накај нас поблиску и упорно се смее. Си реков да прашам, почнав да се секирам
Истиииот ние ќе се замуабетиме и ќе се смееме, тој све не пратит и ќе се смее со нас мислиш разбрал, сега и без причина си се смее со гласови
Само белко се гледа не ни грепкаат а ужасно болно писка навечер, раат нема од забиве. Иначе капак на забиве има настинка и раскенкана е многу затоа бара да спие врз мене. Е сега преку ден немаме некоја мака да сака да ми е во раце стандард идење по мене постојано ама надвор нема гајле одма се пушта во акција. Сите сакаат поголеми деца, секогаш најмалото и најголемото си играат најубаво. А шо е со машки/женски играчки? Сериозно гледате така, малата има дома од коли, штрафови, бормашини до бебиња кукли, никогаш не сме правеле поделба ке си игра со шо сака.
Не делам на женско/машки играчки, имаме и бебиња куклиња, ниту пак гледам на бои и дезени, чорапчиња со мина, со цвеќенца, последно му зедов со јаготки, блузенца бордо, црвено, маички розеви, па дека е и плав многу убаво му стојат, или пуста желба за женско не знам