Истовремено најтрапаво,паѓа на сите страни му викам шутко еден до кога ќе паѓаш! Се врти се смее ми вика сутко
Препорачано и од нас! Вчера два пати си играше по 30-40мин. И мајка ми беше малку изненадена, како, Кој му ја купи оваа играчка, порано на женски се купуваа вакви работи, ама се посмеавме и толку беше. И денес се изнаигра, збесна дури, ама ајде и онака е жешко нека се разладува. Бевме на редовната контрола 18м, 90цм со 16.5кг, вика докторката повеќе спорт. Не знам како да го изведам, на жешково цел ден му се фаќа саат и пол максимум надвор, и тоа не е баш нон стоп во трчање, мада он и дома не застанува, затоа не знам што повеќе да преземам. Да го носам на пливање? Прими денес ММР втора доза, а јас мајката на векот тотално изумив и го истуширав, па и со водата си играше преку ден... Се надевам ништо нема да му биде, каков идиот сум значи. Почна да се фрла на кревет онака да паѓа како даска. И најсмешно му е на свет, осеќам ќе има плачки кај и да е. И од седечка положба се фрла наназад. Фаза е нели? Инаку наидов на нешто за што се случува после скоковите, ако имате време за читање еве линк https://theobservantmom.com/wp-content/uploads/2020/07/FREE-Toddler-Printout.pdf
@Yowannty и моево не јаде како што треба , одбива некои јадења што ги јадеше порано а и што викаш јаде количински помалку. Дали од тоа дека се сточли времево па не и се јаде толку , не знам. И овие денови спие немирно цела ноќ се вртине мава со раце со нозе , исто помеѓу нас спие..
Доброо утроо, се мислев дали да се пофалам ама тетки Феминки немат да не урочат Луѓе јас и маж ми сме прееепоороодееениии!! 3 ноќи преспани без ни едно будење и тоа во креветче, што и текна не знам, битно летамее. Е сега, до сега спиеше до 8 и пол-9 со станување, со цицање, ние здрвени на ќош од кревет, а овие 3 дена станува 6 и пол ама пак не станува ни секунд. Како што растеше така кратеше дневни дремки, па после годината сама си ја исфрли втората т.е предпоследната. Научена да заспива во количка, така јас секој ден пешачам и седнувам пијам кафе додека она спие, стунава и парк амаа пошо стана жешко почнавме дома да заспива, бидејќи не сакаше без мене да спие затоа и ја научив в количка, како така наеднаш и се заарни преку ден да спие во креветче немам појма, јасс презадоволна, у вис нозе, серија и кафенце. Пред овие 3 вечери имавме некој плачки безвезе навечер, вознемиреност, како се смена не ми е јасно. Се надевам не е период туку ќе тераме вака. Сега сме на кафе додека не фатило жештини, она нана, па ќе имаме пак втора дремка кун 2. Искрено мене ми одговара, само да спиеме на вечер како луѓе оти ќе ми го премисли маж ми да имаме само 2 деца, наместо 4 А со јадењето.. пак сме на 5 лажици и тоа некогаш сака солено, некогаш сме доручек ручек вечера само банана. Поздрав и убав деен од среќна мама и умна (за спиење) Нина.
@Bubish26 кај нас е обратно. Проблем е само тој прв час откако ке заспие, пошто може да стане и ете ти хаос. Ама ако заспие нема будење или има за циц пауза, што мене не ми е проблем. Нас не премислува додека е буден што не запира. Со јадењето исто, овие три дена јаде по 5 залчиња од се. Најмногу кикиритки.
Добро јас се пофалив за спиењето ама преку ден е така, посебно маж ми кога ќе влезе во дневна оти работи од дома, се крие од неа. Има пауза и ако се појави толку е, не го остава ни секунд, в раце кај него и само посматка ако не ја држи каде е, кога ќе замине е трескање од земја. Па се договоривме да му туркам храна скришно како затвореник.
Му го прочитав муаветов на мм, вика да беее си ја наредиле тие И малиов се треска по мм, и тоа да седи на земја со него додека си игра. Ако проба на гарнитура да седне, одма вреска, а да не зборам ако сака да се оддалечи А јас кога сум сама со него, си игра сам, мирен е. Ќе закенка, ама не е страшно. Ако седам во негова близина, залепен до мене игра. Бубиш, сум пишувала и порано, малиов од спиење на цицка и јас да дремам до него по цел ден се одвикна само две недели што шетавме нон стоп или во кола или со количка. Така ќе цицаше и ќе заспиеше без мене. Оттогаш во креветче сам заспива и дење и ноќе, од 6 месеци.
