Со перницата е фаза. И мојата така ја бараше па одма и купив и за џабе. Еве 2.5г е не спие на неа, си спие на рамно.
@srekice ќе земам баш од биодермата да видиме. П.с неможам да ти дадам контакт од бајачката , нема да фати така... сори..
Ах тие бабини деветини Биодерма ти е супер. И ние сме со атопичен дерматит. Биодерма се покажа најдобро. На перница и мојата се качуваше. Купив трослојна од дормео, ама не сака да спие. Пак е на рамно. Било фаза само. Имакуууу... Садоперот го одигра веќе. 5 минути и толку бе @NewMama Јас се смеам, ама свеки другото внуче редовно си го носи на бајач. И детено е стварно бајче кај го остават, таму го наоѓаат.
Ист е и мојов,ако не го извадиме макар на 30мин во денот низ населба, ќе збесне дома. Додека беше поладно после градинка го шетав,сега право дома па накај 18 шетаме..е не знам што ќе биде кога ќе фатат жештиниве,а он ќе треба до 22 да е во кревет... Инаку кај шетавте? Јас само барам места за излет,ми се допадна во Кучково кај крстот, бевме и во св.Никита,ама некако тесно ми изгледа,немаше кај да се растрча. Да ти го купам на старо садоперот? Вие се жалите за неспиење. Мојов ми враќа за неспиењето додека цицаше,мирно си ја спие секоја ноќ. Некогаш ќе поцифка,ќе побара цуца,или ќе ми дојде врз мене,па го пикам до мене (споени ни се спалната и креветчето). Ама проблем со нејадење периодов. Ај ќе препишеме на тројките. Толку да е ограничен,да не сака нови јадења...јас не знам кога ќе проба. Макарони му немав дадено од 9-10м. Викам ај да пробам пред некој ден, и тоа ми беа план б ако не го јадеше нашиот ручек-њоки во бел сос (а ова имавме за нг спремено и тогаш јадеше). Пробувам њоки,две три и не сака. Пробувам макарони (со брокула,павлака и морков) две- три касна и кога фати да ми ја бутка раката ,да се дере Убаво си јадеше и ужинки и грицки и главни оброци,таман го пофалив на татко му, почна да ми јаде по 20- 30гр на оброк. Готви и фрлај. Многу се нервирам. Па уште ако треба триста циркузи да направам за да проба едно лажиче...пиздам. Пред секој оброк си викам господе дај ми трпение. Мм ми вика не се нервирај ако не јаде ручек ќе јаде вечера. Ете јадел банана,каснал соленка,смоки...ама јас не можам да го прифатам тоа се додека не касне од оброкот.
Исто. Уште што не палам кандилце, и овде зејтин не се носи у црква иначе ќе почнев и тоа. Толку е. 20-30 гр цел месец, намали иначе од 70-80гр. претходно. Ама овошје и зеленчук многу јаде. Цедени домашни сокови и последно време пуштив душа па и давам и грицки. Е благо сака да јаде, тоа мислам би јадела и количински многу, ама не давам често. Мојава иначе уште е дали ќе и се допадне на изглед јадењето, иначе уста не отвара. Еве денеска боранија. Гледа чинија и вришти. Така уз негодување и вриштење, користам ситуација на отворена уста, да и пикнам лажичка. Па се смири, и се слади, касна уште 3-4 пати и толку беше. Дали некој бил во Дизниленд со дете да сподели искуство? Или сега се уште мали да би разбрале нешто?
леле... И ние сме такви. Не беше таков претходно ама сега да го види да го допре нештото до уста па да се помисли дали ќе касне или не. Манџи одамна немам правено. И претходно пред околу месец и повеќе прашував тука дали ако не јаде од ручекот давате друго во замена или чекате подоцна да се обидете пак. Не беше пребирлив ама не знам овој период навистина ми е мачно
Единствено нешто од кое не се жалам е јадењето,одличен јадач е. Брокула, боранија, месо... Све јади. Благо и сок нема пробано и не давам додека можам, знае да касне бисквитка, солени стапчиња, смоки и чат пат некоја друга грицка. Може не спие ама јади
Комлекс Бела Вода бевме, после Берово. Ептен убаво место, ама за еднодневна прошетка многу далеку, возење до бескрај
Moето е 16 месеци влезе во некоја фаза кога премногу плаче кога ќе заминам од него. Тргна во градинка се прилагоди и 2-3 месеци беше се без проблем од оваа недела на оставање ( јас го оставам) штом ја отвориме вратата на занималната тој премногу плаче. Да се тешам дека е период дека ќе помине или да правиме напори друг да го остава во градинка. На секое оставање кога почнува да плаче сто пати се преиспитувам дали не направив грешка што го пуштив толку мал во градинка , најмал е таму.
Ти кај по цела година на море, сега и Дизниленд... Сакаш ли да ме пукнеш од љубомора? И јас размислував на тема Дизниленд инаку ама се мислам дека уште се мали. Мојов бар уште не ги знае ликовите од цртаните за поголеми. Само Мики Маус. Гледам по видеа дека носат и на оваа возраст деца ама си мислам тоа се луѓе што идат нон стоп и не им е проблем ако баш тој пат не им се погоди Едит: Google вика дека best age e 3+
Ќе неможат мајките на раат да си уживаат во Дизниленд Јас во Зоо некни ми збоктиса, ништо не ја интересира. А камоли некаде на друго место
Ја ич не би отишла да е до мене. Ја би да ме остаат Сен Тропе да се чварам на некој камен, а тие нек одат кај сакаат. Маж ми ја има отворено темата Дизниленд уште дур бев трудна. Ама дефинитивно рано е. Ништо нема да знае, ништо нема да памти, а и како што викаш, тоа би било one time experience. Иначе ја сака Мини не знам зошто, не знам како. Сем што има една мала Мини од лани, ниту цртан гледала, нит ја видела негде другде. Еве во Џамбо утрово, на поминување грабна една мини и не ја пушти. Со гушкање, со бацување, со вируси и со бактерии ма со све. Еве уште се чудам што се деси. Ја купив. Седиме на кафе со Мини гушната меѓу нас. Гарант дома ќе ја фрли. Фали се како оди работата со бајкот, дал да купувам конечно?
@Yowannty ме изнасмеа со Мини и мојава многу ја сака. Што и немам купено веќе со Мини облека , па дури и точачето што го наследи од големата ќерка е со Мини и не сака да стане од него кога ја возам. Мини ја вика Мими за Дизниленд мислам рано е , аму тек после 3 ,вака сега разбираат нешто ама не е тоа тоа. Некој спомна ЗОО , ја носев пред некоја недела кога бевме во Мк , ги гледаше живтоните се смееше , повторуваше п омене што ќе кажев , и потоа по некое време и се здосади па среќа количката ја носев со мене ,ја ставив внатре и заспа. Инаку до пола пат , ќе требаше да си одиме
@Yowannty мислам да земеш бајк. Мојов почна да го бутка полека. Е сеа и паѓа ама тоа е дел од процесот ваљда Не очекувај одма да шиба со нозе у вис секако Прво го буткаше само прекачен напред пред седиштето, сега се апдејтираше и го бутка седнат на седиште како што треба. Значи тргна работата Зимај