Леле со маживе ме изнасмеавте ама па мука е шта речи Браво @Bubish26 за твоја Нина ми давсш надеж дека можеби и кај нас тоа следи пошто сме тука негде со мислам ист месец Мојата спие не е да се жалам од 20 20и 30 до кај 6 и30 7 ама со 2 циц паузи и некои вечери од како ке ја префрлам кај нас накај 5 џа втората циц пауза не шутира мама ни е..ва и само се врти и трти не може да си најде место среќа не е секоја вечер таква Инаку за сандали само ipanema ли има затворени напред и каков е спрема reebok калапот нивни има некон спиредено?
Хаха мм си знае колку му е наредено мене не ме замара толку, иначе Нина во количка спие од 5 месеци и уште е така ама на вечер не изненадиии. А за редови ставање кој кај да седе не ми збори, в чош ме тера да стојам некогаш. Туку дење со тамтрумите е неподнослива, ај што е преактивна, бесно, своеглаво туку сега се пуштени на најјако. Се треска од земја за ништоо, читам јас пишува да не се збори, да го оставиш да се издува, некаде пишува да му збориш тивко дека го разбираш.. нит разбира дека ја разбирам, нит можам да ја остаам така главата да си ја лупа. Ептен лично почнав да си го сваќам ова, оти се трудам околу неа да и посветам максимално време, сњкогаш сум тивка и објаснувам 1000 пати и паак да не и е погодено. Порано од постариве слушам, ниеден од нас немам тантруми, каде ли е грешката не знам. Дајте совет луѓе, Нина е 16 месеци и не разбира толку за да ја седнам и да и објаснам или да ја фатам на финта со бирање на работи, па да си мисли дека она ме победила. @*malenavolena*87 има сандалчиња затворени и на адидас, јас сега едни и зедов Окаиди супер и се, а други има заподотерана од Кеги.
Да ја оставиш да, ама под надзор да не се повреди. Седни до нејзе, гушни ја силно. Зборувај и ти, ама исто како и човекот. Кога ќе си исфрустирана од нешто, и пиздиш. Несакаш никој да ти збори нели
И јас да се пофалам. * фаќам бело господово да не не фати зарек последниве недела дена спие и не не клоца, не се буди и не прави салта. Мирен е. Ви посакувам на сите исто ,колку ќе трае толку ,малку барем да поспиеме раат Од јадење скоро исто е се. Ни се зголеми изборот само малку а сеуште јадиме како врапче и со молење. Купив и јас од тоа fidget toy добар е се занимава. Мијалник планирам да купам јуни уште малку да се стопли зашто знам нема да можам да го извадам од вода. Обожава. Пишав пред месец дена можеби ќе се сетите повеќето дека му се перути кожата. Сега повторно истиот проблем. До витамини не е му давам и молерс и флорадикс. Чешање и црвенило нема ,само му се перути на грбчето и стомачето. Дури има и малечки љушпички кога го соблекувам на алиштата. Ми предлагавте некој креми. Што е најдобро за ова ситуација ? Не е битна цената, од педијатарот не сум задоволна. Ве гушкам ,со вас сум во се ќе се вклучам во програма повторно кога психички ке сум по способна
Си била на бајачка ти Дај контакт Кремата на Биодерма само. За атопична кожа. Од зегин е најевтина, 1250 ти е 500мл.
Јас планирам Биодерма да ја пробам, од Мустела не гледам некој резултат. Инаку атопичниот дерматит на син ми е од што го видела нечиста жена АМА кога бил мал и сега му изби после година. Аххххх колку не ми фали свекрвица со бисериве . Мое бебе не спие навечер, последнава недела се дешава да е буден по саат и јаче.. немам поима што му е сега, тројки може. И го гледам сака на мојава перница да легнува, каква да му земам? Инаку викендов бевме на прошетка надвор од Скопје, само да не е дома и е совршено дете. Си игра,трчка, нана во кола. Ма мераци. Летово не знам што ќе се прави дома затворени траскање на најјако
Потврдувам за Биодермата, веќе еден месец и двете ја користиме, фатив акција заедно со гелот за туширање. Има подобрување на кожата. Инаку садоперот ни е хит, алал парите одвај се прибравме од тераса
Хехеее колку е внимателна Иначе играчкава освен во Јамбо каде би можела да се најде? Дали во обичните продавници за играчки ја има?